Уреди за печење леб и рецепти

  • Креатор на темата Креатор на темата Zebar
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
19 март 2013
Мислења
825
Поени од реакции
601
Бидејќи гледам дека нема тема за овие уреди, си реков да отворам една со препораки за кој апарат да го купам, а може да биде и општа со совети за употреба, рецепти... ако другите членови сакаат.

Значи, конкретното прашање ми е - кој апарат? Гледам, има големи варијации во цените. Што се добива со поскапите? Дали само тајмери и слични работи, кои нема да ги користам? На сајтовите на поголемите продавници за бела техника нема многу податоци, само основните технички.

Од поевтините, им фрлив око на Vivax-ите.

Второ прашање ми е, откако ќе го купам, каде да најдам поздраво брашно (црно, интегрално...) Т.е. од каде купувате, ако купувате.

Па, повелете. :)
 
Ја имам вивакс и пробав неколку пати да испечам лебче по рецептите што идат со апаратот и кората е ок и крцкава, но внатре ми е недопечено, т.е. влажно.
Друго нешто што не ме бендиса е тоа што садот во кој се меси и се пече е од тефлон, а не им верувам многу на тие модерни полимерни материјали.
Кога го купив се играв неколку пати, после то оставив, сега понекогаш го користам за месење и стасување кога немам време, а лебот го печам во рерна.
 
А бре земете научете да месете леб, какви апарати, какви бакрачи. Многу мрзлива младина, еј каде вака. Апарат за месење на леб бе!
Како што сме тргнале еден ден ќе се измисли и апарати за џвакање, па само ќе треба да голтате. Се знае, од нечија рака, најубав е месениот леб!
 
Немам волја, услови, а богами ни знаење да се распафтувам со брашно по цела кујна...
 
Се согласувам целосно со @blue ladybug :)
Лебот или си го купуваш од продавница или ти дома сам си го правиш/месиш.
Што се однесува до печењето за мене само два уреди постојат...... рерна/шпорет и фурна..... најстари, најдобри и најздрави начини за печење на леб :)
 
Сите се со тефлон или негова варијација, многу нездраво за секојдневно користење а ниеден произведувач не прави без тефлон односно сад од стакло или челик што не рѓосува.
 
А бре земете научете да месете леб, какви апарати, какви бакрачи. Многу мрзлива младина, еј каде вака. Апарат за месење на леб бе!
Како што сме тргнале еден ден ќе се измисли и апарати за џвакање, па само ќе треба да голтате. Се знае, од нечија рака, најубав е месениот леб!

Така е, сите и на рака да перете, што ќе ви се машини за перење! И вадете сите чешмите од дома, се знае, вода од бунар да се зема! Бојлери? Пфффф! Најпоштено, во котел ќе греете!
Буба маро ма, не очекував од тебе вакви ретро ставови! :unsure:

Он - се мислам и јас да земам, гледав неколку, цените им се движат од 4-5000 па нагоре. Вивакс не сум сигурна колку се трајни, инаку цените им се ок. Ако има некој добро искуство со конкретна марка нека сподели.
 
Немој да споредуваш месење леб и перење. Барем мене не ми е исто. Коа станува збор за храна, се знае највкусно и најслатко е тоа што е приготвено со сопствени раце. Јас сум ретро девојка, ти не ме знаеш мене :P
 
А бре земете научете да месете леб, какви апарати, какви бакрачи. Многу мрзлива младина, еј каде вака. Апарат за месење на леб бе!
Како што сме тргнале еден ден ќе се измисли и апарати за џвакање, па само ќе треба да голтате. Се знае, од нечија рака, најубав е месениот леб!

Технички, не мора месење... Ако се стави помала количина квасец и се остави тестото да стасува преку ноќ, квасецот преку ферментацијата ќе "направи" глутен и без месење (глутенот и е главната причина за месењето).

Рецептот:
http://www.nytimes.com/2006/11/08/dining/081mrex.html?_r=1
Лебот што се добива е позбит, потврд, помалку возудшест од купечките, но повкусен (за мене барем).

Ете дури и полесно и поефтино. ;)
 
Откако почнав да наоѓам секакви глупости во лебот од продавница си купив Panasonic SD-255WXE сега барем знам што има во лебот.
Абе 21 век сме ај со раце да правиме леб и да го печиме во фурната што ни е во дворот. :D
Само да ја имате точната количина и редоследот на ставање на продуктите за 750гр леб. :)
 
Добро е, тргна дискусијата. :свиркам: Ете, тоа за тефлонот не сум го знаел и прв пат го слушам.
 
Немам волја, услови, а богами ни знаење да се распафтувам со брашно по цела кујна...
А какви услови ти требаат за да замесиш леб ? Хала од 2345 квадрати , ѕидовите од мермер и спецјална печка ?
 
Сите вие што го хејтате апаратов за леб очигледно не сте пробале :D а за леб од продавница да не праиме муабет, корка ластик внатре е шума и после 1 ден можеш на врапчињата да го дадеш, и башка треба 2 и пол леба да купиш за да нахранич четри члено семејство у денот :D

Ја иам дома апарат незнам што марка е ке видам и ке ти пишам утре иначе лебот е врв, посебно кога е тазе изваден и може комотно да стои 3 до 4 дена лебот и ке биде добар за јадење и многу има разлика од брашно до брашно зашто коа купи мајка ми некое брашно од србија немаше споредби со ова од жито лукс, каков леб извади .... само леб да јадеш ништо друго :icon_mrgr: а и од економска страна е поисплатливо зашто еден леб ке те кошта околу 35-40 денари да направиш а у продавница 2 леба да купиш 60 денари така да за година дена и ке го исплатиш апаратот :icon_mrgr:
 
Едит:
moulinex_bread_baguette_maker_ow5023-0.jpg

Ваков имам јас moulinex Прави леб од 750,1кг и 1.5кг. Со леб од 1.5кг е доволно за еден ден- ден и пол да се пројде за 4души. Исто добра ствар е што можеш да си го програмираш кога да почне да прави леб па си доаѓаш од работа, стануваш од спиење и имаш готов тазе леб :icon_mrgr: друго незнам што да ви кажам
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom