Unthink - нов конкурент на Facebook

  • Креатор на темата Креатор на темата Грејвдигер
  • Време на започнување Време на започнување
Преземено од Интернет маркетнг

Овој пост не се однесува на концептот за нова социјална мрежа или новитетот на Unhink.com, туку на неверојатната храброст и јасна цел на оваа компанија во надежта дека е возможно да се создаде buzz против големите гиганти со цел испраќање на јасна порака дека постојат алтернативи и луѓе што едноставно не се согласуваат со нивните мегаломански и комерцијални цели.
Ќе забележите дека малата стартап компанија што ја креираше новата социјална мрежа – Unthink, започна со строга, помалку чудна и невообичаена кампања за привлекување на ‘револуционерите’ од останатите мрежи на својата мрежа.
Видеата, насловите, зелената боја, дрвото и сите вирални пораки испратени од оваа мала компанија, се јасно насочени кон гигантите и кон заштитата на податиците на корисниците.
Ако сакате да видите што се имаат направено за да го кажат своето мислење -погледнете ги виралните видеа на официјалниот Unthink Youtube канал
Поттикот и идеата за ваков тип на сервис, според основачот Natasha Dedis се едностраните политики за користење на податоците на корисниците, посебно од страна на Facebook.
Ова е дефинитивно обид да се направи 3 во 1 социјална мрежа која ги искористува недостатоците на останатите во целосна доминатна мрежа за социјалнo и професионално поврзување.
Разликата со останатите мрежи е тоа што оваа социјална платформа размислува во насока на доделување на целосна контрола на своите корисници во изразување на својата онлајн активност. Ова значи дека јасно се поделени стримовите на социјален, јавен и професионален, за кои можете да сетирате различни профили, со слика и да имате целосно различни конекции, пријатели или следбеници.
Ок, изгледот на профилите и дел од термините како iENDORSE CHANNEL, iUNTHINK, iBELIEVE не се индикатор за некое премногу револуционерно решение но сепак, Unthink дава ново решение (можеби и најдоброто до сега) во разграничувањата на видливоста на тоа што е постирано од ваша страна. Слично како решението на Google+ со круговите или Facebook со листите.
unthink-profil.gif

Целта е постигната, и вниманието е добиено. Сигурни сме дека сите анти-Facebook и анти-Google корисници, се придобиени и веќе се социјализираат на Unthink.
Ако сте го следеле Марк во неговите јавни настапи и неговиот став кон конкуренцијата, тој секогаш изјавувал дека најмногу се плаши од револуционерни мали компании, како најголем конкурент за неговиот бизнис.
Дали Unthink е моментално неговиот најголем конкурент, само времето ќе покаже, нели?!
 
Џабе им е трудот, нема да успеат да го стигнат на Фејсбук. Истото се викаше и за Гугл Плус и ете што направија. Јас се надевав дека ќе бидат подобри но ништо.
 

Kajgana Shop

Постови на неделата

Недела од 12 јули 2025

Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
Многу изгубија Вмро, Мицковски и Тошковски со ова. 30 години политички партии, еден не се најде да им каже дека не можат да идат со глава во ѕид, и дека не идат лично против Арсовска, туку против функцијата градоначалник на Град Скопје. Толкави...
Фан Клуб: Вардар
убаво е да се знае, не сите комити го делат ставот на “комити“
не може мене никој да ми наметнуваат како да размислувам.

иститие тие пред неколку години во ерата на најуспешните години на вардар бараа вардар да се повардарел. се повардари, си...
Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
тошковски постапува по судски налози. Конкретно за ова кај судот треба да ја бараш кривицата. Судот моментално не е под влада него ете е независен. ВМРО не смени ниеден судија кога дојде него тие што беа за време на СДС.

Аха, значи ако некој...
Back
На врв Bottom