Умре Ричард Холбрук

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.593
Почина еден од архитектите на Американската политика спрема Балканот, Ричард Холбрук.

Попознат како “булдожер’’ или “булдог’’, овој комуњарски силеџија со неверојатно големо его, служеше за време на секоја една Демократска администрација уште од времето на претседателот Џон Кенеди па се до денес.

Истовремено, беше дел од банкарската елита -- Lehman Brothers и Credit Suise -- која што ја опљачка Америка.

На Балканот е познат како човек што го воспостави Дејтонскиот мировен договор во Босна и Херцеговина, а потоа ги зацементира врските меѓу САД и УЧК на Косово.

Холбрук беше моторната сила на преговорите во Рамбује, после кои почна војната на Косово во 1999 година.

Потенцијален проблем за соствените фалби беше откритието на Радован Караџиќ дека Холбрук му ветил имунитет ако се повлече од политиката.

Холбрук е познат е и по тоа што Хрватите ги нарече “наши пудлици’’.

До самиот крај беше близок со Бил и Хилари Клинтон, односно беше фаворит да стане Државен секретар доколку Хилари победеше на изборите за претседател.

http://www.foxnews.com/topics/politics/obama-administration/richard-holbrooke.htm

Holbrooke-Pakistan-must-cut-terror-havens.jpg
 
Ке кажев дека светот е подобро место без него ама не е. Бргу ке биде заменет и истиот филм ке продолжи.
 
Добро де...лесна му земја. Доволно направил во животот. Историјата ќе покаже дали бил во право или не со тоа што правел!
 
И сега кој ќе ни го реши спорот со името со Грција?
:icon_eek::icon_eek:
 
Луѓето како Холбрук па Пердју па оној што ги донесе рамковниот договор не ми текнува како се викаше па Вокер и десетиците такви кој и во овој момент роворат во светот и нанесуваат толку зло им се чини дека никогаш нема да умрат и да отидат пред Бога.
 
Умре пионот, ама системот сеуште е жив :toe:
Луѓето како Холбрук па Пердју па оној што ги донесе рамковниот договор не ми текнува како се викаше па Вокер и десетиците такви кој и во овој момент роворат во светот и нанесуваат толку зло им се чини дека никогаш нема да умрат и да отидат пред Бога.
Џорџ Робертсон? Или Питер Фејт...
 
Масон-“илуминат“, еден од банкарите кои американскиот претседател го користат како марионета.
 
Back
На врв Bottom