Велес

  • Креатор на темата Креатор на темата kurle
  • Време на започнување Време на започнување
Малку по среден од порано, но не како што треба да личи еден градски парк. Нема ниту една клупа, ниту ламба. Направена е само патека покрај Вардар и некое цвеќе е насадено.
Се надевам со новиот план ке се среди заедно со стадионот. А стадионот е пред распаѓање, што е вистина, вистина е.
Освен големиот парк и стадионот, што од секогаш биле црна точка на Велес, се друго е во позитива, од зелен аспект. :)
Моментално се прави Младински делот околу црквата и театарот.
Ти ведувам дека ке ти се допадне, ке правиме муабет кога ке биде готово. Не вака на збор, зад монитор.
Направен е паркинг на пазариште, тампониран е патот кај зградите зад Дизни и наместени се цефки за одвод на атмосверски води, во младинскиот се поставени нови клупи и наместени се кукички за птици. Се чисти и се одржува фонтаната во Младински секој ден, а не како што беше порано жабуњак, во младински скоро секоја недела се прават хуманитарни акции, се собираат дечиња си играат преку целиот ден. Да ти е мерак да се шеткаш :) Плус има чувар 24 часа во младински и гимназија.
Осветлен е автопатот околу Велес, што навечер навистина прави многу убав филм. Да сликнам ке ти покажам.
Само се надевам на некој ке им текне во догледна иднина да ја средат Костурницата, Паркот и Стадинот.

Ок. Чекам слики. :)
Чувар и во големиот парк, уште на времето кога го средија, кога имаше ламби и клупи. Срце ме боли за дрвата што ги исекоа, се надевам ќе се насадат нови и нема да се најде багра што ќе ги искрши.
 
Дрвата беа исечени бидејки беа стари и паѓаа гранките можеше некој да биде повреден во ред беше тоа, колку и да не ни се допаѓа нас. Чувари треба секаде, бидејки знаеме што стока сме. И ај и така веке се распишував, да надополнам дека на градов му требаат канти за отпадоци. Има чат пат, но се искршени и секој момент може да се распаднат.
Еве слика од Железен Мост, сите знаеме каков беше пред 4 години а каков е сега.
Никој не може да порекне дека градов личи подобро!
Не правиме муабет за фабрики, за вработување или за политика, туку за изгледот на Велес!
Вака требаше да се одржава Велес одсекогаш, а не последниве неколку години.
Ова не е нешто што треба да се гордее некој градоначалник, ова е нормално нешто што секој градоначалник треба да го прави од срце! За жал пред тоа не можевме да се пофалиме за многу работи.
Пред:
045f76548a04854d6d7db7d13220c7cezelezenmost_patekatasegradi%20005.jpg

Сега:
Picture%201279-19102010012855.jpg
 
Ок. Чекам слики. :)
Чувар и во големиот парк, уште на времето кога го средија, кога имаше ламби и клупи. Срце ме боли за дрвата што ги исекоа, се надевам ќе се насадат нови и нема да се најде багра што ќе ги искрши.
Наместија(реконструкција) мини паркче под базентот Црвенкапа оноа со базенче мало со мовче, вандали здравјето и го земаа и на црвенкапа и на седумте џуџиња :D
 
Наместија(реконструкција) мини паркче под базентот Црвенкапа оноа со базенче мало со мовче, вандали здравјето и го земаа и на црвенкапа и на седумте џуџиња :D
Не е само некој да намести, треба тој некој и да ангажира и обезбедување за местото. Ете пред некој ден дојде од Прилеп градоначалникот, демек да советува како до подобар град. Одам често во Прилеп и богами треба да земеме пример од нив. На секоја поголема зелена површина има чувар, кој е платен и одговорно си ја врши работата. На помошниот стадион, како што е кај нас стадионот во големиот, има тушеви, чисти, функционални. Било кој што го користи стадионот слободно може да се истушира после тренингот. Нешто што за 1000 години во Велес нема да се деси.
За зеленилото и културните знаменитости треба највеке да се грижиме и ние. Брецни го неколку пати несовесниот другар или било кој граѓанин и ако е човек ке се засрами.
Според мене треба повисоки казни, како на пример за фрлање пикавци и ѓубре на јавни места. Многу другари кој се правеа факмани како никој ништо не им може, од кога ги казнија за пикавци, сега како зајци се плашат да не фрлат отпадок некаде. :)
А за паркот, да сум јас одговорен и затворски казни би им дал на вандалите. :)
 
Добра беше на пракса бе, баш се докажа, стварно не знам што и стана.
 
Да не мешаме политика ама оваа од клипов уште кога се кандидираше помислив дека има блага ретардација.

Неможе девојче од 23 години да се кандидира за градоначалник,без кампања....ма ни едно флаерче,а никој не ја знае у градов,освен нејзините дома....испран и е мозокот....оваа после ни у селата нема да може маж да најде.
 
Здраво дечки, видеово


е направено во знак на протест против локалната самоуправа во Велес, која што изминативе 23 години покажува колку е неспособна со тоа што не може или не сака да асфалтира или поплочи улица со должина околу 50/60 метри и покрај тоа што до истата е доставено барање со потписи за асфалтирање на улицата и проблемот е пријавен на нивната официјална веб страна, ве молам ако сакате да ми помогнете да не живеам во село сред град со тоа што ќе го видите, лајкнете или споделите видеото ;)

UntitledsZPpS.png
 
^ само ваа улица да е..поранешна Марксова не дај боже да заврне не па подолго да врне тоа е право езеро ако помине кола а ти одиш по тротоар лом си :)
 
Ај препорачајте доктор за матичен во близина на гимназија или општина
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom