Зборуваме цело време за урбаната недисциплина,нелојалната конкуренција,узурпацијата на јавен простор ...
Надлежните се платени од нас граѓаните на Велес да го спроведат законот и да ни овозможат рамноправност во градот !
Ако може секој да стави барака каде сака,ако може секој да си ја направи гаражата дуќан,ако може на главната улица Благој Ѓорев да се поправаат коли и камиони кај Манчето среде ноќ тогаш зошто воопшто ни е потребна админстрација да ја плаќаме, кога таа истата не прави ништо за нас да бидеме рамноправни...
Кога сме веќе кај средувањето погледни го видеото и кажи ми што во моментов има направено ?
Исто така погледни ја изјавата на Градоначалникот каде што кажува што прво ке направи во мандатот ако го добие !
Од кружниот тек кај Авона до денес нема ама баш ништо , а во меѓувреме урбаниот хаос само дополнително е зголемен !
Нашиот Велес продолжува понатаму и не запира