Вашата баба...

  • Креатор на темата Креатор на темата Vanish
  • Време на започнување Време на започнување
Мојата баба и нејзината мудрост... Иако необразована беше вистински учебник за животот...Некои нејзини муабети сеуште ги паметам...И печените компири после школо и чајчето и гушката и спиењето у скут и искрената љубов ги паметам... И колку само ја гњавев за приказна паметам и нејзината невројатна имагинација и трпеливост на моите бескрајни и, и, и, и после...?
Денешниве баби ( како Јулија певаљката) едноставно не ги сакам.
 
Мојата баба најмногу си ја сакам. Секогаш ме вади од проблеми. Најопасна е и си имаме исти очи :pipi:
 
Јас сум човек кој го сакаат старите, особено бабите.
Имам една баба од страна на мајка ми, а таа од страната на татко ми почина кога имав 7 години. Таа ме порасна, си се чувавме заедно кога моите одеа на работа и многу се сакавме. Еднаш, дури ја удрив братучетка ми затоа што со пиштол од пластелин сакаше да ја „убие“. И бев омилена внука затоа што бев најмала и ме чекале 10 години. Таа ми даваше да пивнам од нејзиното кафе без да знае татко ми, се шетавме заедно, си игравме заедно и многу си ја сакав. За жал, се разболе од склероза и никого не познаваше последните 6 месеци. Знам дека некоја недела пред да почине, лежеше и влегов во собата да ја видам и кога ја фатив за рака, ме стисна и почна да плаче. Тоа ми беше најтажниот момент како дете.
Другата баба, од страна на мајка ми е супер модерна баба. Мајка на 4 деца, учителка, во младоста била и балерина ( уште се фали со тоа), единствена ќерка од позната фамилија, што сакале да ја омажат во Канада, ама прадедо ми не и давал. Тоа што на 39 години останала вдовица целосно и го сменило животот, затоа што додека бил жив дедо ми, воопшто не работела. Секогаш сама се бореше во животот, едно време работеше во Германија и многу добро збореше германски. Знам дека кога бев мала многу си играше со мене и знаеше еден куп приказни кои и денес ги знам. Често ми вели дека ќе останам стара мома, затоа што немам дечко и кога ќе и кажам дека ќе чекам да ми игра на свадба само задоволно се смее.
 
Мене буквално ме израснаа баба ми и дедо ми.

Баба ми е уште жива, 73 има и многу си ја сакам. Да чукнам у дрво, уште ја служи разумот и паметот. Добра е и со здравјето, нема хронично заболено од ништо. Нека ја послужи уште многу години. Готвењето и е врв. Не знам со што да почнам, со што да звршам. И солени и благи рецепти има пуна капа. Не дека и мајка ми не ги знае истите, али бакина кухиња, си е бакина ;) . Поминаа толку години, а она е единствениот член од поширокото мое семејство со кое се немам скарано, замерено или спречкано за нешто. Со сите сум имал бар по еден ексцес, но не и со неа. Огромна почит ужива од мене и сестра ми.
 
Имам злато од баба, ми се чини единствена нормална особа од цела фамилија со која можам да си направам муабет. Кај и да одам, прво нешто што правам кога ќе се вратам идам кај неа да ја видам, со се торби, ранци.
Ќе ме види и ќе ми каже, идеш некаде или се враќаш, викам се враќам, ааа па ти си гладен, седи да јадеш. Ама бабо не сум гладен! Седи бе кога ти викам!!! И така со сила јади, нејзините пити, бурекот, гравчето и све остало се највкусни.
Кај и да одам, морам на неа да и донесам нешто, по можност нешто алкохолно. Имаме навика да мавнеме по една чашка. Упорно кога пијам кафе кај неа, ми ја зема шољата да ми гледа, вика: „да видам да не ме лажеш нешто“.
Хедонист у душа, без перде на јазикот.
Не се занима со стандардни трач муабети, ја молам да дојде кај нас да поседи, ама ми вика, кај ќе седам дете ја у зграда, толку високо, ќе збеснам.
Најинтересни ми се нејзините приказни од детството и како го запознала дедо ми и еден куп други.
Само нека ја служи здравјето и нека поживи уште долго.
 
Мојата баба ме сака најмногу од сите внуци, демек како најстар и јас ја сакам али понекогаш е досадна и не можам да ја трпам.Цел ден седи покрај телефон и се јавува насекаде(минимум 5 пати кај нас).После ми се жали плаќам по 2000 сметка.
Нејќи да пијам цигаре и ми меси најубај зелници.Многу ја нервирам али то е то, таков сум:D
 
Мојата баба готви најубаво сите нејзини јадења се посебни не знам како и` успева. Само што е далеку па тоа се ретки задоволства. Инаку многу сакам да ја распрашувам за нејзиното време младешките години и многу е слатка кога некое мое однесување го смета за непристојно а воопшто не е така.. срце е.
 
Со нејзе имам израснато до 6то одделение.Таа била која што ме чувала додека моите биле на работа со нејзе имам се доживеано и добро и лошо.Сега поретко ја гледам ама секогаш кога ќе ја видам и кажувам дека ја сакам највеќе на цел свет и дека е најдобра!
Те сакам Бабо! <3
 
Мојата баба(пра баба) има 95 години.На 87 беше правена операција на очите,бидејќи не видеше,се и се погоди супер,види бистро и чисто(мислим као сокол:)).И е како програмирана,на 95 години чита весник,дневно се движи минимум 2км(бидејќи сум од село),и нема гајле.Можам да кажам дека помлади можеме да и подзавидиме за здравјето.На Бадник,кивна,и рече " Туу и догодина пак!".Нека биде жива и здрава!
 
случката се одвива кај вујко ми. седи баба и крпи еден јоргански чаршав на вујна. мајка ми за да се нашали и викаЧ само на снаа ти и крпиш и работиш, како си ја гледаш значи... а баба ми: што рече мајче? не ми се слуша... и оваа пак и повторува, а баба пак истиот одговор и без прекин си дупи со иглата. и на крај мајка ми гледа нема мајтап од ова и и вели: викам, прасе ќе колиме одвие дена, ќе дојдиш??? и оваа ко од пушка одма одговор: ааааааааа......... ќе дојдам како не!!! кога!? и иглал заборае и шиење хахаха... нас со брат ми ни остана фраза до ден денес кога некој не ке слушни од 2 пати и одма реплика со прасето :LOL:
 
Имам две баби и најмногу си ги сакам.Секој викенд сум кај нив.Инаку што да ви кажам..И дветe се okey мислам ми прават убави јадења,ме советуваат,сегрижат за мене,а за муабет да не зборуваме.Ама за жал не живеат со нас.Ете тоа се моите две баби кои си ги сакам најмногу на свет!^_^
clip_image001.gif
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom