Така е, Македонија мора со нов Устав повторно да се дефинира како национална држава на македонскиот народ. Актуелниот Устав навистина не е европски, туку е втор експеримент, иако првиот за Кипар не успеа, според неевропски концепт. Во Европа сите држави се национални држави. Проблемот е што агресивното нелојално албанско малцинство се спротивстави на европскиот концепт на македонската држава и со Рамковниот договор успеа во тоа, па Македонија сега е само најбројна етничка заедница.
Граѓанското општество е само концепт на уредување, во кој се признаваат индивидуалните граѓански и политички слободи и права, но Албанците инсистираат на колективитети, на колективни права и успеаа во тоа со помош на `петтата колона` корумпирани или однародени политичари, платени новинари и разни `невладини` инсталации. Васко е во право, на Македонија и треба нов Европски устав со кој Македонија ќе биде дефинирана повторно како национална држава на македонскиот народ со граѓанско уредување.
Тоа подразбира референдумско поништување на Рамковниот договор!!!
Затоа и сум симпатизер на партијата чиј симбол го одбрав за мој аватар, затоа што таа е единствена која се залага за поништување на Рамковниот договор, за нов Закон за територијална поделба, понатаму македонскиот јазик со кирилското писмо да биде единствен официјален јазик , за нов Закон за државјанство, за неменување на името со било каква додавка и придавка, за излез на Македонија на море, и трајно непризнавање на Косово...