Уписи на факултет[генерална дискусија]

  • Креатор на темата Креатор на темата Kacar
  • Време на започнување Време на започнување
Ај вака, дали некој знае на правен факултет, во понеделник во колку саат ќе има т.н. академски час? Колку трае тоа чудо?
Бев до правен, немаше истакнато ништо, бев и на студен. прашања и таа таму не знаеше ништо. Ми вика ќе имало на интернет со се распореди, ја прашав кога ќе биде објавено и тоа не знаеше да ми каже.
Да не има некој(а) било каква информација?
 
денес треба да излезе распоредот без гајле ;)
 
Се известуваат сите студенти од прва до четврта година дека на ден 15.09.2014 год. (понеделник) со почеток во 12:00 часот ќе има промотивно обраќање од страна на Деканската управа од Правен факултет Кичево, за што студентите се молат за задолжително присуство на промотивното обраќање во горенаведениот термин, а од 16.09.2014 год. наставата ќе се реализира според објавениот распоред на предавња и вежби објавен на интернет страната на факултетот.
 
Ај еве термини кои факултети започнуваат со академските часови, но правниот (за некое чудо) го нема: http://ukim.edu.mk/mk_vest.php?v_id=146

Ако некој знае, уште еднаш, ќе го замолам нека каже. Фала
 
Дали некоја ја попуни електронската пријава за на фах? Мене ми вика дека не може да продолжам со пополнувањето после резултатите од матура а веќе ги има...или само кај мене е така?
 
Зa нa секoј фaх требa електрoнскa пријaвa?
 
па за на уким треба а за другите не знам
 
А каде се наоѓа таа тн. скриптара на УКИМ, од каде што треба да се земат пријавите? Немам стапнато близу факултетиве па затоа прашувам.
 
Здраво дали на Гоце Делчев може да се запишам со завршна матура ?
 
Здраво дали на Гоце Делчев може да се запишам со завршна матура ?
може,ама предност имаат тие со државна матура[DOUBLEPOST=1439241520][/DOUBLEPOST]
А каде се наоѓа таа тн. скриптара на УКИМ, од каде што треба да се земат пријавите? Немам стапнато близу факултетиве па затоа прашувам.
Луѓе помагајте :) и вие знаете како ви било кога сте биле на уписи...
 
Дечки, сеа стварно не е битно колку е стар изводот и државјанството (како што пишува на апликацијата iknow) или не треба да бидат постари од 6 месеци?
 
Здраво. Сакам да прашам дали одземаат бодови за намалено (добро) поведение кога се запишуваш на факс. Доколку одземаат, колку?
Само една година имам намалено поведение.
 
Здраво. Сакам да прашам дали одземаат бодови за намалено (добро) поведение кога се запишуваш на факс. Доколку одземаат, колку?
Само една година имам намалено поведение.

Јок. :kajgana:
Јас се запишав со четири години намалено поведение :D[DOUBLEPOST=1439244964][/DOUBLEPOST]
Дечки, сеа стварно не е битно колку е стар изводот и државјанството (како што пишува на апликацијата iknow) или не треба да бидат постари од 6 месеци?

Кај нас, не праат проблеми тетките, ама не можам и не смеам да гарантирам дека тоа е случај сегде. Али вака општо земено, да те врата само заради тоа, е прилично глупо :D
 
Луѓе помош. На веб сајтот на Градежен во потребни документи за упис, меѓу другото пишува и „испечатена електронска пријава“. Може да ми каже некој на што се мисли со ова и како може(ако може) да се испечати електронската пријава. Јас веќе ја пратив пријавата и на iknow, во делот за потребни документи не пишуваше ништо слично. Линк
 
на крај на пријавата имаш опција “испечати“.

Не знам дали на градежен е така, ама на најголем дел од факултетите, на ден на уписите има (официјални) луѓе кои треба да ти помогнат околу истото, т.е. да ти ја проверат пријавата и да ти испечатат тоа што треба. Така да, ако не се снајдеш, на факултет кога ќе одиш за упис, распрашај се :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom