Валентин за Трифун на плоштад - 11-14.02.2011

  • Креатор на темата Креатор на темата Tonchie
  • Време на започнување Време на започнување

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.548
Поени од реакции
8.385
Веб-сајт
www.flickr.com
banner.jpg


Почнувајќи од 11 февруари (петок), па се до 14. февруари (понеделник), граѓаните на Скопје ќе имаат уникатната можност да добијат бесплатна забава, вкусна традиционална храна, странска кујна и пијалоци, и тоа токму на фестивалот Валентин за Трифун, кој ќе се одржи на скопскиот плоштад Македонија.

Деталите за оваа културно-забавна манифестација денес на прес во ресторанот Пелистер ги открија Драгана Спасовска и Слободан Ќосев од секторот за локален економски развој на Град Скопје, а во името на фестивалот зборуваше Дарко Масларковски од Токсикологија.

На 14. февруари се совпаѓаат два големи празници, православниот празник кој традиционално го прославуваат лозарите Свети Трифун, како и Свети Валентин, католички празник посветен на љубовта.Но поканети се припадниците на сите вери и религии заедно да ги славиме и љубовта и виното, и спојот на традицијата и модерното.

Сите денови на плоштадот ќе има штандови со храна и вино и коктел бар (се по промотивни цени), богата музичка програма, како и пајтон со кој заинтересираните ќе може да прошетаат низ центарот и да се видат како било некогаш. Додека пак на самиот празник на оние кои го носат името Валентин, Валентина, трифун ќе има мали изненадувања.

Штандовите ќе работат во петок и понеделник од 17 часот, а сабота и недела од 12 часот. Во сабота и недела од 12- 16 часот ќе има детска програма.

Посебна музичка атракција ќе биде понеделничниот настап на Венко Серафимовски и Валинтин 4 Трифун бенд, во кој се фамозните култни музичари од Лева патика, Конкорд и други, што се случува за прв а можеби и последен пат во ваква комбинација.

Музичката програма е по следниов распоред:

Петок 11 2 2011

Филип Стефановски Квартет (18- 20ч)
Свечено отворање (20- 20.30ч)
Ајдаред (20.30- 22.30)
Крос роуд блуз бенд (22.30- 02.00)

Сабота 12 2 2011

Диџеј Ицко (12-.13ч)
Чалгии (13-.15.30ч)
Диџеј Ицко (15.30- 16.00ч)
Круме Стефановски (16- 18ч)
Диџеј Ицко (18- 20ч)
Токсикологија (20- 21.30ч)
2егзит (21.30- 01.00)
Плех оркестар (01- 02.30ч)

Недела 13 2 2011

Чалгии (12-15ч)
Ајдаред (15-18ч)
Градски оркестар (18- 20ч)
Диџеј (20- 21ч)
Миле Кузмановски (21- 22.30ч)
Крос роуд блуз бенд.(22.30- 02.00ч)

Понеделник 14 2 2011

Чалгии (12- 16ч)
Ориент експрес (16 - 19ч)
Ренесансери (19 - 21ч)
Венко Серафимовски и Валинтин 4 Трифун бенд ( 21- 23ч)
Гоце Арнаудов и бенд (23- 01ч)

Извор: МММ
 
Обоо чалгии, Гоце Арнаудов хехеее уште еден куп пиење да имат :)
 
Хејтери су меџу нама :facepalm:

4 дена вино, музика... штета што не пијам вино, инаку обавезно ќе идев.
 
Што нема да им текне... Убаво пиша некој погоре, треба да почнеме и кинеска нова година да славиме, ден на татковци, ден на багремот, ден на независност на Јужен Судан и сл. Сите овие денови да бидат со минимум 4-5 дена славење по плоштади и улици, барем за пиење не бива.
 
Хејтери су меџу нама :facepalm:

4 дена вино, музика... штета што не пијам вино, инаку обавезно ќе идев.

Значи, крај на краевите, не те интересира програмата, битно е дали се пие или не се пие нешто. Или дали можеш да пиеш нешто или не.


Тебе, јак ти е празникот св. Трифун за што?

Во случај, да можеше да „локаш“ вино, ќе одеше и на прослава на независноста на јужен Судан, како што спомна Долокрс пред малку?
*double-facepalm*
*triple-chernobil-facepalm*
 
Значи не сум против славење на празникот (Трифун), туку против обидот на секој начин да се лапнат пари, а притоа сето тоа да се прикаже како "уникатната можност да добијат бесплатна забава, вкусна традиционална храна, странска кујна и пијалоци". Далеку од тоа дека сето ова се прави за граѓаните да уживаат, граѓаните се тие кои треба на некого да го наполнат џебот. Баш ме интересира зашто не се слави (организира) сето ова во еден ден!? Сигурно нема да може сите граѓани да стигнат да "уживаат", па тоа е причината поради која организаторот се одлучил ова да биде 4 дена... :)

Инаку настанов сигурно ќе биде посетен, како што кажав за пиење и јадење не бива, и да има македончето дома грав за ручек, ќе плати ако треба и "дебело"само за да го проба туѓиот...
 
Интересна замисла, само цените врска немаат со поимот "промотивни"...тапа атмосфера некако ко без душа, иако блузерите оставија коски на ладното...немаме осет за култура сеуште, ама битно секој има по 100че за винце...добро е, има надеж...следно, понеделник - Гоце Арнаудов и доста е.
Како и да е, се ценат вакви дешавки, ама само и ако само организацијата е сериозна...
 
Вчера бев има многу убава ракија со мед :))))
 
Штета не сум Ск,а ми се идеше на настанов.И плус ќе ја прославевме новата мечка од 80 000 евра може Коцка ќе почастеше нешто.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom