Ова е превкусно! Индиски - наан леб.
1 лажичка шеќер, 30 грама сусам, 1 лажичка сол, 4 лажици масло, 2 чешниња Лук, 10 гр. квасец, 150 мл. вода, 300 грама брашно.
Во млака вода ставете го шеќерот и додадете го квасецот, па добро измешајте, поклопете и оставете да отстои 10-ина минути, за квасецот да стаса. Брашното и солта помешајте ги со маслото. Добро измешајте, за да нема грутчиња, кои се создаваат кога ќе се помешаат маслото и брашното. Додадете ја претходната смеса од шеќер, квасец и вода, па замесете тесто, малку премачкајте го со малку масло и оставете го на топло место околу 1 час, прекријте го со памучна крпа и оставете го да нарасне. Рерната загрејте ја 230 степени.
Малку премесете го нараснатото тесто и поделете го на 7-8 парчиња. Секое парче кружно расукајте го, по желба посипете го со сусам или ситно сецкан лук, соберете го во топка, па повторно расукајте го. Тестото наредете го во плех, па печете додека лебот не добие златна нијанса. Кога лебот ќе биде печен, можете да го премачкате со малку путер.
Ова го обожавам со сиренце, или само со јогурт. Ммм, превкусно е!