Medea
Облинеса
- Член од
- 25 април 2007
- Мислења
- 2.973
- Поени од реакции
- 3.269
Турист
Во мислите сум турист
каде и да тргнам
знам дека брзината се зголемува
кога ќе здогледам човечко срце
како се шири и отвора
како крилја на птица
под небо полно правила.
Во патот сум турист
каде и да дојдам
знам дека очите ми се отворени
како џамлии што итаат кон шлајката небесна
не се опросторувам
влегувам и излегувам ко песна
низ сите движења.
Во мислите секогаш сонувам
во боја
на клупи, зачин и семафорски траги
проверувам пулс
со начин
бакни го секое дно
што ти нудело лаги
Научи ги сите мапи на човечкото разбирање
јазик кој се мота во утринско непце
кафето испиено по пат
истурените сомнежи во торба
наежениот врат
, станувам турист
кој срка тамошна борба
како кафе кое стои на излог и чека испивање
зошто така ги буди прашалниците
и патниците
и секое морско коњче кое знае дека може да отпатува
далеку од овде
а пак да е тука
срцето ми чука
џезирам со Ромите на Прешернов Трг
и сум турист
во себе
надвор од тебе
Пишувам за да ја зачувам чистината.
Само така
стануваш врв на светот
ја фаќаш
Висината и Вистината
We are all visitors here
не’ сопирај си го летот.
(на Љубљана)
Во мислите сум турист
каде и да тргнам
знам дека брзината се зголемува
кога ќе здогледам човечко срце
како се шири и отвора
како крилја на птица
под небо полно правила.
Во патот сум турист
каде и да дојдам
знам дека очите ми се отворени
како џамлии што итаат кон шлајката небесна
не се опросторувам
влегувам и излегувам ко песна
низ сите движења.
Во мислите секогаш сонувам
во боја
на клупи, зачин и семафорски траги
проверувам пулс
со начин
бакни го секое дно
што ти нудело лаги
Научи ги сите мапи на човечкото разбирање
јазик кој се мота во утринско непце
кафето испиено по пат
истурените сомнежи во торба
наежениот врат
, станувам турист
кој срка тамошна борба
како кафе кое стои на излог и чека испивање
зошто така ги буди прашалниците
и патниците
и секое морско коњче кое знае дека може да отпатува
далеку од овде
а пак да е тука
срцето ми чука
џезирам со Ромите на Прешернов Трг
и сум турист
во себе
надвор од тебе
Пишувам за да ја зачувам чистината.
Само така
стануваш врв на светот
ја фаќаш
Висината и Вистината
We are all visitors here
не’ сопирај си го летот.
(на Љубљана)
Последно уредено:

