УКИМ - привилегиран Универзитет?

Абе едно привилегиран УКИМ, што да ти расправам. УГД во изминативе години е миленичето на власта, па така скоро ниеден друг универзитет не може ни да му се доближи, така да ова привилегиран, воопшто не држи вода. На пример, штипскиот доби и е-индекс и добива далеку поголемо внимание и инвестиции отколку скопскиот.

А инаку секаде во светот универзитетот/факултетот кај што си завршил нормално дека има своја тежина. И да не се лажеме УКИМ е најдобар и ќе си остане долго време (ако не и засекогаш) најдобар во Македонија.
 
Никаде во законов не пишува дека укимци се привилегирани, туку дека ќе се гледа рангирањето на факултетите, што е многу нормално и логично.
Него мене проблем со законов ми е тоа барањето за знаење јазици. Не е проблемот што ти вика да знаеш јазик туку што истиот услов пример го има за конкурирање во Академијата за судии и јавни обвинители...
И друга работа „- причини за аплицирање за конкретното работно место, очекувања од работата и цели во кариерата.“:facepalm::facepalm:
Е шо да пишам „ја сакам да работам на унапредување на мирот и безбедноста во светот и затоа сакам да бидам административец“...
 
Не спорно да има бодување според квалитетот на универзитетите ако тоа рангирање би било реално. Само како пример ќе го земам Харвард кој да речеме во Америка е можеби најценет и кандидатите од таму се посакувани или преферирани. Проблем е што нашиот образовен систем е смешка. Без разлика за кој универизтет се работи знаењето што студентите го стекнуваат зависи исклучиво од нив самите, а не од професорите или институацијата. Секоја чест на ретките исклучоци. Во последно време имам многу ниско мислење за професорите кои наместо да образуваат кадри, лечат фрустрации на студентите ги мелтретираат непотребно, профитираат на продажба на книги кои се услов за потпис а не па испит. Или па се од оние што воопшто не се појавуваат на факултет и целата работа им ја бркаат асистентите кои во многу случаи се поспособни од самите нив. Криво ми е што во Македонија не се отвори еден приватен универзитет на кој би било престиж да се студира кој би се посветил многу повеќе на истражувачка работа и пракса наместо бубање теорија. Ама за да се формира таква институција потребни се многу пари да се платат најдобрите професори и да се овозможат одлични услови. За жал од државните факултети не очекувам нешто такво затоа што се заспани 50 години, ништо не се вложува, критериумите за тоа кој ќе биде професор се нажалост партиски книшки и ретко кои професори се со визија и имаат желба да вовведат интеркативни начини за совладување на материјал. Мислам дека у денешно време сите студираат да земат каква таква диполома а знаењето изостанува. За оние кои сакаат да научат нешто вистински, сва среќа интернетот е лесно достапен. Овде секако не ги вклучувам медицинскиот и слични нему факултети каде знаењето не може да дојде од читање по интернет, ама како и да е и тука може да биде корисна алатка.
 
Уште се дискутира за вработување во администрација? По министерствата е како на Аца Лукас во Борис, вработените немаат свое столче не пак биро. Ги молат да појдат негде да прошетаат за да можат другиве кои колку толку се разбираат да сработат нешто,а овие со цел ум нови критериуми ќе поставувале
 
Е така, сега и црнци ќе иаме у државава

Уште тие ни фалат..........за нас нема работа не па за нив :(
--- надополнето: 10 јануари 2014 во 02:21 ---
По тоа што се пропагира државна администрација како рајско место за работа, сфаќате колку е часот во државава. И дека не треба диплома од УКИМ, туку полтронско книвче.

Паметни луѓе не им требаат во администрација, факт. Што е можно понеписмени и пиунски настроени.

Браво друже (не е иронично).... коа децата нивни (власт)ке се запишат на УКИМ на факс кај шо предава нивни роднина ,кога ке дипломирааат ке идат да работат кај друг роднина у администрација....а ако немаш роднина у УКИМ тогаш пут под ноги и бирај исток,запад,север или југ :(
 
Запишете се во најпривилегираниот "универзитет" Партијата и ќе имате предност дури и пред кандидати од Харвард.
 
Запишете се во најпривилегираниот "универзитет" Партијата и ќе имате предност дури и пред кандидати од Харвард.

:facepalm: уште те лажат комунистите дека партијата вработува... :icon_lol:

Шала настрана, Партиите треба да се пререгистрираат во бироа за вработување.
 
Сите приватни факултети работат со одобрение и под контрола на државата. Која е причината да нивните дипломи бидат потценети?
Nec speciale quidem beneficium adversus leges valeat impetratum
Не важи привилегија стекната спротивно на законот
 
СТУДЕНТИТЕ НА УКИМ ЌЕ ИМААТ ПРЕДНОСТ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕТО ВО АДМИНИСТРАЦИЈАТА


Пратениците во Собранието на Република Македонија денеска во прво читање ги усвоија Предлог законот за административни службеници и Предлог законот за вработените во јавниот сектор.

vrabotuvanje.jpg

Законот предвидува при вработувањето да се земе предвид и рангирањето на Универзитетите во Македонија на Шангајската листа, односно, универзитетите кои што се рангирани повисоко ќе носат повеќе поени од оние што се пониско, пренесува Вест.

Новиот услов за собирање на поени за вработување на идните административци ќе почне да се применува одложено, односно по истекот на една година од денот на почнување со примена на законот за административни службеници.

Лани за првпат македонските универзитети беа рангирани на Шангајската листа.

И оваа година рангирањето го прави Центарот за светска класа универзитети при Шангајскиот Џио Тонг Универзитет од Кина, по барање на Министерството за образование вклучени се сите пет државни универзитети, 10 приватни универзитети, една јавно-приватна непрофитна високообразовна установа-универзитет, пет високи стручни школи и шест јавни и еден приватен научен институт. Ранг-листата годинава треба да биде објавена овој месец.

Ова е делот од законот:

Пријава за вработување на административни службеници
Член 36

(1) Кандидатите за административни службеници ја пополнуваат електронската пријава која ги содржи најмалку следните податоци:

- име и презиме, матичен број, датум и место на раѓање, адреса и место на
живење, припадност на заедница;
- последен степен на образование и стекнати дипломи, претходни степени на образование и стекнати дипломи (за кандидатите со магистратура и/или докторат), датуми на стекнување на дипломите, броеви на дипломите, образовни институции кои ги издале;

- претходно работното искуство, да/не, детален опис (доколку има), вклучувајќи име на работодавачот, позиција, опис на работното место, должина на работниот стаж, адреса на работодавачот и причини за
напуштање на работното место;

- познавање на странски јазици, да/не, јазик, ниво според ЦЕФР (CEFR) или бодови според ТОЕФЕЛ ПБТ, ЦБТ или ИБТ;

- познавање на работа со компјутерски програми за канцелариско работење, да/не, кои; и

- причини за аплицирање за конкретното работно место, очекувања од работата и цели во кариерата.

(2) Кон пријавата кандидатите задолжително ги прикачуваат следните докази за податоците внесени во истата, во скенирана форма:

- доказ за државјанство на Република Македонија;
- доказ за неизречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност;
- уверение/диплома за завршен степен на образование;
- меѓународно признат сертификат за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски) или потврда за завршен прв, втор или трет циклус на студии на еден од 200-те највисоко рангирани факултети на Shanghai Ranking - ARWU (Academic Ranking of World Universities) на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски), за кои студии кандидатот поседува нострифицирана диплома;
- потврда за работа со програми за канцелариско работење;
- потврда за положен стручен испит или лиценца или уверение од соодветната стручна област, доколку истите се посебен услов за работното место и се назначени во јавниот оглас.

(3) Кон пријавата кандидатите можат да прикачат и:

- извод од историјатот на вработувања, доколку кандидатот бил претходно вработен, издаден од агенција за вработување;
- препораки од претходните работни места, кои содржат контакт податоци од лицето кое го препорачува;
- потврди за посетувани обуки, стручни сертификати од други стручни квалификации и специјализации, трудови и публикации;
- меѓународно признат сертификат за познавање на еден од шесте официјални јазици на Обединетите нации;
- потврда за волонтерски стаж, издадена од волонтерскиот регистар на Министерството за труд и социјална политика, односно волонтерска книшка, издадена од Министерството за труд и социјална политика, а потпишана од раководното лице на институцијата;
- изјави или други документи од интерес на работното место.

(4) Откако ќе ја пополнат пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност, да потврдат дека податоците во пријавата се точни а доставените докази верни на оригиналот.

(5) Со пополнување на пријавата кандидатите добиваат идентификациски код кој ги поврзува со резултатите од фазите на селекција

Според ова, сите граѓани на вукојебинава и официјално не се еднакви сега и во образованието.Значи доволно е да имаш завршено на УКИМ (плус нормално ‘другите документи‘) за во јавна администрација, па макар и 7 години да студираш.
Здрав мозок одма би си ги поставил неколку прашања:
- Зошто се формира Факултетот за јавна администрација во Битола?И се затвори сега пред некој месец...
- Зошто се отворија дисперзирани студии, а не ги есапат тие студенти за живи?Како ќе ги охрабрат средношколците да запишат таков факултет ако вредноста му е подолу од стандардната диплома а.ка. тоалетна хартија.
- Како ќе ги охрабрат студентите настрана од Скопје да останат во својот град или на другите универзитети? (веројатно ќе одат странство :свиркам:)

Не знаев дали овде да ја ставам темава или во оние теми Скопје и другите места, доселувања, отселувања итн.
Лет‘с старт д фајт..


СИ ГО ПРОДАВАМ ДРЖАВЈАНСТВОТО НА СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ СТРАНКИ. ПОЧЕТНА ЦЕНА: 0 денари. КРАЈНА: 1 денар.

Ги постави сите битни прашања. Елитизмот против кој ДПМНЕ се као демек бореше кога беше во опозиција, сега им удри во глава. Одлично.

Значи имало дно под дното.

БРАВО!
 
Да де откако ја натрупаа со вработувања , немајќи кај да ги однесат им даваат плати седејќи дома ... и сега ајде ќе трагаме по "квалитет".

Значи уште ќе има вработувања во администрација.

Бројот на жители се намалува , не ми е јасно зошто се зголемува потребата за административци ? Кому служат овие ако имаме помалку жители.

Приватните компании кога имаа поголема порачка , зимаат вработени привремено, колку да завршат работа. (Работичка машинерија)
Државните институции кога имаат политички избори , зимаат повише вработени колку да добијат избори. (Гласачка машинерија).

Е затоа е ептен тешко да се вработиш во администрација без партиска книшка (да не збориме ако имаш погрешна книшка , тогаш не помага ни Оксфорд диплома а камо ли УКИМ).

Нема врска квалитет неквалитет , УКИМ , ДУТ , Штул , Фон ... туку партиска книшка и обезбедување гласови на следните или претходните избори... исто така да не заборавиме 3-5 илјади евра
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom