Успешни мажи и жени

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.856
Што е за вас еден успешен маж или жена? Можат да се успешни во сите полиња или ако се во едно потфрлаат во другите? Се осеќа некој од вас за успешен? Може и примери од познати фаци, успешни во све, ако има такви:wink:
 
Успешен маж е оној кој што може да обезбеди толку многу, што жената не би можела да го потроши.

Успешна жена е онаа која ќе најде таков маж! :)
 
a389i0_mg.jpg


Definitivno uspesna zena!
Oprah
 
Успешна жена во Македонија? Камелија Левенска. Не ми текнува на други... Баталете ги квачките како Шеќеринска...

Успешен маж - Трифун Костовски.

Дефиниција за успешен маж - читај го Мистичен погоре.

Дефиниција за успешна жена - не се согласувам со Мистичен, се бара друга дефиниција. :wink:
 
Acid напиша:
Дефиниција за успешна жена - не се согласувам со Мистичен, се бара друга дефиниција. :wink:
Друга дефиниција - жена која може да му го обезбеди тоа на мажот. Левенска е тука некаде, мислам дека ќе се квалификува! :)
 
StormAngel напиша:
Која е Камелија Левенска?
Една тетка од менаџерскиот тим на Мобимак, мислам дека ја води и фондацијата "Мобимак за Македонија".
 
Успешна, ама и со стас...

Камелија Левенска е тетката од лево.
Imenjacite-sojpg.jpg


Фондација „Мобимак за Македонија”, уредник на „Клуб 360”, менаџер во Мобимак.
Една од идолите на kikiki најверојатно.
 
Мистичен не кради амерички финти :)
Успешен и маж и жена за мене се луѓе кои чекорат по стазата која ги исполнува, чини среќни, напредуваат во секој поглед во однос на она што себе си го зацртале дали ко кариера или битисување. Околу себе шират позитивна енергија, уживаат респект од оние околу себе, воедно и респектираат се пред себе. Луѓе кои чекорат напред и во искачувањето остануваат достојни на своите принципи и не само свои, туку оние генерално прифатени човекови доблести - обзир и осет за сите и се.
Успешните се секогаш чекор понапред од оние варени во истиот лонец со нив. Успехот го мерам на вагата респект и стас никогаш со пари и титули.
 
Ова прашање е малку незгодно, пошто критериумите за успех ни се разнишани и изместени до максимум, и успехот го мериме по имотот стекнат или по присуството во јавноста.

Лесно е да се биде „успешен” кога сите предуслови се обезбедени. Кога зад тебе стои голема фирма или партија. Кога си го стекнал сето потребно образование. Кога си во состојба да ги наведеш медиумите да пишуваат и зборуваат за тебе.

Која е за мене успешна жена? Жената што го чува син ми преку ден, која со 6.000 денари што ги добива од нас и пензија од 3.000 успева да си го одржи целото семејство, секојпат да бидат нахранети, чисти и убаво облечени и никаква потреба да не им недостасува. Денес тоа е еден од поголемите успеси, верувајте.

Успешни се и децата без родители, што успеале да си најдат чесна работа и да се обезбедат откако биле фрлени на улица кога наполниле 18 години, кои се пробиваат без никаков грб или заштита, без да се зафатат за никаков криминал, шверц, дрога... И тоа е успех.

Успешни се нашите учесници на Специјалната Олимпијада што се вратија закитени со медали, кои ги победија нивните хендикепи.

Има уште многу примери на такви успеси, ама ние ги гледаме само оние кои ни ги сервираат во некое ток-шоу или жолтиот печат. Треба малку да си ги смениме критериумите за успех.
 
Најдобро нешто што имам прочитано на овој форум икогаш.
Spooky :cuc:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom