Вечерва овде без тебе...полесно ми е. Не постојат лицемери во мојот живот, барем така мислам. Не ми е жал. Напротив сега ми е мило што конечно дознав многу работи. Можеби дел е моја вина, но еј тоа сум јас. Знаеше каква сум, како реагирам на секоја ситница. Знаеше дека избувнувам брзо, дека се лутам и дека ми поминува за некое време.
Преку ова едноставно не можам да поминам. Посреќна сум, се надевам и ти. Не сакам да те видам. Не дека ќе ми се вратат чувствата, тие се тука, не сакам затоа што знаеш каква ќе биде мојата реакција...
Не ме обвинувај мене зошто имам на кого да се обратам..обвини се себе си зошто ти немаш на кого да му кажеш. Немој да мислиш дека ме повреди со тоа што ми кажа дека тој нема да се врати поради мене. Знам дека е тоа така. Ама разликата е што помеѓу мене и него имаше нешто чисто и искрено. А помеѓу нас двајца не. Меѓу нас имаше лаги кои си ги смисли ти. Сепак јас не бев со него кога бев со тебе. Јас ти кажав зошто сметав дека треба да бидам искрена.