Велигденски јајца

  • Креатор на темата Креатор на темата Олимпија
  • Време на започнување Време на започнување
Во дел од боите за јајца кои по пазарите се продаваат на рефус има отровни материи за да го засилат ефектот на црвената боја, предупредуваат од Дирекцијата за храна и ветеринарство од каде се апелира да не се купуваат бои за јајца на рефус, туку да се користат оние кои имаат амбалажа и на кои стои упатство за користење.
Во дел од таквите бои кои се продаваат на лажичка, наместо прехранбени бои за јајца имало соединенија за бојадисување кожа или облека. Се претпоствува дека овие бои, кои најчесто се увезуваат од Србија и од Бугарија, содржат текстилни бои кои се штетни за употреба.
 
Почнавте ли да се спремате за големиот празник Велигден? Собравте ли идеја плус за ралика од лани? Се подновивте со некој Велигденски украс или не?
 
Еве некои сликички од претходните години.
Мајка ми ги вапса, а јас им лепам сликички, стандард секоја година. :D
Само лани „виножитата“ јас ги направив, многу интересно изгледаа. :D
IMG_0160 (1).jpg

Годинава сакам да им лепам и салфетки, лани многу касно ми текна, па на неколку јајца што останале бели, им тупнав. :D
И планирам со ориз да испробам нешто. :D
IMG_4355.JPG DSC00370.JPG
Се гледа дека сум претерувала со сликички, ама овие стварно се одамна. :ROFLMAO:
Таа првата слика што ја прикачив, таа е од лани. :P
Collage.jpg
 
Еве некои сликички од претходните години.
Мајка ми ги вапса, а јас им лепам сликички, стандард секоја година. :D
Само лани „виножитата“ јас ги направив, многу интересно изгледаа. :D
Прегледај го приврзокот 117693

Годинава сакам да им лепам и салфетки, лани многу касно ми текна, па на неколку јајца што останале бели, им тупнав. :D
И планирам со ориз да испробам нешто. :D
Прегледај го приврзокот 117695 Прегледај го приврзокот 117696
Се гледа дека сум претерувала со сликички, ама овие стварно се одамна. :ROFLMAO:
Таа првата слика што ја прикачив, таа е од лани. :P
Прегледај го приврзокот 117698
Како ги правеше виножитата? Преслатки се :)
Јас до пред 3 год. Ги правев шарени со баба ми, но откако ја нема вапцам само црвени. За годинава земав виолетова бисерна ( да и го направам меракот на мајка ми) и другите црвени ама може да позајмам нешто од вашиве идеи. Инаку, ова со вратоврските, дали успева и во друг материјал или само во ваков? Имам дома многу материјали шарени убави,но дали ќе успее? И како, се варат само врзани во вода или се додава нешто друго?
Инаку многу сакам украси, во рамстор и џамбо има преубави :love:
 
Последно уредено од модератор:
Како ги правеше виножитата? Преслатки се :)
Повели. Тука е опишана постапката. :D

Мајка ми откако ќе ги извапца сите јајца, ќе и' останат уште бои. И после во тие бои јас си ги шљапкам другите свежо варени јајца. :ROFLMAO: Од посветла, кон потемна. Во средина стандард почнувам од жолта па кон потемно. :D
А со вратоврската немам пробано. Зависи колку јајца мајка ми ќе ми остави неофарбани, ако останат, ќе пробам и така. :D
 
Eве ги нашите јајца :)
11071939_10205166650379736_7765519956833840734_n.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom