Тешко се фаќа петел или кокошка, или па свинчето додека го извадеш од кочината.. Оти и они насеќат дека и се спрема нешто неубаво, и не се дават лесно.
Месото е ногу убава работа. Коа е требало сам сечел вратове на кокошки, петли. Држал сам глава на јагне/јаре, овца, свинче за време на колејне. Еднаш дури и се пробах како главорезец на едно свинче, малку повеќе крв истече ама пресечех главата... Па се дере кожата на свинчето, деле се месото, белото се сече или за пушејне или за џиберинки.
Другарите соберени, сите со ножове разработени, сечат, чистат, средуват. Туршијата таман стасана, греана ракија, вино домашно, месото оште топло и чуре, се реде на скарата, па се мезе додека се работе. Откоа се заврше работа, баница дома усукана, оште ракија, оште салата, и оште месо (пржено, печено, на пареа, на скара), па дропче, ово оно... Маабет, маабет... Идила... Кој не го е доживеал, ништо не знаа...
За некој животинска суровост, за мен празник.
Секој шо си гледа дома свинче, гледа го за една намена. Еден ден да го изеде слатко.
Разбирам ги и вегетаријанците, оти сам постил у пости ногу пати. Убаво е човек да се испостува, да се прочистува. Ама нека дојде некој тревопасен да работе нешто потешко. Требе сила, кондиција, и тешко јадејне... Нејќе трева.
.