Вајарот
Дали е сега сликата јасна,
кристална, скоро совршена?
Дали сега мостот стои на старите темели, 
и песната го има стариот звук?
Дали сега ти си среќен, 
вајару мој?
Дали сега кога ме имаш покрај себе
поубав е сонот, 
и Сонцето посилно свети?
Дали?Дали?Дали?
Се прашуваш ли, барем на момент
дали оваа мала е вистинската, 
и дека нејзиното срце не е од камен, 
и таа трепери да знаеш, 
иако е кучка без милост.
И таа има сонови и таа чувствува, 
дали се сеќаваш на зборовите, 
кои тивко ја сечеја ноќта, 
како бисерите кога паѓаат на подот?
Или тешко ти е да сфатиш, 
дека и таа пати?
Марионета е таа без глас, 
да, ти давам се, освен сама јас.
Мислиш дека се е лага,
дека таа повторно коцката ќе ја фрли, 
ќе замине , 
од телефонот пак се слуша груб машки глас.
Во право си,
што и да правиш, не и кажувај дека ја сакаш, 
но, зошто, веќе ја направи грешката, 
веќе и се исповеда, ноќта кога повторно и припадна.
Те сака, верувај ми те сака, 
но не смее да си дозволи среќа, 
зошто без да знаеш ти и изваја душа, 
иако таа ушите ги затвара, не сака вистината да ја слуша.
Ти си тој што изваја срце, 
за тој кристал!
 
 
За човекот што го сакам најмногу на свет!!!