Верба во Бог - страв, стравопочит, респект, спознание или нешто сосема друго?

  • Креатор на темата Креатор на темата Donald Sikert
  • Време на започнување Време на започнување
Strana br.4 prochitaj i sporedi go so toj vo koj pishuva za ljubov.
 
Da,da sve ubavo,ama ogincheto kaj ti zamina?Neli toa e nad sve,samo prstive gi natopiv i kako svekja ti go izgasnav. Takva ljubov sakash da shirish,taka ja spoznavash ljubovta sprema choveshtvoto,pa sega moj -tvoj bogovi mi delish. Ete kolku ti e ljubovta golema,kolku edna svekja shto so prsti se gasi. Drukpat ne plukaj po grugi zoshto ljubov ne e toa,pa sega da mi davash soveti za ljubov. Toa e licemerno.Ako ljubish ne pravi podelbi,ne bidi licemeren.

Оганот само ме истера надвор во ноќта да бидам поблиску до водата :) Кажав јас, не верувам, работам! :)
Ако нема оган што ќе ја зоврие водата, ни едно јајце не може да свариш...

И пак ќе кажам: Не мериме кое е над или под... тоа е јасно со еони... Не си првиот ни последниот со вакви изјави...
Работата е тоа што само оган не бидува, само вода па ич не бидува :) Оганот е секогаш над водата, водата над воздухот воздухот над земјата :) И ете ти ја четириделната поделба на божественото според евреите, платонисти, кабалисти... итн итн...
Не е толку потребно верување во богови, колку што е потребно работа и спознавање :)
 
Ништо не е над нас и ништо не е под нас.
Земете на пример еден морков пред вас и замислете дека тој е бог, потоа исечете го на мали делчиња и замислете дека тоа сме ние лугето, сите делчиња се различни, мегутоа сите се едно исто. Целината од која сме се одвоиле за нас е бог, а всушност ние ја сочинуваме итата таа целина.
Се додека ја знаеме вистината сме срекни и немаме потреба од натпревари мегу нас, сите сме едно и сите заедно сме бог, секој од нас е дел од бог и бог е дел од секој од нас.
Егото тука се појавува како најголемо зло, ако може така да се нарече.
Егото е тоа што придонело да мислиме дека сме одвоени од целината, од таму и потребата за натпревар помегу нас, од таму и чувството на страв.
Страв како начин на живот е она на што не учат религиите.
Вербата во бог како целина ни помага да се ослободуваме од сопствените уверувања дека сме сами, а слепото следење на било која религија не не прави ништо повеке од марионети управувани од истите за нивна лична моќ пред се.
Потребно е работа и спознавање, ама и верба, не во измислени богови...
 
Е тука е проблемот... со замислувањето, кое дава причина да се верува...
Егото не е зло... не негувано его е проблем кон спознавање, но секако не е зло.
И во право си за религиите :)
Но секако не си во право за вербата...

П.С. Јас ти велам дека ти несакајќи ја толкуваш филозофијата на телемата... ама ајде :)
 
Ма не е битно чија филозофија толкувам, битно е дека тоа го спознав спознавајки се себе, работејки и верувајки истовремено:)
--- надополнето: Oct 9, 2011 10:37 AM ---
Егото не може да биде зло, бидејки зло не постои.
Го употребив тој поим за да биде поразбирливо.
Контролирано его ни треба, чистење од истото, за да се спознаваме, па повеке би рекол дека е пречка.
(да се поправам)
 
Додади дека и зборовите како форма на мислите се препрека и ете ти човек! :)
 
Љубовта е Бог, таа не казнува убива или се одмаздува таа
е
љубов, Божја љубов и се одразува во нас преку радост и среќа и љубов, ако мислите дека Бог казнува се лажете
тогаш не верувате во Љубовта односно Бог.
Ако верувате дека Бог се одмаздува или ги казнува
преку страдање оние што згрешиле и направиле зло тогаш
не знаете што е Љубов.

http://www.youtube.com/watch?v=1L87eq09kx8&
feature=player_embedded
Јас од пишаново гледам дека ти не знаеш што е љубов.Си пишал дека треба да веруваш во љубовта односно бог.
Во љубовта не треба да веруваш, треба да ја чувствуваш и да знаеш што е. Таа си е твоја љубов и никаков бог не ги има заслугите за таа љубов што ја чувствуваш и бог не е потребен за да си ја осознаеш љубовта во самиот себе.
Како да веруваш во љубовта дека постои кога цел живот ти викаат верувај во љубовта, бог е љубовта а никогаш не си ја почувствувал, бидејки нели постојано велиш љубовта е бог, а ние не сме богови значи не сме љубов, и велиш верувај во неговата љубов т.е во љубовта на некој друг. Ко божем само бог е љубов.
Зошто да не веруваме (осознаеме) во својата љубов?
Баш поради тоа што религијата не учи да веруваме во љубовта, не оддалечува од осознавањето на љубовта во самите себе си.
Кој поп ке ни каже да се сакаме себеси, секогаш вика сакајте го ближниот?
Затоа што ако ние се сакаме себе си никој нема да може да ни наметне лажни фантазии за некаква вера и вржовен водач Бог, и дека тој е љубов. Ако знаеме да се сакаме,,т,е ако ја осознаеме љубовта во самите себе, никој нема дури ни да проба да ти наметне идеја дека некој друг е љубов и дека треба да веруваш во љубовта негова. Што има ја да верувам во нечија љубов кога јас ја знам љубовта, ја чувствувам. Таа е во мене, и е моја, а не божја. Бог не постои, тоа е мртов збор. Постои само во нашите вештачки фантазии, т.е само во нашите умови. На друго место никаде не можеме да го сретнеме.
Ајде ако тој е совршен нека дојде веќе еднаш не ка земе човечки облик и да биде постојано со нас бидејки е бессмртен. Ние нема да се мачиме да веруваме дека постои туку ке знаеме, а и он нема да се мачи со нашите гревови бидејки ние нема да ги правиме, тој ке биде тука да не усмери по правиот пат.
Еве јас го предизвикувам, ако е семоќен вечер нека го помести крстот од водно на Шар планина. И така еднаш за секогаш со еден потег ке ни даде дознаење дека е тука. Не мора да се појави, еве само нека го помести Милениумскиот крст од Водно на Шар Планина и јас ке се покаам за своите грешни мислења и ке знам дека постои, нема да верувам во него туку ке знам.
Верувај сум бил најголемиот верник во моето друштво, јас сум ги терал во црква да одиме, скоро секоја недела, меѓутоа човекот учи постојано, и сака да ја дознава вистината, а јас можеби и толку многу настојував да одам во црква за да ја дознаам вистината и никогаш не успевав, се беше некако матно, некои измислени светови на богови, ангели, демони, закони божји и сл. но ништо што може навистина да се дознае. Се беше некако далечно од човекот, таму некаде далеку каде само поповите и нивните методологии може да те одведат откако ке умреш.
Јас ја дознав вистината ,која беше соема различна од мојата перцепција за животот и системот на функционирање, и еволуција на живиот свет, иако на почетокот тешко ја прифаќав но откако се смирија чувствата за изгубениот религиски свет во кој си живеел од кога си се родил, свтив дека религиското верување претставува всушност религиска хипноза, која 2011 години успева човекот да го држи хипнотизиран, ќорав.
 
Еве јас го предизвикувам, ако е семоќен вечер нека го помести крстот од водно на Шар планина. И така еднаш за секогаш со еден потег ке ни даде дознаење дека е тука. Не мора да се појави, еве само нека го помести Милениумскиот крст од Водно на Шар Планина и јас ке се покаам за своите грешни мислења и ке знам дека постои, нема да верувам во него туку ке знам.
Верувај сум бил најголемиот верник во моето друштво, јас сум ги терал во црква да одиме, скоро секоја недела, меѓутоа човекот учи постојано, и сака да ја дознава вистината, а јас можеби и толку многу настојував да одам во црква за да ја дознаам вистината и никогаш не успевав, се беше некако матно, некои измислени светови на богови, ангели, демони, закони божји и сл. но ништо што може навистина да се дознае. Се беше некако далечно од човекот, таму некаде далеку каде само поповите и нивните методологии може да те одведат откако ке умреш.
И Дејвид Коперфилд напраил статуата на слободата да ја снема па не му веруваш дека е господ нели?:)

Па тука е тоа што е да не речам тешкото,да веруваш во нешто и да му служиш и во ниеден момент да не се сомневаш дека не е тука иако неможеш да го видеш.

Јас сум лабилен кога станува збор за верата,од што викаш исто како тебе голем навидум верник до голем скептик и на крај збунет што не знам што навистина е или не е вистина.

Знам дека и мене ми се смешни тие приказни во Библијата и други религии сум проучувал и сум наоѓал негодување.

Едно нешто сум заприметил,кога ќе ме снајде некоја опасно лоша и тешка работа и кога знам дека никој не може да ми помогне или дека не зависи од ништо друго туку само од некаква навидум среќа или чудо да се случи знам дека сепак се приметувам како безпомошно СЕ МОЛАМ на која и да е сила и двигател за да ми помогне.

Знам дека пред некој ден ми дадоа некој клип со монструмско масакрирање на двајца мажи и во тој момент си реков "Зар бог го дозволува ова?"

Мислам дека е вечна тема и дека треба да се размислува на неа да се бара одговорот и дека може тоа е знак дека ако навистина постои реинкарнација сме стадиум погоре од другите што јадат,пијат,спијат и не ги занима што бараат тука и зашто воопште живеат за на крај да настапи смртта и да бидеш два метра под земја.
 
Прво и основно зборот верува е контрадикторен
со : страв, стравопочит, респект, спознание и тн.
Лицемерието е веќе друго........ заради страв, стравопочит, спознание, респект и слично.

На почетокот религиозноста е хипноза од општеството, потоа прераснува во авто-хипноза заради горе наведените фактори.
Постојат два моменти, камилата лав кога станува е тоа.
Ако е недоволно свесна, верувањето не ја покажува својата права природа......тука разубедување нема....камилата тешко станува лав.
Ама затоа притисокот од потсвеста е неиздржлив......
како ќе се манифестира зависи од човекот.
Другиот момент е кога е свесна индивидуата за стравот, од
пеколот и сл. и верува во Бог.....тоа е веќе тешко лицемерие.
Демек верува во Бог за да не отиде во пеколот :)
Овде веќе од камилата само опашката останала :)
Постои и мешање на три работи а тие се доверба, верување(не сум баш сигурен) и љубов...кое што резултира со некоја недефинирана форма.
Која е основа за спиритуалноста, ама поврзана со некоја религија се топи во истата.
 
И Дејвид Коперфилд напраил статуата на слободата да ја снема па не му веруваш дека е господ нели?:)

Па тука е тоа што е да не речам тешкото,да веруваш во нешто и да му служиш и во ниеден момент да не се сомневаш дека не е тука иако неможеш да го видеш.

Јас сум лабилен кога станува збор за верата,од што викаш исто како тебе голем навидум верник до голем скептик и на крај збунет што не знам што навистина е или не е вистина.

Знам дека и мене ми се смешни тие приказни во Библијата и други религии сум проучувал и сум наоѓал негодување.

Едно нешто сум заприметил,кога ќе ме снајде некоја опасно лоша и тешка работа и кога знам дека никој не може да ми помогне или дека не зависи од ништо друго туку само од некаква навидум среќа или чудо да се случи знам дека сепак се приметувам како безпомошно СЕ МОЛАМ на која и да е сила и двигател за да ми помогне.

Знам дека пред некој ден ми дадоа некој клип со монструмско масакрирање на двајца мажи и во тој момент си реков "Зар бог го дозволува ова?"

Мислам дека е вечна тема и дека треба да се размислува на неа да се бара одговорот и дека може тоа е знак дека ако навистина постои реинкарнација сме стадиум погоре од другите што јадат,пијат,спијат и не ги занима што бараат тука и зашто воопште живеат за на крај да настапи смртта и да бидеш два метра под земја.
Сите ги имаме истите мисли и сваќања, поади тоа што така од мали не учат без и тие што не учат, не учат без свесно да размислат дали тоа навистина е така. И така ланецот продолжува.
Сега знам дека не треба за ништо да се молам, енергијата која некогаш прави чуда, е нашата енергија, ние луѓето ја зрачиме, и ја имаме, не некој си бог. Ние го имаме совршенството во нас. Проблемот е што сеуште не го имаме осознаено во целост. Не знаеме точно која енергија ги прави тие чуда.
Ама сум сигурен дека човекот поседува енергија многу поголема од што на него му е позната. Видовитост, биоенергија, исцелителство и сл. Тоа не е бог, тоа е силата која тие индивидуи ја имаат и знаат да ја искористат. Сите имаме таква енергија во нас, но сеуште не сме пронашле таква техника и технологија која ке ги доведе на површина тие наши енергии. Не за џабе научниците докажале дека човекот користи околу 10 % од својот мозок. Замислете што би правеле ние ако стигнеме до 50% искористливост на мозокот?
А каде е 100%?
Во науката е вистината. Лошото кога ке спомнеме наука е тоа што таа често се користи за лоши цели. Оружје, болест, пари, интереси, моќ, политика и сл.
Затоа не се моли на никој, сам си доволно достоен и совршен за да мислиш позитивно и да ги средиш работите.Сите чуда кои ни се случуваат, произлегуваат од нашата природа, од нас луѓето. За тоа никаква заслуга нема некој си Бог кој го познаваме само во нашите вештачки фантазии наметнати од религијата.
Вечна е темата затоа што прифаќаме да е вечна. Ако почнеш да ја бараш вистината ке ја најдеш. Ти препорачувам да ги разгледаш добро ставовите на двете спротивставени страни и да си дадеш своја оценка, свое размислување. Читај од теисти и атеист, од будисти и хундуисти од научници и филозофи. И од сето тоа имај си свој став, и држи се до него. Твоето мислење треба да ти е поважно од сит други мислења бидејки ти треба самиот себе да си се цениш најмногу па после другите. Сакај се прво себе, па после научи да ги сакаш другите.
Јас многу научив од науката, научните емисии, теории за еволуција, конспирации, вистини.... Просто кажано ги испитував сите можни спротивности. Едни викаат вака е, други негираат и обратно. Се тоа го пратев, и се ми беше испомешано. Но откако дознав за Ошо многу ми станаа некои работи јасни. Човекот живеел во многу висока свесност (будност) и знае точно што е , како е, и зошто е, и што е најважно знае да го пренесе со зборови тоа.
Пиши на јутуб Osho talk и ако сакаш да си сигурен, стабилна личност, да не те моткаат другите како сакаат, само слушај го малку, треба и да разбираш англиски, и многу работи ке ти станат јасни.
Не велам дека овој е единствениот човек што ја знае вистината, туку едноставно јас го најдов него, и од него ми се разјаснија работите.
 
Пиши на јутуб Osho talk и ако сакаш да си сигурен, стабилна личност, да не те моткаат другите како сакаат, само слушај го малку, треба и да разбираш англиски, и многу работи ке ти станат јасни.
Знам кој е Ошо мислам иам и некои книги симнато во пи-си ама сепак ако прифатам дека нема бог и дека по твоево кажување сами сме свои газди тогаш ќе се навраќам наназад како се настанало и ќе одам нанапред што после смртта и пак ќе се збунам.
 
Кое е поблиску до висината:
Дека бог го создал човекот и светот за 6 дена или научните приоѓања?
Чичко Дарвин имал теорија дека сме еволуирале од мајмун, нови истражувања викаат дека човекот живеел паралелно со постоењето на човеколиките мајмуни но во иста градба како што сме и денес ние, други пак се навраќаат назад милијарди години и велат дека се настанало од некаков биг бенг од кој се создала нашата галаксија и така од најпростиот атом се спојувале материите и се создал некаков жив свет. И на кој да му веруваш?
Тоа е неусовршеноста на науката но јас попрво би почнал да размислувам од научен аспект отколку од верски, бидејки научниот аспект овозможува опипливи докази или неопипливи но сепак докази кои ке направат човекот да знае дека тоа што некој го тврди е така, вистинито.
Но верата кажува све нешто што неможе да се дознае проучи, да се најде некаков пристап кон него, и затоа ако го следиме патот на религијата не можеме да осознаеме нови работи бидејки работите кои таа не учи се недостижливи односно фиктивни, измислени од човекот, непостоечки.Религијата е завршена работа, мртва, не се менува нема ништо ново ништо не се усовршува.Приказната е таа, создадена пред многу години, запишана во една книга наречена "Библија" и твое е само да ја прифатиш, и целиот живот да ти се сведува на една книга со најубавата научна фантастика.Библијата е "hypnosys for dummies". Религијата е алатка за контрола на народот, и допринесува кон поделба на луѓето во разни групи.
Кај религијата св нешто поповите знаат а ти незанеш, те прават дека си грешник иако никогаш не си ја направил таа грешка за која они те обвинуваат, и те прават да бидеш послушен и дисциплиниран робот, кој нема свое мислење и став.
Науката иако досега нема разјаснето многу работи кои ни се непознати, сепак не ти ги наметнува овие притисоци, напротив те поттикнува да бидеш креативен, да имаш желба да дознаваш, да учиш, да бидеш среќен и задоволен, да придонесеш и другите да бидат срекни, задоволни и здрави личности, кои ке те земаат како пример и ке постанат стабилни и креативни личности кои ке зрачат со љубов.
Религијата создава внатрешен притисок кај човекот, додека науката создава слобода на мисла и генерирање креативни идеи.
 
Оганот само ме истера надвор во ноќта да бидам поблиску до водата :) Кажав јас, не верувам, работам! :)

Аууу уште еден апостол,како само ве лажат.Каде и да се заврти човек само апостоли гледа.Камен до камен.

Ако нема оган што ќе ја зоврие водата, ни едно јајце не може да свариш...

И пак ќе кажам: Не мериме кое е над или под... тоа е јасно со еони... Не си првиот ни последниот со вакви изјави...
Работата е тоа што само оган не бидува, само вода па ич не бидува :) Оганот е секогаш над водата, водата над воздухот воздухот над земјата :) И ете ти ја четириделната поделба на божественото според евреите, платонисти, кабалисти... итн итн...
Не е толку потребно верување во богови, колку што е потребно работа и спознавање :)
Ако не мериш ,зошто огнот го стави над водата.
Дали знаеш воопшто што работиш,апостолу?

Него,да не остане не објаснето што според треба да практикува човек од овие две работи што ги предложи?
Ако сретнете некој по улица кој ви вели: Верувајте, и ќе бидете спасени, плукнете го во лице, ставете му земја на очите како доказ на негоавата слепост и продолжете по својот пат!
Биди сега човек(без надувани фрази) сработи го својот дел и спознај ја љубовта кон човештвото, ако можеш!
Не верувај, само љуби!
.

Што е тоа што човек го прави Човек.
Може ли од еден извор да извира солена и слатка вода.
Апостолу,погрешно ве учат како да работите.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom