Вера, Надеж, Љубов

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.625
Поени од реакции
9.156
Возраст
39
Основните двигатели на нaшите животи, кои всушност му даваат и смисла на нашето постоње, тоа се овие основни три работи, тие не одржуваат во живот ни даваат смисла за да можеме да ги надминеме тешкотиите што ни ги носи.За се тоа да го надминеме со леснотија потребна ни е љубовта од драгите луѓе, за да се чуствуваме вреднувани и сакани да можеме да ги реализираме нашите цели полесно…
Но, една без друга не можат. Не можеш да веруваш, ако не се надеваш и сакаш. Не можеш да се надеваш, без да веруваш и сакаш. Не можеш да сакаш, ако не веруваш и не се надеваш.
30ти септември е ден кога православните христијани го одбележуваат празникот на Светите маченички Вера, Надеж,Љубов и нивната мајка Софија.

Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија
Живееја и страдаа во Рим, во времето на царот Адријан. Мудрата Софија, како што ја одликува и името што го носи (софија - мудрост), остана вдовица, а како добра христијанка се утврди себеси и своите ќерки добро во верата Христова. Во времето кога мачителската рака на Адријан се протегна и врз добордетелниот дом на Софија, Вера имаше дванаесет, Надеж десет, а Љубов девет години. Изведени пред царот тие сите четири држејќи се за раце смерно но одлучно ја исповедаа верата во Господ Христос и одбија да и принесат идолски жртви на Артемида. Пред страдањето мајката ги крепеше ќерките со совети да истраат докрај. „Вашиот небесен љубител Исус Христос е вечно здравје, неискажлива убавина и живот бесмртен. И кога вашите тела ќе бидат убиени во маки, Он ќе ве облече во нераспадливост и раните на вашите тела ќе светнат на небото како ѕвезди.“ Мачителот ги мачеше со лути маки сите една по една: најпрво Вера, па Надеж, па Љубов. Ги тепаа, ги сечеа, ги фрлаа во оган и во врела смола и најпосле една по една ги убија со меч. Софија ги зеде мртвите тела на своите ќерки, ги однесе надвор од градот и таму чесно ги погреба.
Остана на нивниот гроб три дена и три ноќи молејќи го Бога и така му го предаде својот дух итајќи во рајските населби, каде што ја чекаа душите на нејзините блажени ќерки.



Кои се вашите планови за денот на љубовта, вербата и надежта? Го празнувате ли воопшто овој празник? Подарувате ли нешто за 30ти септември (освен ако некому не му е роденден/именден)? :pipi:
 
Кои се вашите планови за денот на љубовта, вербата и надежта? Го празнувате ли воопшто овој празник? Подарувате ли нешто за 30ти септември (освен ако некому не му е роденден/именден)? :pipi:

Православниот празник на љубовта за која мислам дека ни 1% не го знаат од луѓево. Па и јас до пред некоја година немаше да го знам, ако случајно во една емисија за Валентајн не го спомнаа на 1 минутка овој православен празник. Ама затоа за католичкиот празник за љубовта постои невидена еуфорија. А нит сме католици, ниту пак имаме потреба од славење на 14ти фебруари, кога имаме православен ист празник.
И да сакаш на 30ти септември на некој да му купиш нешто специфично во знакот на љубовта неможеш. Низ продавнициве такви ствари има само во фебруари!
Али жива среќа што љубениот е роден на овој ден вера, љубов и надеж, па си добива поклон :icon_lol:

Ние следиме западњачки фори, претерано гледаме филмови и забораваме на дел од православните празници и у шема сме ако ги славиме католичките. Освен Валентајн многу е шема сега и на 25ти декември да се купуваат божиќни подароци.

Така да мислам дека овој празник никогаш нема се прославува, на начинот на кој што заслужува.
 
Бравос добро што ме потсети сосема изумив дека треба да се јавам и честитам именден. Инаку не подарувам ништо на никому барем не по оддредена шема и денови, сакам да изненадам тогаш подарокот добива на поголема вредност.
 
Датум како датум и празник како празник не го славам класично поклони ова она. Ама овај празник треба да не подсети поради што умреле Вера Нада и Љуба, тие биле жртви на паганската божица.
Застанете малку со поклоните и другите глупави обичаи, дајте да видиме што е со жртвите кои ден денеска се принесуваат на жртвениот олтар и кои најчесто се деца, ги колат како јагниња и потоа нивните глави ги набиваат на кол и тоа е вистинско сведоштво на жртва кое што го преживеала тоа. Дајте да висиме за оргиите што се прават под покровот на темнината и во визбите на катакомбите како молитви кон паганска божица. За светските политичари кои што во Бохемиан гров имаат сексуални односи со хомосексуалци и се поклонуваат на камен був како божество. Тоа се лидерите на слободниот свет јеееееееееееееееее, ама оти имаат секс со педери не ми е јасно.
А вие поклони, симболизмот дека верата надежта и љубовта умираат пред паганизмот тоа не не засега.
 
За мене ова е еден од најубавите празници, пред се затоа што симболизира три прекрасни работи, работи кои би требало да се двигатели на нашиот живот: Љубов, Вера, Надеж. За жал, не сум купувала поклони, ниту сум го славела на некој одреден начин, но секогаш кога станува збор за празников ми се полни душата. :)
 
Знам дека имаше нешто вакво, ама да ме убиеш датата не знаев кога е.

Да не го тупам многу, се е комерцијала. Ако некој има корист (а.к.а. добивка) од целата прикаска, сите ќе го знаат празникот. Исто како што се дешава со валентајн. Ако немаше толку комерцијала околу него, мачки, кучки, мечки, зајаци, срциња и што уште не, никој немаше ни да го знае. Прашајте некој постар, дали валентајн пред 50 години имаше исто внимание како денес....
 
Искрена да бидам пред некој ден ми го кажаа точниот датум на овој празник , знаев дека постои ама не знаев кога е . До сега поради оваа причина не сум го празнувала ама сега со нешто ќе го одбележам ... Како и да е и да не постојат празнициве секој ден треба да се празнуваат љубовта, верата и надежта, да се спомнуваат ,изјавуваат , постојат меѓу нас (најпознатата изрека кога станува збор за ваков вид на празници).

Еве и уште една преубава песна под ист наслов ...

 
Тоа се трите добродатели без кои речиси е невозмозно да опстои секој човек.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom