Unthink - нов конкурент на Facebook

  • Креатор на темата Креатор на темата Грејвдигер
  • Време на започнување Време на започнување
Г

Грејвдигер

Гостин
Unthink е нова друштвена мрежа, која воопшто не е слична со Twitter, Google + или Facebook, а нуди целосна контрола врз податоците објавен на профилот. Така вели директорката и основач Наташа Дедис која се фали со огромен број нови членови за многу кусо време.


unthink-nov-konkurent-na-facebook-61534.jpg


За разлика од останатите мрежи Unthink нуди можност да се регулира дали огласувачите ќе добијат некои информации за вас или пак ништо нема да им откриете. Страницата веќе има епитет на анти-Facebook мрежа за луѓе кои сакаат да се социјализираат на интернет, но се фрустрирани од рекламите и од незаштитената приватност.

Според информациите, откако страницата стартуваше на 25 октомври, досега има 100.000 членови. Извршната директорка и основач на сајтот, Наташа Дедис, вели дека Facebook е место кое изгледа како дворец, но луѓето во него се робови. Таа објаснува дека Unthink е ветената земја каде луѓето поседуваат и контролираат се што имаат. За неа е главна идеологијата, а техничките детали се споредни, и затоа нејзината цел е радикално да го измени начинот на делење на податоците во интернет средината.

Google и Facebook заработија милијарди, откако на огласувачите им испратија податоци за пребарувачките навики на своите корисници. Финансирањето на Unthink ќе функционира така што корисниците ќе можат да дозволат некој бренд да биде спонзор и да го одржува нивниот профил. Корисниците што не сакаат никаков спонзор на својата страница, ќе треба да платат по два долари годишно и нема воопшто да бидат вознемирувани.

Наташа Дедис ја добила идејата за социјална мрежа, откако нејзиниот син и кажал дека планира да направи профил на Facebook страницата што таа смета дека ги експлоатира корисниците и е арогантна кон нив.

Својата мрежа ја направила во рок од три години и потрошила 2,5 милиони за нејзиното формирање.

Извор: http://kajgana.com/unthink-nov-konkurent-na-facebook
 
Веќе ми се смачи од сите овие нови социјални мрежи. Као малку да ни беше една а сеа секој десети човек место да креира профил на една тој создава социјална мрежа. (n)
 
Исто срање со фејсов само во зелено пакување, за да ги привлечат љубителите на тревка :icon_lol:
 
Не, благодарам. Малку ми е зависноста и навиката од фејсбук па уште тоа ми треба.
 
Јас си напраив бе мада е бета....Малку ми делува расфрално и зелено ама ваљда моч навике...И да тешко да сретнеш позитивно мислење дека на сите им е до тука од социјални мрежи а чудно сите е на фб.
 
Ако е зелено како шо викате, може ке се пронајдам јас таму, ама не и моите ФБ пријатели:(
 
Името не ми се свиѓа, можеле да смислат нешто што се памти и изговара полесно.Не дека е ова тешко ама фејсбук ги јаде у тоа.А многу е битно за социјална мрежа името, и можеле да смислат нешто боље
 
Јас си направив профил ама многу комплицирано ми изгледа. Има following, followers и friends. Не знам како тоа не е слично со твитер и фејсбук? :confused:
 
Премногу го натрупале дизајнот, како мени од некоја игра ми изгледа. Може гикови да се попалат на ова, обичната раја ц'к
 
Мрежава е толку глупа што дури и Myspace е далеку подобра...Синоќа едно 2 часа ја тестирав, се мотав низ неа да средам некои работи и на крај се откажав поради огромниот број на глупости ставени во неа. Тотален промашај, не верувам дека оваа некогаш ќе се рашира како Facebook, Twitter или евентуално Google+.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom