Вашиот живот до сега - на кратко!

  • Креатор на темата Креатор на темата VeGaS
  • Време на започнување Време на започнување
Ги споив двете теми, зошто во суштина се исти!
 
Роден на 29.05.1992 - уште малку па 17 години ( и јас остарев ):vozbud:
На 2 години пикнав цел клуч во печката како не се запаливме уште не ми е јасно
На 3 години успеав да се повредам со пиштол на кабзи
На 4 години првпат ги видов Барса на телевизија и оттогаш навивам за нив
На 5 години клинец долг 15 сантиметри ми влезе во ногата
На 6 години забаваче, плачење, гличење и нејќење одење нашколо
На 10 години првиот компјутер (едвај дочекав тој ден да ми го донесат)
На 13 години првпат сам на 1ви и 2ри Мај
На 14 години првата женска (малку касно ама таа е)
На 15 години се запишав Гимназија и офцијално станав кремец
На 16 години открив колку е јацко да си дел од Кајгана форумот
To be continued....
 
14.12.1992 несреќниот датум на моите родители:)
На 3 години добив телевизор на некоја наградна игра и ден денес го чувам:):)
На 4 години поаѓање во градинка и плачење,тепање,играње итн.
На 6 години поаѓање во забавиште
На 7 години ги пишав своите прво букви кој успех:)
На 11 години поаѓање во 5 одделение таму нови предмети и неможев да сватам зошто на секој час други професор доаѓа
На 13 години прв бакнеж(ужас подобро и неможеше на тие години)
На 14 години прва врска
На 15 години запишување во средно запознавање нови интересни фаци:)
На 15 години прва посериозна врска која траеше малку подолго
На 16 години прекин на врската
На 16 заминување во Словенија за потрага по нешто подобро
И толку за сега
 
На 3 години почнав да слушам рок под дејство на татко ми.
На 5 години га добив најомилената играчка што некоаш сум ја добил а тоа беше само едно камионче во кое ме собираше во него :pos:
На 6 години га направив мојата наомилена слика која ја чувам ден денеска.
На 7 години ја шутав првата чаша со вода и заминав во училиште иако бев мн понизок од сите и можда требаше да зачекам уште некоја година :pos:
На 13 години за прв пут сватив што е љубов... и тоа колку знае да боли.
На 18 години почнав да го гледам поразлично светот и вредностите на животот и не биле прости људите што велеле дека до 18 год си зелен :P
На 19 години ...
 
Уште од мали нозе .......................................
Сега кога ми пораснаа нозете .........................:toe:
 
- На 3ти Мај 1995 доаѓањето на светов...
- На 2 год. беше моето прво големо паѓање од кревет и трескање на главата во паркет,заринкување со еден збор.
-На 4 год. ме пратија моите во градинка и се паднав кај најлошите воспитувачки или како и да се викаа.Запознав едно девојче кое што додека спиев ми ги вадеше шнолите од коса,а ја нишо не осеќав.Првпат заплакав тогаш за нешто кое што мислев дека сум го изгубила.
- На 5 год. долгата косичка ми ја ишишаа на кец и бев ко машко па така да не ми беа големите буцкасти обравчиња [претпознатлива бев по нив :icon_lol: ] ќе ми го сменеа името од Христина во Христијан.
- На 6 год. Наташа и Дејан ме запишаа во „Браќа“ [порано ме пуштија во школо многу им бев напорна излеа:icon_lol: ] и од тој момент кога влегов у тоа сра*е неможам да се отарасам од него.Ми нема спас дефинитивно.
- На 8 год. првпат добив точаче,пони.Беше 1000 пати поголемо од мене,неможев да се качам на него без нечија помош,а не па да го возам низ маало.Го терав дедо ми да ме гура низ двор и ми текнува кои радости беа кога ме вртеше низ двор. Ко кралица на светот се осеќав.:icon_lol:
- На 9 год. по некоја случајност,научив да го возам понито и не се симнував од него таму до 11 год.Прв најдобар другар ми беше,дури и муабет си праев со него.:icon_lol:
- На 11 год. си го славев роденденот во една на времето многу позната палачинкара и за тоа време додека го славев,за првпат лупнав 3 корпи на исто машко.Горда бев на себеси во тој момент.
- На 12 год. го имав првиот дечко [дешафка која што радо би ја сменила беше ова] али дефинитивно послем ова ми дојде памет.:icon_lol:
- На 13 год. ми се исподесија едни од најубавите работи во животов,научив да се борам со луѓето,да се спротиставам,научив да губам,научив вистински да сакам некого и да не се плашам да го покажам тоа.Сфатив дека постојат вистински другари/ки,дека не чекаат некаде и дека е наше само да ги пронајдеме.Почнав да созревам.
- На 14 год. сфатив дека не се исплати секогаш искреноста...иии толку е.
 
бебе- под постаојана тортура од сестра ми
дете- мирно, сама сум играла, сама сум си зборела
9 - 15 - чувана ко под стаклено ѕвоно- причина астма, школо, англиси, пливање, ликовни секции, цртање сцени за сите потреби во школото, литаратурни натпревари и пак постојата тортура од сестра ми
од 15 натака- збеснав, не можев веќе за издражам, први искачања, прв дечко и долга врска, глупости на часови, неоправадни, прво пијанство на нова година и одомори со друштво
од 17 до кај 19- период на кафани и не прибирање дома, ХЕРА
од 19 до сеа- новинарство, најдобра у група( горда на својот успех), љубов кон фотографија,контрирање на асистенти и колеги, искуство во весник, пиење во парк, неразделива со женчињата и секако Hellsing- сонцето мое...
 
- На 3ти Мај 1995 доаѓањето на светов...
- На 2 год. беше моето прво големо паѓање од кревет и трескање на главата во паркет,заринкување со еден збор.
-На 4 год. ме пратија моите во градинка и се паднав кај најлошите воспитувачки или како и да се викаа.Запознав едно девојче кое што додека спиев ми ги вадеше шнолите од коса,а ја нишо не осеќав.Првпат заплакав тогаш за нешто кое што мислев дека сум го изгубила.
- На 5 год. долгата косичка ми ја ишишаа на кец и бев ко машко па така да не ми беа големите буцкасти обравчиња [претпознатлива бев по нив :icon_lol: ] ќе ми го сменеа името од Христина во Христијан.
- На 6 год. Наташа и Дејан ме запишаа во „Браќа“ [порано ме пуштија во школо многу им бев напорна излеа:icon_lol: ] и од тој момент кога влегов у тоа сра*е неможам да се отарасам од него.Ми нема спас дефинитивно.
- На 8 год. првпат добив точаче,пони.Беше 1000 пати поголемо од мене,неможев да се качам на него без нечија помош,а не па да го возам низ маало.Го терав дедо ми да ме гура низ двор и ми текнува кои радости беа кога ме вртеше низ двор. Ко кралица на светот се осеќав.:icon_lol:
- На 9 год. по некоја случајност,научив да го возам понито и не се симнував од него таму до 11 год.Прв најдобар другар ми беше,дури и муабет си праев со него.:icon_lol:
- На 11 год. си го славев роденденот во една на времето многу позната палачинкара и за тоа време додека го славев,за првпат лупнав 3 корпи на исто машко.Горда бев на себеси во тој момент.
- На 12 год. го имав првиот дечко [дешафка која што радо би ја сменила беше ова] али дефинитивно послем ова ми дојде памет.:icon_lol:
- На 13 год. ми се исподесија едни од најубавите работи во животов,научив да се борам со луѓето,да се спротиставам,научив да губам,научив вистински да сакам некого и да не се плашам да го покажам тоа.Сфатив дека постојат вистински другари/ки,дека не чекаат некаде и дека е наше само да ги пронајдеме.Почнав да созревам.
- На 14 год. сфатив дека не се исплати секогаш искреноста...иии толку е.



И да се надополнам :)
-На 14 год. се разделив со долгогодишната најдобрата другарка.Место најдобра другарка ми стана најлоша непријателка.Сфатив дека можам без сите и дека само мал дел на луѓе ми требаат за да бидам искрено среќна.:pipi:
 
На 28.10.1989 во 01:20ч сум дошла на овој свет
Бев бебе и не се сеќавам мн.што сум правела, кога имав некаде 2години се сеќавам дека обожавав да јадам црвени домати и бидејќи бев мала и ништо не разбирав здогледав нешто црвено во собата и мислев дека е домат и тргнав да го изедам и почнав да грицкам и после некое време сватив дека јас грицкам црвена тапичка од шише:vozbud: дека е зима и нема домати и многу се изнервирав и плачев:pos2: потоа одев во грдинка и секое утро плачев, одев во забавиште и секој ден морав да го доживувам истото, секој ден ме пречекуваше комшијата и ме тепаше:uvo:(тогаш и тој мал-а инаку моја генерација)...појдов на училиште, ранецот и јакната беа поголеми од мене и одвај одев, еее мне патев на мали години :pos2: Во прво оделение ја запалив првата цигара.Во прво оделение прв пат се качив во авион и леав за Тунис...еее зошто сега не летам така:nesvest: потоа до кај 5оделение немаше ништо посебно. Во 6то одд прв пат се напив:kesa: тогаш бев во мн.лошо друштво, а то траеше се до прва год.во средно....мн пиев и правев мн разни глупости. Во прва година немаше некои промени бидејки од мало градче сум и сите се знаеме и така само некои нови фацки запознав и си го сменив друштвото и станав примерно девојче (сеуште сум :) )и го добив првиот бакнеж:pipi:...но тогаш и дефинитвно почнавда пушам цигари, станав зависна од нив и од кафето..тоа беше дел од пубертетот...излегувме, се дружевме....дојде 26.08.2006 е тогаш го фатив привиот мој дечко во кој се заљубив на прв поглед...се заљубив, а во фаца го немав видено, значи го видв во грб и толку ми требаше....тогаш имав 17год.сватив мн нешта...дека имам направено мн грешки,како функционира светот и сл....со него одев 4месеци,на 01.01.2007 раскинавме...во врска со него имам не.нешта поминато...:pos2: Дојде времето кога за прв пат имав секс...не уживав мн....животот минуваше..дружење,љубов, од се по нешто...во трета година во средно бев на полагање по хемија:toe:...станав матурант..прва генерација која полагавеме државна матура....во септември 2008 се преселив во Скопје, се запишав на факултет АРТ и ДИЗАЈН, отсек Графички дизајн (на ЕУРМ)...е тука веќе почна да се случува нешто ново....животот ми стана поразличен од оној што го имав претходно...и така дојде 18.02.2009 си фатив дечко, се уште сум со него...и еве животот продолжува...а една желба ми останува...еден ден да издадам книга- делови од мојот дневник:pos2:

Не знам што друго да кажам... :helou::pos2::pipi:
 
Струмица, 1994, 29ти септември, родена во 10ч и 30 мин во струмичката болница...
1998 - го добив најубавото чудо во мојот живот, но истовремено изгубив и една драга личност
2000 - животот во забавиштето, со сите лудории и незгоди
2001 - тргнав на училиште и секој божји ден си плачев за мама оти не сакав да се одделам од неа :pos2:
2002 - паѓањето од велосипед и скршениот нос
2005 - првата повеќедневна екскурзија, првпат одделена од дома
2005 - свадбата на мојот прв братучед
2006 - запишувањето на играорна
2006 аѓен - рагањето на најмилата личност во мојот живот
2008 - постигнувањето огромни успеси во играорната, долгоочекуваните патувања за Хрватска, Турција и Полска се остварија
2008 - тргнувањето на мојот брат на факултет, цел ден дома сама (јеах)
2009 - сеуште сум во фаза на исчекување на мојата полуматура во јуни....:pipi:
 
Темава бе... :)
1. Свртена со газ кон светот уште од самиот почеток. Веројатно сум им прднала прво на бабиците и гинеколозите па после сум пуштила прв плач.

2.Болежливо фрагилно девојченце со кратко виткано црно косиче и крупни очи. Пораснато од леќата на баба и` бидејќи нејзините мораа да работат од 7 до 5. 2-3 сериозни астматични напади,губење на здив,паѓање во безсознание,влечкање по скопски клиники до почетокот на пубертетот каде и реков чао на астмата. По 6 години борење со неа.

3.Примерен основец,како и средношколец. Заинтересиран за пишување уреовидна поезија и проза,драма,режирање,први чекори во лидерството и планирањето проекти од различен карактер.
Можеби и премногу примерен кога ќе се навратам но сепак добро знаев да си ги искористам позитивните поени што ги имав кај професорите и класната. Иако сум била иницијатор на помали буцки и неколку подметнати глувчиња vo oсновно,во средно бев презафатена анализирајќи им ја психологијата :).Улога на outcast во последна клупа кој секогаш ќе промрчи нешто,а потоа професорот ќе побара објаснување со лагодна насмевка за тие мои глупи метафорични каки. :)But I'm a good girl :pipi:

4. Никогаш голем приврзаник на љубовта иако знаеше да се провлече низ редови. Додека не ме здрма ама и јас нејзе добро ја здрмав,мхм. Она мене...

5.Кајгана. :) Wish I never found her accidentaly while googling.Сепак си открив многу нешта за мене на жолтово,запознав прекрасни луѓе,некои и не толку прекрасни but that's all in the growing up part,is it?

6..Не можам да верувам дека животот ми се состои од 6 точки :pos2:Сепак памтам ситници отколку цели етапи,а ситниците си ги чувам за себе :). Хм,да скратам,пронајдов стабилност,добив покритие за волонтер во Чешка месец и пол мадафака ! :) Полека без фама но сигурно ги исполнувам соништата. И во тоа не сум сама штое најважно и ми помогна многу ми ја врати навидум загубената сила.:back:


Немојте вие мене кратко :pos: :pos:
 
Роден во крајот на 80тите поточно 1989, година кога Мадона се разведе од Шон Пен, Југославија го освои СП во ватерполо и Милан ја победи Стеауа во финалето на тогашниот Куп на Европски Шампиони со 4-0. Епа тогаш. Прво дете на родителите и радости (да знаеа што човек испаднав незнам колку ке се радуваа)

На 4 години поточно во 1994 година го бутнав телевизорот во дневна. Газот црвен цела година. Иста година ме пратија во градинка али се бунтував и ме прибраа дома.

1996 година прваче-колаче. Не плачев. Ме седнаа до девојче па се срамев цело време. :kesa:

2000 година. Тепачка во градинка пред 200 души публика. :duel: Победник - наставничката. Жртви - ушите на боксерите.

Период - непознат. Првиот бакнеж. :back:

2004 година. Полуматурант и првото пијанство плус првата цигара.

2005 година. Средношколец. Повеќе срам не сум доживеал. Почеток на најинтересниот дел од мојот живот.

2006 година. Интересно али тогаш беше мојот прв самостоен одмор во Охрид. И 3 месеци да беа ке ми беше малце.

2008 година. Матура. Плачки, лигавења и најубавите емоционални разговори.

2008 година али некој месец покасно. Пријава на Правен факултет. Одбиен - несоодветна матура. Пријава на Шумарски/ентериер. Примен. Зимата и првата оценка во индекс.

2009 година. Живеам сеуште и изгледа ке продолжам....
 
Споени две теми поради иста содржина. Продолжете:)
 
Se rodiv dalecnata 1985ta sam na svetov bez brat sestra samo so moite rastev zapisav osnovno pa sredno daleku od mojot grad pa zapisav studii porabotiv malku na moeto skolo pa sleduvaat i post diplomski... za sega se mi ode super zadovolen sum od sebe i od moite sposobnosti se nadevam na dobra rabota :helou:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom