Вашето секојдневно мени

  • Креатор на темата Креатор на темата СВН
  • Време на започнување Време на започнување
А да работиш на друго место и да ги купуваш сите овие производи, па да губиш време и да ги приготвуваш, тогаш ќе видиме дали вакво ќе ти е менито. Не дека се скапи, ама се губи време.

Има три пати да јадеш ајвар и сирење. :icon_lol:
да да скапо е плус и одзема многу време.Дур да испазариш,да зготвиш 3-4 саати.Башка сам сум,така да не земам голем замав.Обично за дома кога сум се се сведува на доставка на пица или суши!
 
Fast food не преферирам, инаку горе долу разновидна храна конзумирам, 3 оброци дневно умерено со многу вода и зеленчук, единствено имам интолеранција на некои видови овошје.
Слатки работи јадам али не ми се омилени.
 
А да работиш на друго место и да ги купуваш сите овие производи, па да губиш време и да ги приготвуваш, тогаш ќе видиме дали вакво ќе ти е менито. Не дека се скапи, ама се губи време.

Има три пати да јадеш ајвар и сирење. :icon_lol:
Ама барем си ја користи приликата. На пример имаш доктори што и со сето тоа знаење пушат по две кутии цигари на ден, целосна спротивност. Тој користи да се храни здраво. Не толку состојките колку моментот што јаде по малце неколку пати во денот. Така топ му е на желудникот.
 
Моментот што јаде по малку а често е плус да, ама состојките и те како се битни, не знам колку би му било топ на желудникот со еспресо и цигари ако го почнува денот после тоа со енергетски пијалок па онда со сок од портокал сето наведено му штети на желудникот па уште на гладно... :cenzura:
 
Јас си го расипав од нервози и нередовно јадење, затоа го пофалив ама што да правам, таква ми е работата, некогаш во 3 сабајле морам да се изнајадам :( инаку да, цигари, алкохоли, турско кафе насабајле па и често, тоа е како солна киселина да му истураш.
 
Јадам претежно мусли насабајле, со некои додатоци внатре, брусница пример. Не дека ми е убаво, али ми е најбрзо. Некогаш ми се пријадува пециво, па со јогурт оди тоа. Кафе порано пиев на гладно, сега откога ја зголемив малце дозата ми смета, и обавезно пијам после јадење. Гледам после тоа да убацам овошје, банани, праски, круши, грозје периодов. Ручекот е различен, не секогаш здрав. Исто и вечера, некогаш и ја прерипувам ако сум грицкала нешто. Пијам кафе накај 9-10 навечер.
Немам некое одредено време за јадење, им се висхитувам на оние што си знаат време за појадок, ручек и вечера под саат, али јас не сум од тие.
 
Претежно калорично и тотално непотребно да е така, но што е тука е. Периоди.

Преку лето обавезно денот се почнува со кафе, смуди или овошје. Варијација на јајца/омлет/кајгана со салата.
Ручек, месо, пица, салата, манџичка.

Вечера не треба и не смеам, ама иди одолеј на Силбо ѓеврече или донер после искачанка?

Гледам да редуцирам грицки, шеќери и да не пијам алкохол без прилики, инаку отидов јабана...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom