Вчера пребарувам некои информации на кајгана и налетав на оваа тема. Ме погоди во срце. Вечерва овде без тебе.Ми беше тешко, повторно без него.Ми фали.Секој момент го отворам телефонот,нема ниту порака ниту пропуштен повик.Ми фали.Мисли ли на мене, каде е, спие ли,ако спие ме сонува ли?! Го сакам, ми треба. Нема ништо поубаво од ноќите поминати заедно. Ќе се свртев на едната страна а тој од позади ќе ме гушнеше толку силно, низ телото ми лазеа морници, се чувствував толку мирно,сигурно. Можам спокојно да заспијам. Секој пат се будев, и го гледав како мирно спие, и се вилев...Го сакам, ме сака..Посакувам целиот живот да се будам покрај него. Гледав во саатот, уште колку можам да уживам. Утрото не враќаше во нашите животи каде што не можеме да бидеме заедно. Нема ништо поубаво од тоа да се разбудиш покрај оној кој го сакаш. Нема ништо поубаво да те разбуди со бакнеж, со милување.Аххх како во сон.Како и да е, животот си го направи своето, обврските не растргнаа, вечерва сум повторно без тебе, ќе заспијам сама, можеби ќе се разбудам и залудно ќе те барам до мене, може ќе ти се јавам, може јас тебе ќе ти фалам.Може...Може и следното утро да го дочекаме заедно..Може...