Уште едно чудо на природата!

  • Креатор на темата Креатор на темата Goodfella
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
1 декември 2010
Мислења
1.294
Поени од реакции
2.781
Двобојно Јаболко

apple.jpg


Овоштарот Кен Мориш бил запрепастен кога на едно од неговите дрва забележал златен делишес поделен еднакво на зелена и црвена половина. Причината за ваквата боја најверојатно е генетска мутација, за која веројатноста е помала од еден во милион.

Јаболкото привлекло толку внимание во селото Колатон Ралеј, во Девон, југозападна Англија, што соседите чекаат ред само за да го фотографираат. Седумдесет и двегодишниот господин Мориш, кој одгледува јаболка веќе 45 години изјавил: „Ова е навистина неверојатно. Изгледа како едно црвено и едно зелено јаболко да биле пресечени на пола па составени.“

Господинот Мориш, пензиониран молер и декоратор, додал: „Не можев да им поверувам на сопствените очи. Црвената и зелената боја се совршено поделени, како да сум ги обоил. Ова дефинитивно е уникатно јаболко, никој од нас нема видено вакво јаболко досега.“ Експертите велат дека веројатноста за наоѓање на јаболко со толку совршена поделба меѓу боите е помала од едно во милион.

Кај ваквите јаболка, црвената страна обично е послатка од зелената бидејќи била изложена на повеќе сончева светлина додека јаболкото созревало. Џон Брич, претседател на Независната Асоцијација на Овоштари од Британија, за Daily Mail изјавил: „Никогаш не сум видел вакво нешто кај златен делишес. Ова е неверојатно ретко, екстремна мутација. Имало неколку пријавени случаи за ваков тип на јаболко. Ако некаде биде најдена цела гранка со вакви јаболка, тогаш експертите за овошје ќе бидат уште повозбудени.“

Џим Арбјури, надгледник на овошје во градината Висли на Кралското Хортикултурно Друштво во Сари, вели дека најверојатно се работи за случајна генетска мутација. „Појавата е позната како Химера, каде што една од првите две клетки се развила поразлично, па едната половина од јаболкото е различна. Мали се шансите ова да биде стабилна мутација, но би требало да се провери и следната година за да видиме дали ќе се повтори. Постојат случаи на јаболка и круши со ваква боја каде мутацијата останува стабилна, од кои и една двобојна круша во колекцијата на Висли“ додал тој.

што е следно!?

извор
 
Ова како јаболкото од приказната за Снежана и седумте џуџиња.
 
Еми сеа која страна е отровна да знаеме да не го гризаме?:pos2:
 
Охоо јаболково навистина е интересно, а темава е баш погодена ко за мене дадам стручен коментар :pos:

Инаку вакво јаболко со олку совршено обојување досега не сум видел, иако имало интрересни примероци поради поставеноста на сенките наспрема плодот, и еднаш налетав на јаболко со совршено израснат лист на него :D
 
Господинот Мориш, пензиониран молер и декоратор, додал: „Не можев да им поверувам на сопствените очи. Црвената и зелената боја се совршено поделени, како да сум ги обоил.

Ја вака ги бојам во - (потенцирам) Photoshop.
 
Ја вака ги бојам во - (потенцирам) Photoshop.

А јас во Corel PhotoPaint. :-).
И да е двобојно, нема да биде толку симетрично, мора да преовладува една од боите, а ова е апла поделено.
Заклучок:
Ефтина монтажа.
 
Некој од внатрешните системи на клетките можеби имал мутација/поремечај, геномите можеби се помешале. Интересна ствар.

Колку што е можна фото монтажа толку е може да биде реална ствар јаболкото.

Дури и самата сончева светлина делува каква боја ќе има растението.

Стручно кажано.
 
Мојот коментар: „Господинот Мориш, пензиониран молер и декоратор...“
 
па имал инспирација од цртанот Снежана и седумтте џуџинња па си рекол ај да пробам колку ме бидува ликовно..
 
Единствено што му фали е следниот пат да има помирна рака :smir:
 
Луѓе не сфаќате дека и растенијата имаат клетки како и човекот??? Дека е можна секаква мутација на се и сешто?
 
Луѓе не сфаќате дека и растенијата имаат клетки како и човекот??? Дека е можна секаква мутација на се и сешто?

ама ова е толку очигледно , шо и слеп да е човек ке сети дека е лага
 
Dailymail ја пренесува веста, не верувам тие да наседнат на заебанција на onion.

Нашиве од 365 се прилично ажурни, топ се. :tapp:
Dailymail
By ARTHUR MARTIN
Last updated at 6:44 PM on 24th September 2009
365
понеделник, 27 декември 2010 11:30 | напишано од Дарко Цветкоски

article-0-0691265C000005DC-764_634x509.jpg


article-0-06912659000005DC-596_634x449.jpg


Со триста чуда и генетики што мешаат денеска во светот, ич нека не ве чуди ова. За пуст профит и поголеми приноси нема да остане здрава природна храна.

--- надополнето ---

Па уште не пишат извори овие од 365, ко тие да го интервјуирале.

Напиши таму .... пренесува медиум тој и тој ....

Open web page > Copy > Paste > Translate > Copy > Paste > Post

Ја измислија Америка. Еурека за дечките. :tapp::tapp:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom