Прво, пишале дека е откриена планета со големина на Земјата. Што не е точно, ако се земе дека дијаметарот изнесува 160% од тој на Земјата, како што е пишано малку подоле. Тоа автоматски ја става планетата во категорија на
Супер-Земји, а според
понови истражувања, доста веројатно и во гасести
Мини-Нептуни, а не "карпести" планети како што ја опишале авторите таму. Што не само големината, него и содржината, е ставена под знак прашање дали е земјеста/цврста. Со 160% дијаметар, шансите се едвај 50/50. Потоа артиклот продолжува со тврдење дека ова е најмалата откриена планета до сега, тотално игнорирајќи ја планетата
Kepler-186f која е со само 10% поголем радиус од Земјата, и реално може да се нарече Earth-sized бидејќи доволно далеку е од категоријата на Супер-Земји, и е воедно најмалата до сега откриена и потврдена планета од страна на Кеплер.