Велес

  • Креатор на темата Креатор на темата kurle
  • Време на започнување Време на започнување
А шо толку Трајко Леов им смета на странските инвеститори?! Ја работам во Леов и зимам 10 000 плата...како мојава и платите на останатите, кој патем зимаат некој и повеќе, им смета на странските инвеститори?! Демек тој од странство ќе дава 15 000 плата, па Трајко Леов го кочи да не инвестира или да отвори било што во градов. Смешни сте.

Нема тука сметање или не....туку секој таков "моќен" бизнисмен си има свој пипци,кај градоначалници,владини пратеници,министри,комисии за ова за она.

И поради тие пипци....инвеститорите не можеш да ги најдеш близу до локални робовладетелски фирми.
 
Епа тоа шо некој во општината е рекетар и лаком за пари, не е Леов крив, он само си искористил ситуација. Ако општината пресече дека МОЖЕ да инвестира некој од страна, не Леов свети Леов нека дојде џабе е...
 
Поентата е што сеуште има многу невработени и затоа и се платите такви кај нас.. ако се реализира инвестицијава и дојдат 2-3 вакви фирми и снема работници тогаш ќе видите дали ќе даваат плати на работниците по 8-10.000 денари..
 
Ако општината пресече дека МОЖЕ да инвестира некој од страна, не Леов свети Леов нека дојде џабе е...

Чекај бе ти зар мислиш дека постои некое независно тело наречено "општина"...и дека таа си одлучува по нејзино?

Баце бре.....па градоначалник на општина за да дојде на власт,кампањата му е финансирана од таквите големи фирми....
советниците во општината,се обични послушници кои се ставени таму исклучиво заради нивната способност на клатење глава.

Значи не може во никој случај да дојде туку така инвеститор ако големите локални фирми не дадат амин.
 
62212"]Поентата е што сеуште има многу невработени и затоа и се платите такви кај нас.. ако се реализира инвестицијава и дојдат 2-3 вакви фирми и снема работници тогаш ќе видите дали ќе даваат плати на работниците по 8-10.000 денари..[/quote]

MrzaRules Веќе некој пред мене ти дал соодветен одговор. А ти или ептен си празен во главата или си вмровски куртон. Можеби сите муабети не се вистинити ама има многу гласини дека леов му фрла ситни евра во очи на Горан Петров и остала багра за да не доаѓаат гиганти во Велес.

Ако се отвореше таа фабрика за 4000 работници или топилница да се рестартира и да им дадат толкави плати на работниците кој ќе му работи на леов за 30 денари саат?

Зошто тој е најпротив да се рестартира топилница а?

Или владиката не сака народот да работи во фабрика и интелектуално да се развива туку да си копаат лозја и в црква да се молат пари да оставаат за да заврне.

Слаб народ, јака држава! Ако има овци ќе има и волна!
 
Не знам колку сте информирани за Хотел Интернационал дека ке биде болница Систина?
 
Не знам колку сте информирани за Хотел Интернационал дека ке биде болница Систина?
Ја имам слушнато муабети. Дај боже нека биде, штета е такво место да скапуе во центарот на градот!
 
Ја имам слушнато муабети. Дај боже нека биде, штета е такво место да скапуе во центарот на градот!
Како што имам слушнато за таа полуруина сегашниот газда барал 2 милиона евра кеш......плус уште колку пари ќе му требаат да го реновира или преправи....а дали и од општината ќе му дадат да направи болница, сегашниот газда сакал да го преправи за станови ама не добил дозвола од општина оти таму по ГУП било предвидено да има хотел, па се решил да го продаде....сепак таа информација треба да биде земена со резерва!!
 
Не дека Систина го нема тој ќеш, ама многу пара тоа бе! Објектот е во финална фаза на распаѓање тој бара 2 милиони евра :eek:
 
Дефинитивно на најубавото место во градот грди тој чир таму и зафаќа многу простор џабе. Што и да направат тука би било подобро од ова што е моментално.
 
Не дека Систина го нема тој ќеш, ама многу пара тоа бе! Објектот е во финална фаза на распаѓање тој бара 2 милиони евра :eek:
А што мислиш зошто скоро мин 5 год од кога е продаден така стои.....плус строг центар и има може 80 соби....ама како и да е таа цена може да ја сонува дека некој ќе му ја даде!!
 
Мислам дека е еден адвокат од Скопје.....ама за име навистина не знам
 
Горе гледам дека има нешто реновирано, ставени нови прозорци и тоа е одамна. На покривот растат дрва, да ти е жал да гледаш, сред град таква мизерија... Скроз доле вратите се искршени, внатре несакам ни да замислам какво е.
А уствари од кога не е во функција местово? Никако неможам да се сетам дека функционирало откако сум родена...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom