Вашето омилено јадење

  • Креатор на темата Креатор на темата Filip99
  • Време на започнување Време на започнување
1. Морска храна
2. Тестенини
3. Фаст Фуд
4. Бурек, сарма, грав, кроасани
5. Сладолед, чоколадна торта
6. Овошје
 
прво и основно:Скара
потоа:бурек,топено сирење...
 
Може да ја издвоиме штипската пастрамајлија пред се друго, па после неа иде скара, па бурек.
 
Пешиите на бабами
 
1.Морска храна -не можам да и одолеам
2.Тестенини-најразлични,на секаков можен начин
3.Скара-јадам мн често али најслатка е онаа у друштво за 1 мај
4.Салати-СЕКАКВИ,со се и сешто...
 
Пилешки пуканки, пилешки плескавици, пилешки медалјони, пилешки стек, пиле/кокошка/петел :)
 
Уууф, сега како би смачкала една пица капричиоза...сакам и тост, компирчињата од 7мица, домашно оривче со печурки, грашок и пилешко,гравче тавче со пикантни колбаси, мусака со одозгора јајце и павлака, турлитава со 400 бамји:),макарони со кашкавал и печурки во рерна, пита со праз, лазањи, хамбургерчињата од МекДоналдс(го мрзам местово, ама вкусни се), медаљон со сос од печурки,француска салата, гиро со ѕазики и кромид,компири замотани у сланина и лук и печени врз кромид,похован кашкавал, маслини, печурки и кромид, мммм,крцкав ѓеврек, лиснато со шунка, пица бурек,чешелот од вегера,салата од туна и пченка, качамак со чварки и јогурт, клуб сендвич од твиги,аххх....овошна торта, тулумбите на тетка ми,сникерс,поп кејк,милиброд со суво грозје+марамалад и млеко,плазма и млеко,чоколаден ролат, банана фрапе, јагоди во шербет....
Дебела сум:)
 
Пица Индијана
 
Пржени Компирчиња ( Помфирт ), со ќофте (плескавица) и салата нешто домати или краставици ... и еден сок до мене и ке се напукам ФУЛЛ !!!
 
полнети пиперки со ориз и мелено месо
 
Омилено јадење некое конкретно неам.. Али обожавам секакво јадење што има месо..Обожавам месо..
Скара, пица, бурек со месо, тост, хамбургер...мммммммм..

Гладна сум :(
 
Лазањи
Пица
Помфрит
и се останато од италијанската кујна :jadenje:
 
1.Стек
2.Девојачка
3.Пица од форум :)
4.Германски


Тоа ... !!! :)
 
За сите љубители на добра храна, од се срце препорачувам “Дубровничка паштицада“, еве и рецепт:

1/2 шолја (за кафе) масло за јадење
1 телешко каре, поголемо
сланина
зачини
сечкан коренест зеленчук (моркови, целер...)
ловоров лист
2 лажички сув босилок
сечкани феферонки
суво овошје (најдобро суви смокви и суви сливи)
1/4 шолја сенаменско брашно
сок од 1 лимон
бело вино
неколку сечкани маслинки
лук

Телешкото месо се засекува (се прават џепчиња) и се шпикува со сланината, лукот, зеленчукот и сувото овошје. Се зачинува и се става да се потпржи на врело масло. Кога ќе зарумени се трга настрана и во истото масло се потпржуваат останатиот зеленчук и сувото овошје. Кога ќе почнат да ја менуваат бојата се додаваат босилокот, феферонките и ловоровиот лист. Потоа во истиот сад повторно се става телешкото месо, се остава да се вари на тивок оган, по потреба се додава вода. Кога месото ќе биде сварено, повторно се трга настрана и во сосот во кој се вареше се додава брашното, белото вино, и ако сосот многу се згусти се додава вода по потреба. Може и да се испасира, по желба. При крајот на готвењето, во сосот се додава лимоновиот сок и сечканите маслинки.
Месото се сече на парчиња, и се прелева со сосот. По желба може да се јаде со леб, тестенини или палента.


мене ми е превкусно, ако некој го проба нека каже вшечаток :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom