Вашата најголема грешка во животот...

  • Креатор на темата Креатор на темата STEALTH
  • Време на започнување Време на започнување

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.734
Поени од реакции
14.855
Што е тоа што сте го направиле и што никогаш нема да си го простите. Или па не сте направиле нешто што сте сакале... Во секој случај не сте постапиле како што треба и после тоа ви било криво, а можеби и уште ви е...
 
Никогаш нема да си простам што пред 7 години запишав факултет кој не ми беше по воља, наместо уште тогаш да се вработам на добро работно место и потоа сам да си одлучам дали и што ќе студирам. Ај, си велам, дете бев, други одлучуваа за мене, ама јанѕа ме јаде ден денес.
 
Најголема грешка во животот е што дозволив да паѓам на слаткоречиви зборови за после да дочекам нож (метафорички). И никогаш нема да си опростам што секогаш другите многу повеќе ги ценев, дури и преценував, а себе никогаш не се ценев и секогаш се потценував. Од тоа произлегоа тооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооолку многу грешки.
 
-мојата најголема грешка, што не се запишав на факултет,
“72год. кога завршив некое средно скоро скроз одличен.
-И еве зошто тоа неможам да си го опростам цел живот.
имав услови како “стар скопјанец“- за тоа но како и повеќето
се определувавме за занат и работа иако и таа долго ја чекав.
Па дали и се плашевме од многу учење ќе треба,а улицата не
чека.Имав многу другари од “провинција“што земаа дипломи.
-Сега сум веќе пред пензија и ми е криво што видов се какви
ли луѓе не завршиле факултет.Да речам скоро неписмени.
Инжињери а дома не знаат едно казанче во В.Ц.да поправат,
па да не збориме за на работа какви се и што допринесуват.
-Затоа сме последни во Ефропа и пошироко во нови иновации.
-А сега па е бетер.На секој семафор факултет,100% ајде сите
на факултет,а ќе ги запослува државата пак само тие нечии а
со знаење никакви. Најдобрите ќе чекаат,некој нема ни да се
запослат цел живот ќе си ја чуват дипломата дома со “ 10, 00“.
-----------------------------------------------------------------------------------
Е ОВА Е МАКЕДОНИЈА
 
кога ќе помислам на грешка не ми доаѓа ништо на памет.. но бидејќи грешките ги сфаќам како искуство и позитивна работа, лекција од која треба да научам, тогаш ми текнува на многу "грешки" или големи искуства.. без кои да не ми се случиле немаше да бидам тоа што сум сега.
Ги сакам искуствата без нив немаше да напредувам..
инаку најголемо искуство/грешка како сакате наречете го, нема да го споделам бидејќи се работи во врска со моите поранешни способности односно неспособности во врска со излегување со типка :) и сега тоа преставува една од моите омилени искуства/грешки иако бевше многу тежок болен период.
 
Мојата најголема грешка е што првиот пат не се пријавив на Survivor :(:(:mad::mad:
 
Кога бев 5то одделение тренирав со возрасни ракометари и сите се чудеа на мојот талент! Предност ми беше што бев левак и добивав шанса со што многу побрзо се развивав од останатите мои врсници што пробаа таму! Набрзо клубот се распадна и добив препораки од сите тренери што беа таму да одам да тренирам во некој голем клуб во скопје дури му ветуваа на татко ми и дека ќе се јават лично да средат, со еден збор сите веруваа во мене! И мојата најголема грешка во животот е што тогаш кога требаше да запнам највеќе се откажав од ракометот затоа што несакав да го трошам татко ми, за тренинзи во скопје, и покрај тоа што тој душава многу пати се мачеше да ме разубеди! И ден денес се јадам за тоа, и често кога ќе ги сретнам тренерите на улица ме гледаат со некое разочарување со поглед со кој ми велат... ,,кај можеше да бидеш сега‘‘! Тоа е, се надевам на истата шанса во некој друг живот.....:(
 
Склон сум на пороци 300 грешки имам направено, тешко можам да издвојам една, ама ајде према темава нека е и одговорот. Направив собраќајка на 16 години имаше 2ца тешко повредени и платив оштета околу 10 000 евра.
 
Тоа што силно посакав нешто и го добив, без да размислам дека ако го добијам тоа ќе изгубам многу други работи што ме правеа среќна претходно.
 
Склон сум на пороци 300 грешки имам направено, тешко можам да издвојам една, ама ајде према темава нека е и одговорот. Направив собраќајка на 16 години имаше 2ца тешко повредени и платив оштета околу 10 000 евра.
Де бе, пријателе, како на 16 год. успеа да направиш такво нешто ?

Иначе за мене најголема грешка во мојот живот поради која се каам што сум ја направил е тоа што и кажав на мојата најдобра другарка дека ја сакам.

И тука заврши се за жал :(
После мојата грешка не ми ни прозборе она.
:tapp:
 
Најголема грешка во животот ми е што прекинав тенис да тренирам и се каам бајаги за тоа! :(
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom