- Член од
- 24 септември 2005
- Мислења
- 511
- Поени од реакции
- 51
Infra напиша:....Ѕвездите „се држат„ помеѓу себе со помош на гравитацијата, а силата на гравитацијата ни овозможува да го определиме притисокот во внатрешноста на ѕвездата...
Токму така, од што произлегува дека нејзината вредност не е константна како што ти напишав во предходниот пост, така да:
Чија гравитација? Таа секогаш е различна. Тоа објасни ми го.Infra напиша:Доколку гравитацијата би била различна само за еден дел од 10 на 40та, тогаш ѕвезди како нашето Сонце, воопшто и не би постоеле!...
Infra напиша:....ОК, тоа би значело дека протонот има маса која е за 1836 пати поголема од онаа на електронот, т.е доколку односот меѓу масите на протонот и електронот би бил значително поразличен, не би можеле да се образуваат неопходните молекули, па не би имало ни хемија, ни живот
Фасцинантен факт е дека вредностите на овие броеви се многу прецизно поставени, за да овозможат развој на живот.!...
Infra, за да постои еден атом може да има еден протон и еден електрон најмалку (како кај водородот) каде односот на масите им е каков што го наведе. Тука например нема неутрон. Меѓутоа постојат и некои изотопи на водородот каде односот на масите на протонот и електронот е за 2 или 3 пати поразличен. (тешка вода) Како го објаснуваш ова со твојата теорија? Треба да знаеш дека постојат уште многу покоплицирани атоми од водородот со уште покоплицирани „дефекти“ каде фалат електрон/и, протон/и или неутрон/и. Односот на вкупните масите на градбените елементи на такови атоми е толку различен што не постои можност да се најде зависност а камо ли да тврдиш дека таа е специфична!