VELUX EHF FINAL 4

Кој ќе биде новиот шампион?

  • Барселона

    Гласови: 15 60,0%
  • ПСЖ

    Гласови: 2 8,0%
  • Кил

    Гласови: 5 20,0%
  • Веспрем

    Гласови: 3 12,0%

  • Вкупно гласачи
    25
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.705
Поени од реакции
5.673
Ракометот е единствениот спорт во свет каде сезоната ја завршуваат 5-6 месеци подоцна,во сред почната сезона.
Откако Ехф одлучи неправедно да ги елиминира "помалите" екипи во кои е Вардар ни останува само да гледаме како го симнуваат Вардар од тронот и да уживаме во добар ракомет.
133438812_10158039850983666_8270980443562677460_o.jpg

Барселона-ПСЖ

Во првото полуфинале мислам дека Барса е голем фаворит,ако воопшто има фаворите на ваквиот турнир покрај толку изненадувања од претходните години.
Сепак Каталонците доаѓаат непоразени на овој Финал 4,буквално се прошетаа до овде,добро покриени на сите позиции,транзиција,контра,одбрана се имаат за да бидат шампиони,дури и Вардар не им стои на патот. :D
Откако го потпишаа Лука Циндриќ само го комплетираа мозаикот,мислам дека тој беше играчот што им фалеше претходните сезони за да освојат,во него добија лидер на терен и некој што може да ги реши тие натпревари во последните минути.
Покрај него на бековски позиции се Мем и Палмарсон.што да се каже за двајцава кога се е веќе кажано,Арон беше неизвесен за натпреваров се зборуваше некоја повреда дека имал ама очигледно ништо не е сериозно,пошто допатува со екипата.
Како негови замени се Лангаро и Н'Гесан,топ во раката имаат двајцата,ако им се отвори простор одма палат по гол,ќе мора малку подисциплирани да бидат пошто на вакви натпревари секоја топка е многу битна.
Секако да не ги заборавиме и Ентрериос и Доленец,искусни бекови за ротација кои можат многу да придонесат на битни натпревари,посебно првиот.
На крилни позиции одлчно пополнети,Арињо-Мортенсен и Гомез-Јанц,сите млади брзи експлозивни крила,цело време се во контра,ја казнуваат секоја грешка на противникот ако им се укаже шанса ќе го дотолчат,според мене најсилен адуд на Барса се крилата.
Остануваат уште пикерите Фабрегас-Сораиндо-Фраде,ќе видиме за кои двајца ќе се одлучи Пасквал,ама кога и да земе нема да погреши,Фабрегас е број еден пикер во светот несомнено,игра одбрна,напад се што треба да прави еден пикер,тој треба да го извлече товарот останатите двајва ќе служат само да го одморат малку.

Кога сме кај Псж што да се каже за ваква екипа,буџет огромен,ѕвезди колку сакаш на број само фалат резултати,кога дојде Раул мислев дека ќе ги скоцка добро ама очигледно дека не е баш до тренерите,мора нешто и во соблекувална да се смени.
Оваа сезона го имаат и Криштопанс кој не е ни пола од играчот што беше во Вардар последните 2 сезони,од таков играч што даваше по 7-8 гола на натпревар и ги влечеше сите конци во екипата стана играч за ротација што дава по 2-3 гола,тука можеби и Раул има кривица.
Не ми е јасно само како може екипа што фрла толку пари за трансфери и плати на играчи да се сведе на голмански пар Герард-Генти,едниот е нестабилен голма на многу натпревари знае да подзаспие и да не одбрани ништо,вториот 39 години незнам ни зошто го донесоа во екипа што се бори за титула,едностанво не е тој калибар на голман што им треба ниту пак според годините припаѓа тука.
После повредата на Карабатиќ мислам дека сезоната отиде низ вода,останаа без класичен среден бек,го донесоа Стеинс кој прашање колку може да помогне на ваква екипа.
Целата игра ќе зависи од Хансен и неговото расположение,единствено тој може да направи некое чудо и да го однесе Псж во финале,што мислам дека нема да се случи.

Кил-Веспрем

Кил доаѓа на овој финал 4 потполно неспремен,цела екипа беше во карантин и немаа никакви тренинзи,Дувњак беше позитивен на корона и мислам дека само 2-3 тренинга одработи пред турнирот,вчера гледав едно интервју на Дуле каде изјави дека имал потешки симптоми и има изгубено многу кондиција,со РНЛ само 10 минути играше,ако тој не е спремен тешко на Кил.
Неможе многу да се предвидува со нив сепак екипа што ги има Сагосен,Дувњак и Ландин неможе да ја отпишеме без разлика што се случувало.
Имаа потешкотии во играта цела сезона поприлично лесно загубија 2 натпревари од Барса,еден од Веспрем и Нант на домашен терен ги растури,сепак Шваби се шваби неможе да ги отпишеме,сведоци сме што се случи со Фленсбург кога освоија така да може да се надеваме пак на тавко нешто.
Само ако Кил влезе во финале и или евентуално освои за мене ќе биде чудо.

Веспрем доаѓаат со големи цели како секој завршен турнир,се знае нивната цел,секоја година се надеваат дека ќе бидат шампиони и на крај си одат со наведнати глави,сите се чудат како може екипа што толку вложува да нема ни една титула во ЛШ,сепак не е се во парите мора и други коцки да се поклопат.
Кај нив е голем и притисоктот од публиката,државата сите стојат позади нив можеби и тоа прави играчите да имаат голем притисок.
Веспрем се екипа која функционира слично како и Псж,купуваат разни ѕвезди,преплаќаат играчи менуваат често тренери...Само разликата е што Веспрем прави 3 екипи,на секој позиција имаат по 3-4 топ играчи што можат да играат во било кој клуб на светот.
Можеби со Дејвис малку се оправија,почнаа да заличуваат на екипа,се гледаат воиграни акции,знае доста добро да изротира и да ги користи скоро сите играчи што ги има на располагање.
Како главен мотор на екипата е Петар Ненадиќ,според мене најдобар играч во светот моментално,страшни партии покажува последниве 2 сезони како игра во Веспрем,прав лидер на терен голови,асистенции,влезови се има од него,мислам дека од Ненадиќ ќе зависи како ќе изигра остатокот од екипата,тој ги влече сите алки во тимот,алфа и омега што се вика.
Покрај него тука се и еден куп поранешни Вардарци:Борозан,Манасков,Самба,Македа,Шишкарев итн.
Маџариве мислат ако го купат цел Вардар ќе ја купат и титулата,баш затоа не сакам да освојат,некако ми се одвратна екипа,сум приметил дека и доста членови од форумот го делат истово мислење.
Да не објаснувам многу за нив ги знаеме добро сите каква екипа се,ќе видиме како ќе изиграат на овој турнир и што има спремено Дејвис,можеби сега кога се игра без публика ја гледаат својата шанса.



Гласајте во анкетата и пишети си кој е ваш фаворит и зошто,мој е Барселона.
 
Последно уредено:
Член од
14 февруари 2013
Мислења
1.723
Поени од реакции
2.083
Барселона или Кил да освојат... да си останат ПеСеЖе и Веспрем во новиот формат без титула. Пластикарија умрена, Вардар ги шлакаше како магариња на Ф4, посебно Гулашите. Ова е глупост на ЕХФ да не го повика актуелниот шампион да ја брани титулата, бидејќи некој умрен таму внатре во ЕХФ така одлучил. Каков и да е составот и неатрактивен, должен си да го викнеш актуелниот шампион. Племе ви ебам умрено, па и тој ирец што и да е коментаторот, сеоски Гоце Георгиески колку е иритантен мајко моја...Повраќаница од човек.
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.335
Поени од реакции
2.224
Ја им давам конечно шанса на ПСЖ, срамота е на тие ракометари да не дрпнат титула, иаку ова како финале ке биде сега со Барселона.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.057
Поени од реакции
5.558
Барса-Веспрем е мој тип за финалето, но на вакви турнири апсолутно се е можно. Лично посакувам Веспрем да освои, јас сум еден од оние малкуте на форумов на кој што му симпатични како клуб. Без разлика што фрлаат огромни суми на пари и купуваат играчи од секаде последниве сезони, сепак се еден од клубовите со ракометна традиција каква што само неколку тимови во светов можат да се пофалат дека ја имаат.
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.565
Поени од реакции
13.895
Неправда ќе е Барса да не освои титула со оваа прејака игра што ја играат сезона и пол, уживанција за гледање се. Една сега и една во јуни, полна капа :D
 
Член од
14 февруари 2013
Мислења
1.723
Поени од реакции
2.083
Неправда ќе е Барса да не освои титула со оваа прејака игра што ја играат сезона и пол, уживанција за гледање се. Една сега и една во јуни, полна капа :D
Abe ako mozheshe, najdobro kje beshe site da izgubat pleme im ebam. Nacekaa selo bez kucinja (citaj Vardar) inaku pak kje plachea.
 
Член од
14 февруари 2013
Мислења
1.723
Поени од реакции
2.083
овој моментален вардар со овие тимови што се на фајнл фор. тешко, тешко.
Јасно ми е, меѓутоа грам чесност нема во ЕХФ. Вардар е актуелен шампион и со оглед на тоа заслужува покана, макар клубот бил составен од орката и гоце макалоски. Јебига.
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.565
Поени од реакции
13.895
Abe ako mozheshe, najdobro kje beshe site da izgubat pleme im ebam. Nacekaa selo bez kucinja (citaj Vardar) inaku pak kje plachea.
Криминал беше таа одлука, но од денешна перспектива подобро е вака, тежок дебакл и срам ќе доживееа, настрана силење.
 
Член од
29 ноември 2008
Мислења
265
Поени од реакции
349
Веспрем килави. Јаз'к на тие играчи ваква игра

Sent from my ANE-LX1 using Tapatalk
 

Kajgana Shop

На врв Bottom