Славјански
Антички Словен
- Член од
- 2 мај 2008
- Мислења
- 5.644
- Поени од реакции
- 1.346
Чешка од 1 јануари го презема претседателството со Европската унија и тоа во услови на зголемен притисок поради тоа што шефот на државата Вацлав Клаус е оценет како евроскептик. Чешката десноцентристичка Влада на премиерот Мирек Тополанек се обидува да ги расчисти сомнежите околу нејзината способност да и помогне на Европа да се справи со глобалната економска криза, пред се поради тоа што претседателот Клаус е најгласниот критичар на европеизацијата. Клаус го означи претседателството со Унијата како "неважна работа" и одби да го вее европското знаме на зградата од неговата резиденција. Клаус, како претседател на земја, која се смета дека за една од двете нации во ЕУ, кои се уште го поткопуваат усвојувањето на Лисабонскиот договор, ги подгреа шпекулациите на некои француските медиуми, дека Франција треба да го пролонгира шестмесечното претседателство. "Нема релевантна причина, освен она што е изнесено во медиумите, со која би се ставила под знак прашалник улогата на чешкото претседателство", изјави Тополанек во интервју за АФП. Официјалните задачи на претседавачот на ЕУ по 1 јануари ќе бидат поделени меѓу Клаус, коосновач на десната Граѓанска демократска партија и лидерот на партијата Тополанек. Но тоа не е така едноставно, со оглед на тоа што чешкиот Устав не нуди јасна поставеност на хиерархијата во надворешната политика. По долгите дебати постигната е согласност претседателот на државата да се обрати пред Европскиот парламент во Стразбур во февруари и тој да раководи со некои од средбите на највисоко ниво во Прага. Поради сето тоа, промената на претседавањето со Европската унија на 1 јануари, кога Франција и Никола Саркози ќе бидат заменети со Чешка и нејзиниот претседател Вацлав Клаус, во Брисел се пречекува со стравување и неизвесност, јави дописникот на МИА од Лондон, повикувајќи се на "Фајненшл Тајмс". И во поглед на конечното прифаќање на Лисабонската спогодба (официјална Прага се уште ја нема ратификувана). Кога Договорот од Лисабон би почнал да функционира, работите би се промениле: наместо ротирачко претседавање ќе има претседател на Унијата, а тој, констатира "Фајненшл Тајмс", треба да биде од "тешка категорија" за да може успешно да се носи со состојбите и предизвиците со кои ќе се соочува ЕУ. Според весникот, шестмесечниот период на француското претседавање беше мошне успешен.
извор:http://www.vecer.com.mk/?ItemID=9B5E8C76D2FA254AAA57555E538E4FE1
Се повеќе оваа ЕУ ми личи на колективното претседателство на бивша Ју.
Јас не мразам никого но кога се работи за Европа морам честитка за нова година да им испратам, тоа што вие и го направивте и правите на Македонија да ви се врати во тродупла доза.
извор:http://www.vecer.com.mk/?ItemID=9B5E8C76D2FA254AAA57555E538E4FE1
Се повеќе оваа ЕУ ми личи на колективното претседателство на бивша Ју.
Јас не мразам никого но кога се работи за Европа морам честитка за нова година да им испратам, тоа што вие и го направивте и правите на Македонија да ви се врати во тродупла доза.