vavilon

  • Креатор на темата Креатор на темата golem brat
  • Време на започнување Време на започнување

golem brat

dojdov vidov pobediv
Член од
23 февруари 2009
Мислења
417
Поени од реакции
20
biblijata zapocna so vavilon i so nego i ke zavrsi
toa sto vaviloncite ne uspeeja da go dovrsat , toa go dovrsuva nivnite naslednici

--- надополнето ---

voskresenie напиша:
biblijata zapocna so vavilon i so nego i ke zavrsi
toa sto vaviloncite ne uspeeja da go dovrsat , toa go dovrsuva nivnite naslednici
sto mislite vie za toa?
 
Приказната за Вавилон е стремежот на луѓето да одкриваат, соработуваат, и напредуваат. Тој напредок е симболично прикажан во градењето на "кулата" која е симбол за човечката способност и стремеж да го достигне божественото, да се обедини во единство. Но ликот на љубоморниот бог од библијата, кој од самиот почеток им го ускратува интелектот на луѓето, и овој пат се вмешува во напредокот на човечката цивилизација создавајќи раздор и растурајќи ги луѓето со цел да го спречи нивниот напредок. Богот од библијата одсекогаш бил кочница за напредокот и прогресот на човечката цивилизација, фрлајќи ја во илјада годишен мрак и страдање познато како темната ера на средновековието! Но леденото доба на човечката мисла нема вечно да трае, и новиот Вавилон повторно ќе биде создаден, човештвото повторно ќе се обедини и повторно ќе биде силно, со еден "јазик", една "нација" и една "кула"!
 
Мислам дека видеото за EXIT е една од поглупите работи кои сум ги сретнал во животов...здраво перење на мозокот.
Очигледно е дека е отворена пропаганда против се нехристијанско.
Штета,темното доба никогаш нема да се врати!
Навистина сме среќни што живееме во време кога на човека КОНЕЧНО му е дозволено да има колку-толку слобода да се искаже(мислам на анонимноста која ја нуди интернетот),кога КОНЕЧНО почнуваме да се гледаме такви какви што сме,кога КОНЕЧНО можеме да се осврнеме на нашите сличности,отколку на нашите разлики.
Навистина е жално што сеуште постојат многу од оние кои од безброј причини безмилосно го жигосуваат секој што не размислува како нив.
Погледнете ги само стереотипите кои виреат во денешницава.
Буквално се е ставено на статус:fear.
Народот се држи во темница,во страв бидејќи постојат такви кои не можат да си дозволат open-minded општество!
Жално е што очигледно денес пендрекот и пиштолот се посилни од перото.
За среќа со мејнстримизирање на сајтови како 4chan и слично каде што човек може отворено да
проговори за се,без да му биде тропнато на врата,ние конечно излегуваме од темнината на незнаењето.
Што се вели,фала богу.
 
Во видеата, има подоста вистинити работи, но нивната вистинитост не можеме да ја потврдиме 100%-но, затоа што низ историјата, веќе се јавуваа фаци кои сакаа да господарат со Светот, но тоа не им успеваше. Тоа лесно може да се случи и со Европската Унија и Обединетие Нации, кои се модел и „загревање„ за конечното униформирање на Светов во една планетрана држава, во која ќе царува антихристот.

За раслика од Александар, Наполеон и Хитлер, денешните властодржци имаат досега невидена техничко-технолошка можност за елегантно владеење со народот, така да...Но да не бидеме песимисти, да не се занимаваме со Светот, туку да се надеваме на Христа Богочовекот, Кој веќе го победи Светот.

Самито поим „вавилон„ значи „неред, хаос, беззаконие„, кој (поим) историски се врзува не само за асиро-вавионската цивилизација, туку во апостолско време, градот Рим бил тоагшнито „вавилон„ а денес, САД се очигледниот „вавилон„ од нашево време.
 
Самито поим „вавилон„ значи „неред, хаос, беззаконие„, кој (поим) историски се врзува не само за асиро-вавионската цивилизација, туку во апостолско време, градот Рим бил тоагшнито „вавилон„ а денес, САД се очигледниот „вавилон„ од нашево време.

Тоа во Хебрејска литература.Оригинално името Вавилон потекнува од акадискиот збор Babili кој значи Божја Порта.
 
Набукодоносор II владетелот на Нео-Бабилонското царство во 597 година го освоил Ерусасалим, по 10 години односно 587 година поради бунт во Ерусалим тој го запалил и уништил градот до темел. Околу 10000 од интелектуалците во тоа време жители на Ерусалим и Јудеја, ги однесол во Бабилон. Тоа е т.н бабилонско ропство, буквално ги оставил само земјоделците и занаетчиите, кои биле неуки и сами неможеле да започнуваат бунтови. Со него се поврзува и градењето на Висечките градини. Во стариот завет има опис на настанов од очите на Евретите во литературна форма, така да доколку ги прочитаме бабилонските хроники ке имаме сосема различна слика за настанов. По освојувањето на Бабилон од страна на персискиот крал Кир велики, тој ги депортирал Евреите назад во Јудеја и Нео-бабилонското царство било уништено. Според Евреите, Јахве го уништил Бабилон.
 
Еве едно интересно пророштво за градот Вавилон.

Пророкот Исаија, неколку века пред да се случи напишал:
"Вавилон, украсот на царствата, годрост на Халдејците, ќе биде соборен од Бога, како Содом и Гомор, нема да се насели никогаш, во него нема да има жители од род во род"
(Исаија 13:19-20 и глава 47)


Кога Исаија го изрекол ова пророштво, Вавилон бил еден од најголемите и најсилните градови во тоа време, но и со векови пред и по тоа. Вавилон бил најголемиот град од 1770 год пне. до 1670 год. пне. и исто така во периодот од 612 год. пне. до 320 пне. Се претпоставува дека тој бил првиот град кој достигнал популација од над 200.000 жители.
Едноставно не постоела никаква конкyрентна надворешна сила која му се заканувала на овој град. Веројатно многумина му се потсмевале на Исаија заради ова пророштво.
Но иако бил "украсот на царствата" како што вели пророкот, заради големото идолопоклонство, гордоста на вавилонците која се кревала до небото, паганизмот, спиритизмот итн. Вавилон бил темелно соборен од Бог.


Историја:

Овие инспирирани зборови на пророкот Исаија почнале да се исполнуваат во 539 год. пне. кога војските на Медијците и Персијците под водство на Кир го освојуваат градот, убивајќи го тогашниот цар Валтазар. Вавилонската светска доминиација е соборена во една ноќ! Со тоа завршуваат вековите на семитската превласт и светот сега паѓа под контрола на аријците. За самиот Вавилон започнува периодот на пад што трае неколку векови.
Во 331 год. пне. Вавилон е освоен од војските на Александар Македонски. По неговата смрт во 323 год. пне. неговото царство е поделено меѓу неговите генерали. Во 275 год. пне. вавилонците масовно се иселуваат во градот Селуција. Со ова иселеништво историјата на моќниот Вавилон се приближува до самиот крај.
До четвртиот век н.е. од моќниот Вавилон остануваат само еден "куп урнатини" од време на време буричкани од археолозите и, се разбира, од оние кои му се воодушевуваат на горенаведеното исполнето пророштво на Исаија.
1.gif


Доколку сакате да го посетите и да се уверите во неверојатното и дословно исполнување на пророштвото на библискиот пророк Исаија, урнатините на древниот Вавилон се наоѓа во денешен Ирак, во Месопотамија, меѓу реките Тигар и Еуфрат.

59541602.BabylonRuins1.jpg

 
Безброј градови во светот биле уништени. Ова не докажува никакво пророштво.
Исто ко да проречеш „ќе умреш еден ден“.
 
Ме интересира на кој начин вернициве на форумов гледаат исправност во постапката на бог да направи раздор помеѓу луѓето, да ги збуни и да им ги измеша јазиците за да неможат да се разберат? На кој начин за вас тоа е добро и праведно?
 
Ме интересира на кој начин вернициве на форумов гледаат исправност во постапката на бог да направи раздор помеѓу луѓето, да ги збуни и да им ги измеша јазиците за да неможат да се разберат? На кој начин за вас тоа е добро и праведно?
Кој бог жити се.
Енлил или Енки ?
 
или да не им даде знаење за добро и зло, па да ги казни ко ќе згрешат?!?
 
Богот од стариот завет, каде што и е приказната.
Јас мислам дека повеќе од јасно е кој ни е креаторот. Дали на поарно или на полошо тоа е може мистерија.
Ако е тоа така што не ти е јасно :toe:
 
Кој е тој очигледен креатор?
 
Јас мислам дека повеќе од јасно е кој ни е креаторот. Дали на поарно или на полошо тоа е може мистерија.
Ако е тоа така што не ти е јасно :toe:
Моето прашање беше јасно! Јас не прашав кој е креаторот, туку
на кој начин вернициве на форумов гледаат исправност во постапката на бог да направи раздор помеѓу луѓето, да ги збуни и да им ги измеша јазиците за да неможат да се разберат? На кој начин го гледаат тоа како исправно, како праведно?


 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom