Верени и разделени

  • Креатор на темата Креатор на темата Gamata
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
9 октомври 2012
Мислења
2
Поени од реакции
0
Возраст
42
Јас лично мислам дека секој човек може да згреши...не би осудил никого... а за џабе не велат дека веридбата е пробен брак нели?...сакам ваше мислење за мојава дискусија....
 
Каква врска има дали некој бил некогаш верен, а сега веќе не? Па и да бил во брак, а сега не е...Чудо големо...21ви век сме...Додека се сакаш со некого, биди со тој. Ако поради х причини не ви оди, ќе се разделите и готово...Зошто да гледам некого поинаку поради неговиот љубовен живот? Ако треба по тој принцип да ги делиме луѓето, не знам кај ќе ни биде крајот...
 
Значи во дебата сум со мои блиски, велат дека лугето кои предходно биле верени па по некоја случајност се разделиле, треба да имаме предрасуди према нив! Дали треба да го смениме мислењето како личности за нив, какво мислење имате вие за нив?
 
значи во дебата сум со мои блиски, велат дека лугето кои предходно биле верени па по некоја случајност се разделиле, треба да имаме предрасуди према нив! дали треба д го смениме мисленјето како личности за нив, какво мисленје имате вие за нив?
Да бе има разлика ама нема потреба од предрасуди.
Девојките што биле верени а сега се слободни, ти се како половна кола, и нејзината намалена вредност треба да се компензира со поголем мираз. Тие што не биле верени ти се нови модели и нивната вредност зависи само од нивниот квалитет.
Кај машките е обратно.




:facepalm: Дете, дали сваќаш каква глупост прашуваш???
 
А не! Никако!
верена е ко разведена, а тие рековме на друга тема дека се за на клада!

П.С. Она сериоуз ноут: нема никаква врска. Та не сме сите во деветнајсте век, та не сме сите таму, ами сме сите тука, во двајпрвиот!
 
Значи во дебата сум со мои блиски, велат дека лугето кои предходно биле верени па по некоја случајност се разделиле, треба да имаме предрасуди према нив! Дали треба да го смениме мислењето како личности за нив, какво мислење имате вие за нив?

А којзнае што мислите со блиските за тие што се разведуваат...
 
Нема потреба од делење, што ако си бил верен, да речеме 6 месеци, па ништо од тоа, кога има луѓе во врска кои живеат заедно по 7-8 години и ни веридба, ни ништо, секој во свој правец. Јас лично познавам неколку луѓе кои беа во „сериозна врска“, живееја заедно, се правеа заедно по 5-6-7 години, па ништо од тоа. Сега си имаат „нов живот“ никој ништо не им вели и никој не ги дели. Што е поразлично ако си бил верен? Е сега на балканот тоа може соседите да го сватат како „ја зедоа за невеста, ама не варела кафе во 6:30 па ја избркаа“ или „се ожени, па не му се погоди“.
Јас лично мислам дека е подобро така, како што велиш, веридбата е пробен брак, ако не иде - да заврши, а што луѓето ќе зборуваат ни на крај памет.
Уште еднаш, јас не сметам дека треба, ниту ги делам од останатите оние кои веќе биле верени.
 
А што има тоа врска? Се вериле и сфатиле потоа дека не се еден за друг. Подобро така, отколку да се венчаат, па деца да имаат, а сето тоа да го трпат во себе. Еден ден ќе пукне тиквата, порано или подоцна. Подобро порано, отколку подоцна, кога ќе има и деца на повидок.

Не гледам зошто треба да го сменам мислењето за некој што раскинал веридба. Што има врска со тоа каков е тој/таа како личност? Секој си бира човек со кој што сака да го помине животот и ако тој не се погоди, секако дека ќе ја прекине веридбата. Што? Само заради муабетот што ќе каже Петко или Трпана треба да останат заедно и да влезат во брак во кој и двајцата се свесни дека ќе бидат несреќни? Глупости на квадрат, какви се луѓево некогаш, ко коњи само во една насока гледаат, не знаат малце да ги прошират видиците, да пробаат да ги гледаат работите од друга перспектива.

И кој е тој генијалец кој вели дека “треба да имаме предрасуди“? Не треба кон никого да се има предрасуди, секој човек го живее својот живот на начин на кој најдобро може, со она што го има и секој гледа да си ја најде својата среќа и своето место под сонцето. Само затоа што некој не бил среќен и прекинал врска - треба да биде гледан со предрасуди? Какво е ова човештво не ми е јасно мене... :facepalm:

Одамна не сум чула ваква бесмислица и апсурд.
 
Значи во дебата сум со мои блиски, велат дека лугето кои предходно биле верени па по некоја случајност се разделиле, треба да имаме предрасуди према нив! Дали треба да го смениме мислењето како личности за нив, какво мислење имате вие за нив?

Да не ме сфатиш погрешно, ама од ова што го пишуваш, загрижувачки е со какви луѓе си близок.
 
ВЕРИДБА - верност !!

само вистински карактерна личност ќе процени дали треба да стапи во нешто посериозно од обична врска,односно да го даде ЗБОРОТ и да објави ВЕРНОСТ на личноста која ја сака.......ако за вас тоа ништо не значи - запрашајте се каква личност сте
 
ВЕРИДБА - верност !!

само вистински карактерна личност ќе процени дали треба да стапи во нешто посериозно од обична врска,односно да го даде ЗБОРОТ и да објави ВЕРНОСТ на личноста која ја сака.......ако за вас тоа ништо не значи - запрашајте се каква личност сте

Чекај малце, стоп. Се вериле, среќни се, се супер, организираат свадба. По некое време пред свадбата едноставно сфаќаат дека не се надополнуваат, дека не штима, дека не е тоа “вистинското“. Што, треба да се земат и покрај тоа што не се среќни заедно? Мислам сериозно?:confused:

И да, се дава збор и се објавува верност на личноста која ја сака - ама ако види дека веќе нема чувства, многу поискрено и пофер е да ја прекине на време работата, отколку да стапи во брак, па да ги направи и двајцата несреќни.

Не секогаш ги правиме правилните избори, за среќа некогаш можеме да ја намалиме штетата од нашиот погрешен избор.
 
ха ха темава ме потсети на еден разговор што сум слушал мегу неколку девојки, една девојка била влубена во некој ко Gamata ама тој не сакал биде со неа, другарките ја прашуваат која е причината, а таа одговара '' па тој сакал невина девојка", па по кратка пауза продлжи "па ако сака невина нека оди да бара во 4 оделение".
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom