Е ајде прашај... што ми те мачи сештојадецу...![]()
Објасни ми човекот на каков тип на исхрана се адаптирал во текот на еволуцијата и кои негови фенотипски карактеристики се доказ за истото...? Стриктно со факти...
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Е ајде прашај... што ми те мачи сештојадецу...![]()
Пасел трева и собирал јатки и станал верверичкаОбјасни ми човекот на каков тип на исхрана се адаптирал во текот на еволуцијата и кои негови фенотипски карактеристики се доказ за истото...? Стриктно со факти...
Ете Стеф ти објасни со прости зборови...Објасни ми човекот на каков тип на исхрана се адаптирал во текот на еволуцијата и кои негови фенотипски карактеристики се доказ за истото...? Стриктно со факти...
Ете Стеф ти објасни со прости зборови...Туку кажи ми ти каков треба да биде и каков бил човекот по природа месојад или плодар(да не речам тревојад)... се знае човекот имал таква градба на организам што него не му требало месо само плодови бидејки со плодовите се заменува протеинот кој го внесуваме со месото(ете додади го и јајцето оти и тоа е плод на некој начин нели сеуште не е животно така да нема потреба од месо плус и месото е нездрава ствар али кој да разбер сите сме робови на своите желби и страсти така да сме робови и на вкусовите, ама си има последици сето тоа) ова е инаку со факти научно е докажано ако те интересира провери си на нет имаш се... Едно прашање јадеш хамбургери и слична брза храна, и бидејки знам дека да колку често... те прашувам оти тоа ти е нај шит храна која му е наметната на денешниов човек кој наместо да еволуира ко што викаш погоре тој фино и лепо си деволуира степ бај степ, а брзата храна е најприфатена оти е најфкусна(мене не ми е ама нема везе) нели најбрза и се фклопува со начинот на денешниов живот... трчи наваму трчи натаму и оп хамбургерче... и после американцине ни биле криви...
НЕ се проблем хормоните антибиотиците создаваат хаос,а исто и пестицидитеНемам јас потреба на нет да барам информации за вакви и слични тематики...Верувај...Можеби во некоја наредна прилика ќе ти кажам зашто...Така да немаш и потреба лаички да ми објаснуваш...Прецизирај на кратко со аргументи и факти и крај...
Туку ај штом толку ти се дискутира за ова ќе почнам со следново:
Велиш дека во тек на еволуција човекот е адаптиран да биде хербивор...Тогаш зашто нема ензими во склоп на човечкиот организам кои ќе ја метаболизираат целулозата, кои хербиворите ја внесуваат во голема количина...? Зашто во усната празнина на човекот има заби секачи, кои се еволутивно се развиле првенствено за раскинување на месо...? Потоа ph средината на желудечната киселина, која е јако кисела и освен бактерицидното дејство помага и за полесна дигестија на внесената храна, како месото на пример, кое има посложен состав...И општо целата анатомија и морфологија на дигестивен систем на човекот кој ако го споредиш со оној на хербиворите ќе забележиш огромни разлики, затоа што човечкиот е адаптиран на поширока лепеза на исхрана, т.е омниворен начин на исхрана...
Во однос на метаболичките процеси тоа е друга тема и можеме нахнадно ако сакаш за тоа...Само едно ќе ти кажам - а тоа е дека аминокиселините и други материи, кои ги добиваме од животинската храна, а посебно од чистото месо, не може да ги замени ниту еден плод, ниту соја, ни грав, ни ништо...
Проблемот е што во денешно време не знае човек какво месо јаде, бидејќи ги третираат животните со хормони и триста чуда, не знаеш ни колку е чисто и тазе тоа што го јадеш...Тоа е проблемот...Доколку конзумираш квалитетно и проверено чисто место, не може ништо да го замени...
месото е...канцерогено а??
еским болен од рак си видел?
А што е со растенијата? Зарем не знаете дека и тие чувствуваат болка? Само зошто немаат крупни очички и убаво лице кое те тера да крикнеш awwww! секојпат кога ќе го погледнеш не значи дека растенијата не се живи суштества, и секако тоа не ја прави нивната болка безначајна.
Затоа, секогаш кога ќе седнете да јадете whatever you vegetarians are eating these days, помислете на растенијата кога биле доведени на овој свет преку прекрасните механизми на природата, на нивното оддржување во живот преку процесот на фотосинтеза иии ред други работи за кои учев во основно и не ми текнуваат во моментов...*продолжувам* само за да бидат откорнати на брутален начин од лошиот земјоделец и фрлени во камион како човечки лешеви за време на холокаустот. Се надевам дека ова ќе ве натера да отидете чекор понапред па како освестени индивидуи ќе се откажете од вегетеријанството и ќе се научите да живеете само на воздух.
Сега сериозно, мене лично не ме интересира дали и зошто некој е вегетеријанец, нема да го убедувам со тези дека демек месото е далеку поздраво или што ти ја знам, туку едноставно иритирате кога глумите дека сте морално супериорни (како Пријателов) САМО зошто сте вегетеријанци.
За таквите... една интересна статија од nytimes.
А шо ако си ја одгледуваш храната со многу љубов и позитивна енергија, ја заштитуваш од штетници, од болести, плевели, редовно ја наводнуваш и на крај слатко слатко си ја изедеш? Или не се важе тава?
Објасни ми човекот на каков тип на исхрана се адаптирал во текот на еволуцијата и кои негови фенотипски карактеристики се доказ за истото...? Стриктно со факти...
Колку од тие протеини се со BV 100?Ниеден
Колку од тие протеини се со BV 100?Ниеден![]()
Јајцето цело и протеин од сурутка имаат 100Епа ни кога јадеш месо или јајца, не е возможна апсолутна - 100% абсорпција на протеините! Камо да имаше такво нешто.... досега сите ко Попај Морнарот ќе бевме![]()
Сепак искрено да си кажеме нашиот македонски стандард
и не е за вегетаријанство, за поединци да но не сите.
Ако немаш услови да бидеш вегетаријанец а со сила сакаш
да бидеш, тоа е глупост и уништување на здравјето, знам многумина кои тоа го направиле, и си го нарушиле здравјето.
Човекот може без месо да преживее, но неможе да се
спротиставува на природата.
Ако си вегетаријанец а конзумураш редбул, кока кола, пушеш цигари,
не спортуваш, си фанатик во однос на јадење месо и си искомплексиран поради тоа, немаш начин да се справиш со стресот можеби и стравот тогаш нема никаква смисла вегетаријанството.
Затоа вегетаријанството е лажна доктрина.
Потребно е да имаш Љубов и Верба во себе
и Оној кој те создал го создал животот и во се што е убаво.
Прегледај го приврзокот 49330
И уште неколку битни работи би ги прашала вегетаријанците, но сега не навлегувам длабоко во ова бидејќи ми се спие...
http://www.guardian.co.uk/science/2012/sep/23/human-hunting-evolution-2million-yearsСум го пропуштил коментаров, ц, ц, ц, - како сум можел![]()
Братко зошто вегетаријанството не е за наш македноски стандард!?
Баш пола од вегетаријанците се веге ради стандардотшала на страна, ама има луѓе кои јадат месо само за празници или еднаш седмично баш ради стандардот... остај то...
Баш кога ќе се откаже човек од месото - му остануваат екстра пари (што и не се малку, ако јадел секој ден месо или на два дена) за да си купува други намирници. btw зелените работи се евтини...
Да те прашам:
1. Господ ги создал живите битија само за да бидат наша храна?
2. Шо мислиш дали ние (како што си замислуваме дека сме на) на врвот од хиерархијата на живиот свет, имаме право да одлучуваме и пресудуваме за животот на останатите живи суштества (крави, овци, кози, свињи, десеттици видови риби, кокошки, мисирки - се’ што јадеме секој ден во вид на месо)!?
Поздрав, Убав Ден
--- надополнето: 28 септември 2012 во 10:30 ---
Чупче ај (ама жити се’) обиди се со тие заби да уловиш нешто, да го задавиш и да го раскинеш на парчиња и да го изџвакаш со сите останати заби.
Ако успееш од мене имаш софра, широка и долга колку шо ти ќе сакаш
АаааааКо не, ти частиш - договорено?![]()
Поззззз![]()