Увоз на половни возила

  • Креатор на темата Креатор на темата alex macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
Сакам да увезам Хонда ЦР-В 2008ма година, од каде да гледам по која вредност на колата ќе царинат? Дали е можно да добијам еур1 во Германија за колава
Ако можеш најди некој од внатре во царина или шпедиција нека ѕирне во каталошката вредност на колава оти само од таму гледаат без разлика колку си ја купил во Германија,нив тоа не ги интересира
 
Po koj katalog gledaat?
 
до кога е рокот за царинење со 50 % на возилата со странски таблички...
ако има некој тука што може да пресмета колку би била сега цената ?

Sent from my A5_Pro using Tapatalk
 
Zdravo me interesira kolku davacki ke imam za uvoz na vozilo od germanija.Golf 5 1.8 benzin 2007godina??
 
ако купам кола од Америка би ми била царината поголема? Најдов еден сајт со многу ефтини коли на аукција што се продаваат, знам дека транспортот ќе ме изгори, али ќе ми искочи кола за убави пари во секој случај, само ме интересира какви се прописите да ми кажете
 
Здраво дечки, дали некој може да ми каже кои услови кола треба да исполни за да може да биде царинета? Година, итн.? И колку би чинело пренесување значи не сам да ја однесам од Германија туку некој да ја однесе, пример да вози сам или со камион? Не сум во тек. Фала однапред.
 
Мислам дека новиот закон не дозволува да се увезуваат постари возила од 19 години и само со ЕУРО 5 мислам дека е дозволен увоз. Најпаметно ти е да ја качиш на камион, а цената за превоз варира од бројот на автомобили кои имаш намера да ги товариш на камион. За повеќе автомобили може да добиеш попуст од превозникот. Цените колку што знам се движат од 500 евра па нагоре и се разликуваат од превозник до превозник.
 
Здраво на сите,

Ме интересира колку би чинело царина за следнава кола:

како и каква е постапката ( верувам дека има на некој пост претходно напишано, меѓутоа и не баш пратам како се менуваат законите )
Поздрав и фала унапред ;)
 
Пошо не успеав да најдам, ќе може некој да објасни која е процедурата од А до Ш за увоз на кола од Германија. Мислам на наоѓање, договор, плаќање и се останато. Некој шо имал искуство.
 
Прво наоѓаш кола, договараш цена со продавачот и начин на плаќање. Е сега имаш две опции.
- Прва опција е да се качиш во авион и да му ја платиш на лице место колата, а потоа да си ја возиш до МК или да мy префрлиш пари на продавачот на сметка/Western Union. Внимавај, доколку одиш на првата опција, прво консултирај се со продавачот, доста од вистинските германци( вистинските зошто арапите и турците немаат проблем со кеш :)) се плашат да примат пари во кеш. Под предпоставка дека си отишол во Германија и си ја платил колата, следен чекор е одјава на колата и вадење на цол таблици и EUR1 (доколку колата е производ на ЕУ). За овој процес ќе оставам некој поупатен да ти ги каже чекорите, неколку години немам донесено вака кола.
2.Втората опција, наоѓаш кола, некој во Германија ја проверува колата и решаваш да ја купиш со тоа што ќе префрлиш пари со банкарска трансакција. Внимавај доколку купуваш кола од приватно лице, ќе имаш проблем со префрлањето на пари. Доколку не е правно лице и не приложиш фактура при префрлањето на парите во банка, максималниот износ кој може да го префрлиш е 2000 евра месечно (не ме држи за збор за сумава, ама не беше повеќе од 3000 евра).
Доколку префрлаш пари преку Western Union. Тука имаш лимит од 1500(или 2500) евра месечно по човек, но за разлика од трансфер преку банка, може да дојдете 3ца и да префрлите по 1500 евра од еднаш со тоа што ќе платите дупла провизија.
Откако ќе најдеш начин да ја платиш колата, бараш од продавачот на колата да ја одјави колата и да ја спреми за транспорт, а ти во меѓувреме бараш камиони што носат коли од Германија. Цената на транспортот варира и е од 450 до 600 евра, во зависност од видот на возилото. Внимавај со транспортериве многу, јас колата си ја чекав 1,5 месец, возачот не ми креваше телефон и ми ја донесе оштетена. Јас би ги бирал поголемите фирми.
Е сега откако ќе најдеш начин да ја платиш и донесеш колата прва работа што треба да платиш е царина. Ја носиш колата во царински склад, наоѓаш шпедиција им ги даваш документите кои им требаат (двете германски сообраќајни, фактурата која/купопродажниот договор и мислам дека тоа е тоа). Кога царината ќе биде завршена шпедитерот ти праќа уплатница со сума која што треба да ја уплатиш на сметка на царина. Додека не ја донесеш колата на царина, никој не може да ти каже колку пари би била царината за твојата кола. Може некој што царинел слична кола па да ти каже ориентациона сума. Имаше случај со другар каде му кажаа2500 евра царина за BMW 530d 2013, го донесе и испадна 3990 евра царина.
Уплаќаш, си ја земаш колата (доколку си ја донел со возење имаш цол таблици кои се со ограничено време на траење,доколку е донесена со камион немаш таблички и треба да бидеш многу претпазлив да не те застане полиција.) и одиш на хомологација. Хомологација јас правев во ЦРЦ техничкиот во Ченто. Доколку колата има сертификат(COC) фабрички процесот кошта помалку околу 3000 денари и трае само 2 работни денови. Доколку нема, цената е околу 6000 денари и трае 5 работни денови, а некогаш и повеќе.
Во меѓувреме правиш нотарски превод на документите и чекаш хомологација. Штом искочи хомологацијата, одиш со колата во некоја од станиците за технички преглед за да иницираат проверка во Интерпол за дали возилото е крадено. Оваа проверка трае ~10 дена.
Штом ти се јават од станицата за технички прегхлед дека проверката е завршена ја земаш колата одиш кај нив и ја регистрираш на наши таблици.

Се надевам дека не заборавив некој чекор :)
 
Благодарам на одговорот. Дополнително, кога се склучува договор на лице место, ако продавачот не прифаќа кеш, тогаш како да ја платам колата преку сметка кога немам сметка во Германија? Ако ја плати друг дали ке има проблеми при преводи или не е битно кој ги префрла парите, туку битно да се префрлени? и доколку најдам некој со сметка ( а ќе најдам) дали тоа е пречка при евентулен транспор, царинење и слично?
 
Потенцијално би можело да биде, но во моите два случаја на продавачите не им беше битно од каде ќе им пристигнат парите. Откако ги примија парите купопродажниот договор го направија со транспортерот на мое име. Јас само префрлив пари и на транспортерот му дадов мои податоци, слики од пасош и точна адреса.
Секако ти прво исконтактирај ги продавачите и објасни им дека парите ќе им стигнат од германска сметка заради правила кај нашите банки, прашај ги дали е прифатливо тоа за нив.
Јас имам искуство со приватни продавачи, така да се погоре пишано се однесува на приватни продавачи. Избегнувам купување од плацеви.
 
Тоа ми е идејата, да барам од приватен продавач, само делот на плаќањето ми е малку симптоматичен. Планирам да ја возавам навака.
фала на инфо
 
Мин.Еуро 4 норма беше за увоз ? А до колку години старост на возило беше за увоз?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom