Донев
★★
- Член од
- 9 мај 2008
- Мислења
- 35.791
- Поени од реакции
- 52.799
Поради тоа што немаше доволно интерес за организирање на натпревар, еве една тема во која ќе можете да ги пишувате вашите идеи.
На секоја игра која ја играме скоро секогаш нели мора да и најдеме по некој недостаток, секогаш имаме некаква критика, нешто што не ни се свиѓа, нешто што би сакале да е поинаку направено. Епа ја отварам темава со цел да видиме како вие би направиле една игра. Да видиме каква е креативноста на кајганџиите во улога на креатори на игри.
Ако веќе имате некаква идеја, гледајте да не ја пишете во една реченица само, пробајте по опширно да ја објасните вашата замисла.
Исто така, не е темава само за кажување идеи. Може по слободно да се дискутира, да критикувате нечија идеја, да ја пофалите, да се надоврзете и да додадете нешто ваше и слично.
Еве две идеи од темата за натпреварот:
Па, повелете. Искористете ја вашата имагинација и креативност

РПГ во прво лице (Слично на Фолаут 3, и Фолаут Њу Вегас) од комитското време на Македонија. Почнуваш како 16годишен каур, угнетуван од клетите Турци, и полека низ играњето си го развиваш профилот, собираш нешта, итн. итн. Се зависи како си го градиш карактерот, дали ќе те сакаат каурите, дали ќе те сакаат турците, и од репутацијата. Играта инаку нема среќен крај.
Спој од повеќе игри во една и еден вид на Real-life симулација во прво лице е играта го израснуваш ликот по пат можеш да заглавиш во криминални дејства како малолетен престапник,трки со автомобили - NFS стил,можеш да одиш во војска па те препраќаат на воени жаришта - CoD/BF стил,спортист - ФИФА/НБА стил со become a pro/my player - како правиш трансфери нова средина стекнување пријателства и луксузот сам по себе што си доаѓа,можеш да бираш да продолжиш студии и по тој пат да тргнеш со основање на фирми и слични работи. Како што кажав Real life симулација по која според мене би се попалиле американските богати дебели деца кои би плаќале по 50 долари за играва која патем добро би им дошла со порции од мекдоналдс,KFC,старбакс и други.
П.С Можеш да бидеш и Драган Вучиќ - Farming Simulator стил на игра.
Па, повелете. Искористете ја вашата имагинација и креативност