Немој некој да ме критикува за песнава:pishtoldz
Не ме бива баш за поезија, ама ептен ми дојде да ги напишам овие неколку збора:
Љубовта доаѓа
Љубовта доаѓа, се најави
утре треба да ми дојде
да ја видам, да ме види,
да ја гушнам и бакнам,
срцата да ни затреперат заедно како едно
телата да ни се соединат во волшебен танц
А улиците цутат!
Еве ја иде, ја гледам
и птиците пејат гласно, се радуваат и тие
и на дрвата веќе лиисја има
мене ми е топло, вријам,
тревниците се зелени небаре пролет е,
...-а Февруари е!
Заедно сме, гушнати неразделно
како залепени со невидлив лепак
кој не е досега познат а постои
а таа прекрсна, мила, ме бакнува нежно,
ми вели „те сакам најмил мој“...
и мене убаво, прекрасно ми е
и водиме љубов, силно, страсно
и не сакаме крај, а таа мора да оди,
и заминаува со тага и желба пак да дојде,
а јас останувам со грутка в грло.
...улиците повторно на Февруари личат
само во душава трошка пролет останува вечно
и желба за повторна пролет среде зима,
пак да ми дојде, пак да да ја видам,
да ја гушнам, бакнам, да водм љубов со нејзе,
да и покажам и кажам дека ја сакам!
посветено на мојата љубена