Вашиот идол во животот?

Дедо ми- што го чуваше семејството и не направи вакви какви што сме денес
 
Можда смешно, ама мене ми е Кристина Агилера
 
Ларс Кристиансен..збеснуам коа ќе му ја видам статистиката..на пример 10/10 неверојатен е
 
Па немам идоли. Има луге кои ги почитувам, но не ми се идоли. Луге кои ги почитувам се Никола Тесла, Ајнштајн, Коперник. Има и други но ако почнам да ги набројувам сите многу ке излезат.
 
Сега мојот нов идол е мајка ми...:pipi:
Има многу работи што не ги имам наследено од неа и стварно ми е криво.
Но сега сфаќам колку многу се труди за да успее...
..камо среќа јас толку многу да се трудев...:toe:
 
Идол онака класичен идол немам, но има луѓе кои стварно ги почитувам и сакам да бидам барем дел од тоа што биле они, но далеку од тоа дека ми се идоли.
 
Неам мислено онака за чоек со карактеристиките шо ми се свиѓет и шо сакам да ги постигнам туку само за карактеристиките.
Иам некоја определена цел... се надевам ќе ја постигнам.
 
На кои луѓе им се восхитувате?

Едно време мислам дека постоеше ваква тема, но ја пребарав, не ја најдов. Aко сеуште постои, ве молам споете ми го мислењево.

Кои луѓе ви се идоли и кому му се восхитувате за тоа што го постигнал во животот? На кои им луѓе им завидувате за нивниот успех, упорност, издржливост и верба во сопствените идеали? Дали тие извршиле некакво влијание врз вашата личност, ставови, предрасуди, начин на живеење и животни идеали, интереси и сл.?

Во мојот живот постојат повеќе луѓе на кои им се восхитувам за истрајноста во нивните заложби, за нивната упорност, генијалност и хуманост.
Од политичарите и борците за човекови права: Мартин Лутер Кинг, Нелсон Мандела, Лејди Ди, Мајка Тереза. Од музичарите: Тоше Проески, Владо Јаневски, Дино Мерлин, Мајкл Џексон.
Од историските личности и изумители: Александар Македонски, Гоце Делчев, Мисирков, Леонардо да Винчи, Никола Тесла, Алберт Ајнштајн.

Гореспоменативе великани извршиле и силно влијание врз мојот карактер, начин на размислување, ставови, идеи и интереси.
 
идол ми е Kurt Cobain поради размислувањата, ставовите и начините на кои се снаоѓал низ животот. Многу му се восхитувам на начинот како си го живеел животот и како создавал музика. Многу ми е жал што е мртов :(
 
идол ми е Kurt Cobain поради размислувањата, ставовите и начините на кои се снаоѓал низ животот. Многу му се восхитувам на начинот како си го живеел животот и како создавал музика. Многу ми е жал што е мртов :(

Забравила си ги Heath Ledger и Johnny Depp:):)
Инаку браво за идолите,на повекето твоја возраст идоли им се Лепа Брена и Стоја:kesa:
 
Мојот идол е човек со високо образование, огромна интелигенција и мудрост, почитуван во својата работа и од колегите и од тие на другата страна од законот (работи во МВР) човек кој има таков поглед што кога ке те погледне ке ти смрзне фекалијата, но има фаца на мистер универзум, човек кој не се р'чка но ако го р'чнат ке им даде перманент бан физички...човекот е за пишување на сценарио за македонски филм кој би добил оскар за филм од неанглиско говорно подрачје! 8) Екшн трилер, комедија и поучен филм во едно:)

Е вака дечки можете да објасните зошто некој ви е идол.

Фала на вниманието.
 
Мојот идол е жената што успева да се справи со сите згоди и незгоди што и` се случуваат во животот, што успева да истрае кога е најтешко, секогаш да чекори со крената глава..... <--- мај мам :pipi:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom