Успешни Македонци во Австралија

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Успешни Македонци во Австралија

Нина Кепеска
prazno.gif
prazno.gif
21.08.2010 17:45
makedonski-biznismeni.jpg

Рекорден број од дваесеттина успешни бизнис луѓе Македонци што живеат и работат во Сиднеј се избрани за најдобри бизниси за 2010 година од општината Рокдаил, каде живеат сто илјади жители.
Во конкуренција од 700 номинирани бизниси од повеќе етнички заедници, Македонците покажаа дека знаат да прават највкусен бурек, најубави цветни аранжмани, имаат најубав моден бутик, агенции и деликатесни продавници, нудат најквалитетни здравствени услуги, иновираат единствени душеци за спиење со клима.
Рокдаил е општина каде Македонската заедница е најбројна. Македонските иселеници кои со децении живеат тука, се занимаваат со најразлични бизниси.
„Со свој бизнис во Сиднеј за свечена женска тоалета на познати Австралиски и светски дизајнери се занимавам повеќе од четири години. Наградата посебно ми значи и ми импонира бидејќи ме стави во редот на врвните модни бизниси во нашата метропола, во Сиднеј“, вели Неда Ристевска-Ѓореска, сопственичка на ексклузивен моден бутик во Сиднеј.
„Такви душеци какви што правиме ние, нема во Австралија, па имаме ексклузивни клиенти. На наш душек спие најбогатиот човек во Австралија. Една од врвните актерки во Австралија и светот Никол Кидман, и таа има од нашите душеци“, вели Никола Ристевски, сопственик на фабрика за душеци во Рокдаил.
„Веќе девет години работиме и доста од нашите пациенти се од Македонско потекло. Баш ми е драго дека можеме да им помогнеме на нашите Македонци кои се наоѓаат во Австралија“, изјави Лилјана Стојановска-Петровска, лекар, сопственик на медицинска клиника во Сиднеј.
Четврт мандат градоначалник на Рокдаил е Македонецот Бил Саравиновски.
„Македонците во Рокдаил, Сиднеј и Австралија се покажавме и докажавме пред другите нации дека имаме способни бизнисмени. Ќе се бориме за другата година да имаме уште повеќе наградени наши бизнис луѓе“, вели градоначалникот на општина Рокдаил Бил Саравиновски.
Прогласувањето на најдобрите бизниси во Рокдаил, синоќа го проследи повеќе од илјадна публика, која се забавуваше со најславниот радио водител во Сиднеј Џејсон Морисон и познатиот шоу мен Скот Радбун.


http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=126589

Cudna rabota kako istite Makedonci dodeka se vo Makedonija nemozat nisto da postignat ...
 
Cudna rabota kako istite Makedonci dodeka se vo Makedonija nemozat nisto da postignat ...
Не треба многу објаснување, само цитат од текстот
„Со свој бизнис во Сиднеј за свечена женска тоалета на познати Австралиски и светски дизајнери се занимавам повеќе од четири години. Наградата посебно ми значи и ми импонира бидејќи ме стави во редот на врвните модни бизниси во нашата метропола, во Сиднеј“, вели Неда Ристевска-Ѓореска, сопственичка на ексклузивен моден бутик во Сиднеј.
 
Системот на вредностите за Македонците во Македонија се поинакви.

1. Што пониско клекнеш пред вождот подалеку пенетрираш.
2. Што подолг нокт подолга трага на гребење.
3. Зошто да учам кога можам да си купам диплома.
4. Пред да се роди чим е синче или ќеркичка на некое партиско директорче,мора и тоа да биде.
5. Ако не го учам ќе го пукам па ќе си влезам во парламент.
итн итн...

Таму далеку, знаеш или не знаеш.
 
Напротив, и кај нас се делат одлики за најуспешни

Штедилницата ТАТ
Соња Николовска прогласена за најдобра жена-бизнисмен во Македонија и признанието ѝ го врачил претседателот на Републиката Киро Глигоров.

Владо Бучковски - миротворец на годината!
Награда Феникс награда на општина Центар
Доделена државната награда 11. Октомври
Свечено врачена наградата „Св. Климент Охридски“
Серафимовски и Шабани ја добија наградата Мајка Тереза
Врачена наградата „Мито Хаџи Василев - Јасмин“ на Махи Несими
Доделени државните награди „23 Октомври“ (доделена и на Зоран Тодоровски, директор на државниот архив

Како и кому ги доделуваат...не би коментирал
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom