...така од никаде, ничим изазвано, конечно, конечно се случи тоа што највеќе го посакував. Се ослободив од горчината и бесот во себе, без да се истурам врз никој и во мене остана само рамнодушност кон твојата појава. Ниту те видов, ниту пак скраја да е сакам да те видам... Не знам, нешто кликна во мене денес и одеднаш дишам слободно... необјасниво нешто. Само знам, дека никогаш повеќе нема да дозволам некој да се приближи до тоа да ми ја уништи вербата во љубов и оптимизмот - она што ме води во животот. Еднаш се греши. Еднаш згрешив. Никогаш повеќе нема да дозволам да станам толку огорчена и без воља, затоа што на крај краева, никој не ни заслужува заради него да ја изгубам насмевката и она што ме прави мене тоа што сум - иритирачкиот оптимизмот и бескрајниот детски идеализам - во се има убавина и љубовта е тука некаде. Животот е полн со бои, никогаш повеќе нема да дозволам да стане сив и безличен.
Чао, аривидерчи, дасвидања, адио...
Конечно можам да дишам, се осеќам најискрено ко камен да ми паднал од срце.
...и тоа од нигде негде...
Чудна работа, мајката. Ама не се жалам, убаво ми е.
Завршив со тоа поглавје.
Всушност, ќе се поправам.
Завршив со цела таа црна книга (книга на порази) и метафорчки ја кинам на милион парчиња.
Доста беше.
Крај.
И јас го имам правото да бидам среќна. И ќе бидам. Знам дека ќе бидам. Можеби не утре, но наскоро. I can feel it.
Сега периодов ми останува да си пејам :