Знам дека ти е постар постов, но сепак:
Дефицит на Б12 може да се јави и како неспособноста на организмот да го искористи истиот витамин. Знаеш дека постојат луѓе омнивори а се сепак страдаат од Б12 дефицит. Има неколку објаснувања, од кои едно е дека во вакви случаи е загубената способност на организмот правилно да го апсорбира и понатаму користи витаминот Б12 кој бил претходно внесен преку омниворската исхрана.
Имаше неколку студии направени кај различни групи на луѓе од кои, една токму ваква група на луѓе - омнивори со недостаток на вит. Б12 и кај кои, замисли, преку постење истите го доведоа нивото на Б12 во нормала!!! Ждерење месо ко луди животињи не им помагаше, ниту спулементи и сл. срања...

Затоа наравоучение, при дефицит на одреден витамин, минерал и сл., постојат и други опции покрај продолженото внесување на дефицитната супстанца и/или земањето суплементи/инекции.
Во светот постојат стотици илијади групи на индивидуи кои се здрави и снажни, но и млитави и болни (што често се разболуваат): омнивори, вегетаријанци, веганци, фрутаријанци....... итн итн.
Затоа време е да се стават во минатото овие митови на Б12 дефицит со кои се заплашува и осудува хербиворното население.