Toecutter
Biafran Baby
Урбани легенди, масовна хистерија, параноја ?
Музика која наведува на самоубиство
Rezső Seress, унгарски композитор кој живеел во Париз во 1932 ја компонира Gloomy Sunday (Бенадежна Недела), музичко дело кое наводно одзело илјадници животи. Композиторот во тоа време се обидувал да изгради кариера во музиката рискирајќи се без да прави компромиси и без да бара работа со која би се издржувал. Неговата свршеница не можела да ја поднесе постојаната немаштина и исчекување и го напуштила. Rezső Seress останува сам, без пари, без девојката која ја сака, која му го олеснува самотниот живот во емиграција, без пријатели и без иднина. На се ова се доаѓаат и декемвриските париски денови со дожд и магла... резултат е најголемиот успех на композиторот кој во еден ден својата тешка душевна состојба ја претвора во ноти. Митот е роден.
Една издавачка куќа ја прифаќа музиката и ја печати композицијата, а во јавноста е пласирана преку радиото и грамофонски плочи во изведба на Пал Калмар,Пол Робертсон,Дамиа,Хол Кемп,Били Холидеј...
Првата жртва паѓа во Берлин каде песната е хит.Млад човек бара да му ја отсвират песната во кафеана, оди дома, му кажува на неговите дека песната го дотепува и дека не може веќе да продолжи, се затвара во соба и се убива со револвер.
Една недела после тоа,повторно во Берлин,млада девојка се беси.Во нејзината соба наоѓаат примерок од Gloomy Sunday.
Два дена подоцна во Њу Јорк,млада девојка се самоубива со плин и во пораката пишува дека сака на својот погреб да се свири Gloomy Sunday.
Следната жртва, стара жена, исто во Њу Јорк се фрла од седми спрат после слушањето на песната.
Истиот ден тинејџер во Рим се фрла од мост. Последна песна која ја слуша била Gloomy Sunday.
Медиумите веќе почнуваат да ја третираат оваа тема. Особено по случајот во Лондон кога комшиите на една девојка се иритирани од нејзиниот грамофон кој неколку часа ја свири таа песна поради изгребаната плоча. На повиците и тропањето на нејзината врата никој не одговара. Повикана е полиција која провалува... девојката ја наоѓаат мртва. Самоубиство со преголема доза барбитурати.
Поминуваат месеци и се почести се новинските извештаи за самоубиства, посебно кај депресивни лица кои ја имале таа несреќа да ја слушаат Gloomy Sunday.
Управниот одбор на BBC решава да игра на сигурно и го забранува емитувањето на песната преку националното радио.
Во Париз, Rezső Seress за тоа време собира добра пара на има авторски права. Конечно финансиски стабилен, и пишува на својата девојка и ја моли да му се врати. Наместо нејзино писмо, добива писмо од нејзините кои го известуваат дека девојката си го одзела животот со труење. Полицијата покрај отровот пронаоѓа и примерок на плочата со Gloomy Sunday покрај нејзиното тело...
Со почетокот на втората светска војна песната паѓа во заборав, извештаите за стотици самоубиства ги менуваат оние за воените ужаси и страдање на милиони луѓе.
Песната уште еднаш доаѓа на насловните страни.
Ден по самоубиството на Rezső Seress, композиторот на најмеланхоличната песна на сите времиња.
Gloomy Sunday with a hundred white flowers
I was waiting for you my dearest with a prayer
A Sunday morning, chasing after my dreams
The carriage of my sorrow returned to me without you
It is since then that my Sundays have been forever sad
Tears my only drink, the sorrow my bread...
Имаше еден случај пред некои 15 години, преспанско некаде, истура дожд, наводно некој шофер качил автостоперка, млада убава девојка која одела накај Битола по некоја работа. Кога се симнала му дала прстен како благодарност иако одбивал да го прими... Низ неврзан муабет му кажала каде живее и по некој ден шоферот отишол да го врати прстенот на девојката, му било премногу да зема прстен за едно возење. Тропнува на вратата на посочената куќа, отвара постар маж, шоферот прашува дали тука живее Марија...
Човекот со насолзени очи му кажува дека имаше тука Марија, неговата ќерка, која го загубила животот во сообраќајка на патот Ресен-Битола. Шоферот прашува да не е некоја шега, му ја опишува девојката која ја возел и го вади прстенот како доказ. Таткотот на девојката се онесвестува, а шоферот оттогаш го избегнува тој пат.
Што мислите за овие работи. Дали се работи за суеверие?
Дали знаете друг ваков урбат мит (или вистинит настан) ?