Веронаука во училиштата?

  • Креатор на темата Креатор на темата Setsuko
  • Време на започнување Време на започнување

Веронаука во училиштата?

  • да

    Гласови: 74 34,1%
  • не

    Гласови: 143 65,9%

  • Вкупно гласачи
    217
SLaCk напиша:
Очигледно комунистичкото бреме на нашите родители оставило траги. јас сум ЗА воведување на веронаука како факултативен предмет. Значи не да се додаваат некои предмети туку неколку предмети да се направат факултативни и изборни. Добро би било да кажат колку од тие што се против се воопшто крстени...

Немам ништо против религијата, ама зошто би не мачеле со плус уште еден предмет?
Кога ќе почнеме од најпростото, еве на пример сеуште биологија и историја се учи дека човекот настанал од мајмун, а верата не учи дека човекот е направен од Господ, дека првите луѓе биле Адам и Ева?
Кому да веруваме?
Значи професорот по веронаука би не учел по неговата програма, а историја и биологија би останал истиот материјал.
Малце е нелогично тоа :lud:
 
Па не знам колку си информирана но тоа за Чарлс Дарвин е ТЕОРИЈА. Во сојузната држава Канзас во САД се учат верзијата од Библијата и верзијата од Дарвин а секој си го прифаќа тоа што му изгледа поприфатливо. А за историјата да не правам муабет. За Античка Македонија нема доволно лекции и за многу други важни случки од македонската историја се испуштени што ради соживот што ради тоа да не ги навредиме комшиите. И реков не да биде дополнителен на веќе постоечките туку да се воведе овој како факутлативен и дел од постоечките предмети да се направат факултативни па да се избира.
 
Веќе и Дарвиновата теорија е негирана.
И во право си секој си го прифаќа тоа како што му изгледа прифатливо. Ама тоа веќе е друга тема.
Ако го стават како факултативен предмет и само 3 - 4 ученика го изберат предметот не би имал преспектива, сакам да кажам ако нема интерес џабе е да се воведе.
Впрочем затоа ја ставив анкетата, да видам колкав е интересот :wink:
 
Да добро во ред. Според мене треба да се поддржи предлогот за факултативен предмет веронаука и да се финансира. Но има една друга интересна работа. За догодина има најава за воведување албански јазик како факултативен и за тоа немаше никакви реакции, а за веронаука се дига галама. Внимавајте процесот на асимилација и однародување на Македонците е почнат дали ќе дозволиме да продолжи зависи од сите нас...
 
SLaCk напиша:
Очигледно комунистичкото бреме на нашите родители оставило траги. јас сум ЗА воведување на веронаука како факултативен предмет. Значи не да се додаваат некои предмети туку неколку предмети да се направат факултативни и изборни. Добро би било да кажат колку од тие што се против се воопшто крстени...
Еве јас.
Не само што сум крстен него сум пораснат во семејство во кое Православната вера била присутна во времето на најголемиот социјализам многу повеќе и од некои верски лица, едноставно секој ден растев со неа и имав допир. Библијата ја гледав на слики до 6 горини а тогаш почнав да ја читам како што научив да читам така и почнав.
 
SLaCk напиша:
Па не знам колку си информирана но тоа за Чарлс Дарвин е ТЕОРИЈА. ......
Аман па ти, па.
А што е библиското учење, методолошки издржан научен систем?:nesvest:
 
Исклучоци има секогаш -). И Библиското учење е теорија па сега кој сака нека верува -)
 
SLaCk напиша:
Исклучоци има секогаш -). И Библиското учење е теорија па сега кој сака нека верува -)
teorija kako materjal za citanje da inaku ako mislis na Teorija kako nesto sto e dokazano i objasneto,potkrepeno so fakti???????
 
Јаков а ај кажи што е па толку веројатно на пример во биг-бенг теоријата за настанок на земјата? базирано е на полувистини скоро фантастична е приказната...ама ај да не ја шириме. Јас сум ЗА веронаука -)
 
Нормално ДА...само како факултативен предмет.Можеби кога децата уште од мали би учеле за некои вредности во школо не би имало волку идиотштина...дефинитивно ЗА.
 
Jakov напиша:
Апсолутно непотребен предмет кој само ќе претставува товар.
Прво мал број ќе го посетуваат, второ нема никаква потреба за такво нешто. Има Етика има граѓанско образование има Историја има предметни активности има Социологија и што се нема. Треба само да се изготви правилна и јасна наставна програма за овие предмети и во рамките на еден од нив да се воведат тематски целини за религијата. А оној кој сака повеќе, секогаш постојат литератури, библиотеки и други можности да се образува и на тоа поле.
Плус тоа сеуште не е јасно кој би ја предавал. Ако се дозволи да влезат верски лица во школите тоа ќе биде најголемата глупост воопшто, ако пак им се даде на граѓански образувани лица тоа нема да биде веронаука него ќе биде образование за религиите што пак е многу поблиску до Социологија и сл.
Дефинитивно НЕ.

Бесполезен предмет, товар на децата, 21-ви век сме да му се сневиди. Не е ли подобро да ги учиме нешто во склоп со времето отколку катихетизам.
 
Dani^^^ напиша:
Нормално ДА...само како факултативен предмет.Можеби кога децата уште од мали би учеле за некои вредности во школо не би имало волку идиотштина...дефинитивно ЗА.

Етика злато, етика, не веронаука, ЕТИКА за болдираното!!
 
Вака сега. Има две битни работи. Првата е онаа која ја застапуваат учениците. Најголем дел од нив не сакаат веронаука од многу практична причина. Не им се учи и не им се седи два часа неделно во школо. Еден помал дел од учениците не/ја сакаат зашто не/ги интересира. И тоа е ОК според мене. Арно ама, дали ќе има веронаука или не во школо не решаваат тие него решаваат неколку дибеци кои појма немаат од современиот свет и неговиот развој.
И они со цел да задовлат некакви партиско-верски релации пристапуваат на реализација на даденото ветување.
Арно ама сваќаат нешто многу просто кое кога ветувале не им текнало.
Каков концепт на веронаука ќе спроведат.
Ќе се учи што?
Ќе се учи според Светото писмо т.е Куранот. Ако е така тогаш тоа треба да го предаваат образувани теолози-верски лица. Тоа е класично верско учење и е спротивно на Уставот кој вели дека Верата е одвоена од Државата. Образовниот систем е под државна капа значи тоаквиот концепт е против законски.
Втората опција е да се изуцуваат религиите но од така да кажам граѓански аспект. Потекло, развој, морален систем дрн дрн...тоа може да го предава секој социолог или слично. Арно ама која е поентата на нов предмет кога тоа може да влезе у некој од веќе постојните.
Плус тоа, Црквата и ИВЗ таквиот систем не го прифаќаат. Они сакаат да влезат преку свои лица-попови ем оџи у школите и на тој начин да регрутират нови верници, со време.
Значи не е толку битно дали ќе има или не. Ако го има да знаеме зошто го има тој предмет и кој е повратниот ефект од тоа. Ако го нема да знаеме зошто го нема, за да неможе секој ден да ни труби некој буљо дека само Албанија и Македонија во Европа немале веронаука. Па што ако немале голема работа. Многу работи немаме па никому ништо.
Офф...за Биг бенот на Слак...Не е работата во веројатноста работата е во емпиријата. Ама тоа не е за овде за тој муабет треба дасе качиме горе на Религија и Филозофија. :)
 
е да се изуцуваат религиите но од така да кажам граѓански аспект. Потекло, развој, морален систем дрн дрн...тоа може да го предава секој социолог или слично
- Filosofija na religija se veli toa.
 
Знам како се вели ама незнам за другите дали знаат па малку описно не е лошо....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom