Успешни/Неуспешни ре-дизајни

Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.642
Поени од реакции
29.643
Локација
Скопје
Ајде малце да муабетиме за ре-дизајните што почнаа веќе да се прават. Скоро ре-дизајн на својот веб сајт направија Он Нет и воведоа многу нови работи. Одземаа некој непотребни и го направија сајт од овој век, а не од 20 век (според мене најлош дизајн имаа). Нема многу да коментирам за овој ре дизајн прочитајте повеќе тука. Он Нет не беа тие за кој што ја отворив оваа тема туку Мотика. Случајно од досада немав што да правам и реков ај да идам на Мотика кога гледам нов дизајн. Па сакав да кажете вие што мислите за тој ре-дизајн. Дали е успешен или не? Дали сајтот е пофункционален или не? Прегледност подобра или полоша? Јас би го нарекол неуспешен од многу причини. Една добра работа што ја приметив е побрзо отварање на сајтот.

Да почнам со ред...

Прво со логото кое мислам дека ТОТАЛЕН промашај направија. Претходното каде каде беше подобро со мотиката беа супер а сега? Ја нема таа мотика можеби се обидоа да го направат поедноставно, али подобро? Јок ... проверете сами

Новото
logo.png
Старото
лого.gif

Со самото намалување на хедерот изгубија супер место за реклама каде што нонстоп беше рекламирано и стоеше некој гиф банер сега го намалија на тоа место стој менито, и веќе го нема тој drop-down каде што статиите беа подобро огранизирани и полесно за наоѓање. Исто така ја нема веќе ни формата за регистрација и најава па сега треба само име да си оставиш во коментарите, а некој членови имаа и свој албуми и слично сето тоа пропаѓа во вода.
почетна.jpg
Порано статиите беа со помали сликички и по 2 статии во еден ред а сега со поголеми слики и една статија во еден ред па морам да скролам 5 минути надоле. Веќе го нема делот ТВ на почетна под вестите, делот бонус вести што беше под ТВ делот исто го нема, префрлен во менито. Во sidebar-от има само реклами. Каде е делот најчитани оваа недела? Каде е делот Нови Игри? Каде е делот за корисниците? И во тој дел направија голема утка. И со вестите коа ке се поврзе сајд барот после 4-5 вести сајдбарот надоле е празен....
банери.jpg
Со ова сајтот стана тотално непрегледен и неуреден.

Мора и да се забележи дека по секое отварање на артикл има премногу празен простор.
статија.jpg

Аха да, да не заборавам и дека формата за коментирање порано беше многу подобра и по убава на изглед, а сега го нема тоа па уште и тој дел е непреведен...
коментари.png

И сајт без футер? Па мислам доволно е само да се пише Copyrights, а они тоа го немаат. Немаат ни време напишано на статијата што според некоја логика ја ќе ја украдам статијата и ќе тврдам дека они ја крадат....
И им го нема делот Маркетинг.

Заклучок:
Сајтот беше многу прегледен, сега не е. Беше поубав на изглед сега ни тоа не е. Пофункционален беше, а сега се прашувам знаат ли што е тоа функционалност?
Еднио само побрзо го отвара сајтот и воведено е like копче и twit.

Па вие што мислите? :)
 
Се случува. Им текнало да ре-дизајнираат, за да не бидат досадни, на брзина, и ете го резултатот. Иначе имаш право, логото е тотален промашај. Баш им било оргинално тоа старото... Иначе интересна тема, добро е што има некој да пишува вака малце по-опширни темички :) Поздрав.
 
Еве вебсајт кој не е прегледен

И еве некои линкови од други сајтови:

http://www.dokimos.org/ajff/


http://mamascheesies.com/


http://www.rogerart.com/

Можеби малку грешка си ја сфатил темава. Се работи за ре-дизајнирање на сајтови и коментари за истите. Пример Кајгана во 2006 год. и моменталниот дизајн на Кајгана.
 
Дизајнот е подобар од предходниот, логото и беше оргинално предходно сега е стварно без везе, сајтот е пренатрупан со реклами, а пак и оваа рекламата на Кафето е шлагот на тортата...стварно без везе толку да се трупа сајтот со толку многу реклами, Кајгана има исто така доста реклами, но кајгана ми отвори за секунда ова го чекам 5-6 секудни најмалку па и повеќе...секако мора да ќарат ноо...што е многу, многу е. Грешка исто така и е вицовите што ги објавуваат директно на почетна, го квари изгледот.
Сајтот изгледа пренатрупан ииии...лично јас неможам да седам на такви сајтови, повеќе сакам како Кајгана, елегантни (така си ги викам xD )
Заклучок: НОВАТА МОТИКА Е ПРОПАДНАТА ИНВЕСТИЦИЈА :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom