еве уште еден пример за (не)логичноста на евн
една моја пријателка се пресели во нова куќа во која немаше ел. приклучок.
и нормално чесна како што си е, иако можеше на диво да се приклучи преку соседот, си отиде во евн кај што требаше и достави барање за приклучок. и кажаа што треба и и рекле дека ќе дојдат таму да ги видат техничките можности.
дошле и и рекле дека може да ја приклучат под услов соседот да даде согласност за користење на бандерата која е во негов посед. соседот дал согласност, но евн не биле задоволни со тоа и барале соседот да го даде делот од имотот кај што е бандерата во владение на евн. овој рекол ни под разно.
тогаш евн и рекол, ок, тогаш ќе треба да се копа, да се спроведува линија или не знам што и тоа ќе кошта неколку илјада евра, која треба да ги сноси заинтересираната странка или сама или ако најде уште некој друг, кој би имал корист од тоа и би ги споделил трошоците.
по некое време евн почнува со кампања, што неодамна одеше по сите медиуми, мислам сеуште важи, "легализирајте ги бесплатно вашите диви приклучоци".
и мојата пријателка отишла во евн и рекла, ок, јас ќе се приклучам на диво и бесплатно ќе си го легализирам приклучокот. а тие и рекле, не не смееш, бидејќи имаш доставено барање за поставување на приклучок кое е во процедура. требало да се приклучиш на диво, па после ќе имаш право на легализација на криминал, вака си постапила чесно и немаш право на легализација (ова малце го изменив, формулацијата не била баш така, ама суштината била тоа)
наравоучение: криминалот повеќе се исплаќа отколку придржување на законите