Ваша приватност на интернет

  • Креатор на темата Креатор на темата Сталин
  • Време на започнување Време на започнување

Сталин

Висарионович
Член од
24 декември 2008
Мислења
239
Поени од реакции
11
Секојдневно седите на интернет и запознавате виртуелни пријатели и пријателки овде. Комуницирате со нив многу време за многу теми, но дискутирате и за Вашите случки од секојдневнието како и за Вашата приватност.
Е, тоа ми е прашањето.
Колку ја искажувате Вашата приватност на интернет, ги кажувате ли Вашите лични проблеми во семејството, во работата или во училиштето?
Избегавате ли да Ве прашуваат за Вашата приватност или слободно без никаков проблем ја кажувате?
 
Секојдневно седите на интернет и запознавате виртуелни пријатели и пријателки овде. Комуницирате со нив многу време за многу теми, но дискутирате и за Вашите случки од секојдневнието како и за Вашата приватност.
Е, тоа ми е прашањето.
Колку ја искажувате Вашата приватност на интернет, ги кажувате ли Вашите лични проблеми во семејството, во работата или во училиштето?
Избегавате ли да Ве прашуваат за Вашата приватност или слободно без никаков проблем ја кажувате?
Супер тема. Еве на пример јас само еднаш имам напишано на тоа Драга Кајгана и не знам зошто. Премногу ми е глупаво да кажувам за моите случувања знаејки дека секој има пристап на интернетов.
 
Аууу искрен сум дури и некои постови ми се запрепастувачки дури и за мене. Гледам да не претерувам многу, и имам претерано само во неколку постови, не е голем бројот. Ама сум искрен и ако не е многу незгодно прашањето со задоволство го одговарам, исто како во реалниот свет.
 
Некогаш претерувам со искреноста и деталите од мојот живот но работи кои не се до толку тајни па да ми наштетат.
 
Не кажувам многу, општо онака, површно.Можеби и ми се случило некогаш да кажам нешто повеќе, ама обично избегнувам да зборувам за приватноста.А за тоа дека сме кажале нешто приватно на некоја личност на интернет, сите сме го направиле тоа, зашто е полесно да се искажат некои работи на интернет отколку во живо.
 
Најчесто не кажувам премногу, само основното, а со оние со кои се чувствувам поблизок во сајбер-светот повеќе кажувам, затоа што имам голема доверба во нив, знам дека нема шанса да го злоупотребат тоа.
Не треба да се претерува со приватноста во овој свет, денес, не.
 
Претежно сум искрен.Сепак има некои работи кои не би им ги кажал ни на најблиските,а камоли на некој на интернет :toe:
 
Не кажувам многу, општо онака, површно.Можеби и ми се случило некогаш да кажам нешто повеќе, ама обично избегнувам да зборувам за приватноста.А за тоа дека сме кажале нешто приватно на некоја личност на интернет, сите сме го направиле тоа, зашто е полесно да се искажат некои работи на интернет отколку во живо.
постов доволно зборува и за мене.. истата сум..
не кажувам многу.. на мсн не прифаќам секакви контакти исто и на hi5 и facebook.
A проблеми за семејство ? Ма нема шанса да кажам такво нешо (недај боже да ги имам некој јаки)...
сепак за нешо изнервирана па да кажам ах се искрав со мама или тато то веќе на секој му се случува...:toe:за други проблеми на некој шо не го знам нема шанса
 
Никогаш не сум ги кажал моите семејни, приватни проблеми или како и да било. Всушност, лажам, најголемата мака ја имам искажано во еден пост кој сум го напишал пред 3-4 месеци во една тема, која за да не си ги вратам спомените назад и не ја разгледувам. Не ми е мака поради тоа што сум бил искрен во одреден момент на одредено место во неодредено време.

А за тоа колку се искрени тие што пишуваат, не се ни најмалку. Затоа што, некои раскажуваат за Капитал на Карл Маркс од тоа што прочитале на гугл, а не ја прочитале книгата. Такви квази интелектуалци ги има премногу.
Што се однесува на искреноста, незнам... има многу искрени ликови кои сум ги сретнал овде, некои пишуваат ради тоа да стекнат особено внимание, што притоа би си го загрозиле својот реален живот, само за да напреднат во нивната форумска кариера.
Другите пишуваат искрени, најискрени постови само за да бидат сожалувани, така се чувствуваат подобро.

Ама онаа искреност, поточно, да го наречам тупење - пренесување информации за тоа како ти поминал секој поединечен час на училиште воопшто и не го гледам како искреност. Тоа е водење дневник, кој читајќи го се' повеќе во темата Драга Кајгана го наоѓаш како напорен, бидејќи веќе се чувствувам како да им го знам целиот живот на некои ликови, што го пронаоѓам исто како нединамичен, не затоа што е не е динамичен, туку затоа што е раскажан до детаљ.

А и да надополнам во овој пост, не е битно колку сме искрени или не, сепак, кога на една форумџиска маса ќе се соберат повеќе форумџии, те оговараат за секој твој пост во која било тема, ако воопшто и те читаат. Притоа ќе ти се нафатат на сеир, ќе ти дадат неколку епитет и ти ним ќе им станеш тема на денот.
Сепак, ќе те поврзат и со некој друг, трет, четврт, и така дури ќе ти откопаат за тебе податоци кои ти ни сам не ги знаеш.
Не вреди да си искрен, зошто да си, кога можеш да не си и да си пишуваш што имаше денес за ручек, и што ти се јаде во моментов?
Ама вреди да си адекватен во тоа што го пишуваш, тоа помага и на оние кои најмалку замислуваш дека би те прочитале.
:helou:
 
Има работи што може да се кажат јавно, има работи што неможе.... Тие работи што ги кажувам на сите, ги кажувам и на интернет... Оние работи што ги кажувам само на најблиските, не ги кажувам на интернет.... Зборам, во случај некој да ме праша нели :) А кои се тие работи што ги кажувам, кои се тие што не ги кажувам, зависи од мојата проценка...
Некогаш едноставно ми треба да се испразнам, па пишувам се' што ми лежи на душа, зашто така е најбезболно... Не ми е гајле дали некој ќе прочита или не...
 
Останувам отворен само на одреден број луѓе. Тие пријатели што ги имам на мсн/фејсбук, на форум не сум толку многу како преку мсн. Гледајќи од ваков нет-аспект.
 
Не, не тука, ниту пак на некое друго место.
Сепак, полесно ми е да разговарам со некој што не го знам од страна, а не од тука (од мкд). Се обидувам да останам колку-толку верен на мојот ник овде. =D
 
Најчесто внесувам "оригинал" иинформации и неколку најнормални слики тоа се и мислам дека тоа неможе да ми наштети
 
Се во границите на нормалата, а за проблеми такви работи , ретко се жалам, не за друго, туку да не замарам :)
 
во главно отворена личност сум.. до одредени граници.. тоа шо го знаат може да го знае секој... ама има ствари шо си ги чувам само за себе.. и не ги давам.. (циција)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom