UEFA Europa League

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.809
Поени од реакции
83.986
That's right bois! Најмасовното Европско фудбалско натпреварување се враќа и оваа сезона.
Правилата ги знаеме.12 групи со 4 екипи во нив. Најдобрите 2 + осумте третопласирани од групната фаза продолжуваат во 1/16 финалето на ова натпреварување.

Оваа година најверојатно нема да видиме одбрана на титулата бидејќи (сега за сега) Манчестер Јунајтед игра во ЛШ благодарение на титулата во ова натпреварување. Последните две години шампионот од ЛЕ добива директен пласман во групната фаза на ЛШ за следната сезона, нешто што е дополнителна причина зошто ова натпреварување станува се поатрактивно за следење.
Другата е тоа што богами има навистина израмнет и интересен фудбал во групите, што годинава ќе биде засилен со учеството на некогашните европски гиганти како Милан, Лион, Арсенал...

НО ТОА НЕ Е СЕ! Конечно една македонска екипа успеа да искористи нешто што нашите комшии го користеа со години. ВЛЕЗ ВО ГРУПНА ФАЗА НА ЕВРОПСКО НАТПРЕВАРУВАЊЕ!

ФК Вардар ќе биде македонската гордост во престојната фудбалска есен и како прв историски преставник во едно вакво натпреварување не може ништо да изгуби, а може многу да добие. Групата Л е групата на нашите Вардарци кои што ќе се соочат со Зенит, Реал Сосиедад и Розенборг. Првиот меч започнува утре во 21:05 на Градски а.к.а. Филип Втори а.к.а. Т-Мобајл арена, а ако не сте купиле карти до сега.....ок, ваше си е, што има да ви се мешам.



Ова се групите за оваа сезона, а познавајќи ја возбудата на ова натпреварување сигурни сме дека ќе видиме многу голови и многу зиненадувања. Прерано е да се бираат фаворити во ова натпреварување, ама секако дека Милан и Арсенал ќе се обидат да ги израдуваат своите фанови со добар пласман во ЛЕ, а зошто да не и титула.

Натпреварите започнуваат утре, а завршуваат на 16.05.2018 во Лион.

upload_2017-9-13_16-31-40.png


Дали стадионот на кој што се одржува финалето ќе ги мотивира Лион да освојат титула? Дали Лацио ќе ги падне сите просечни кладилничари што ќе се кладат против него? Дали Шпанска екипа ќе се врати на тронот на ЛЕ? Дали источно европските земји ќе влдеат со лигата на Европа? Дали Тотенхем ќе го помине 1/16 финалето на ЛЕ? Дали Вардар ќе им ја скрши кичмата на сите? Ќе дознаеме во престојната сезона на Лигата на Европа!
:oeoeoe:
 

Attachments

Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Oваа сезона е наша, ич да нема муабет.

(дури не не издрибла некој во нокаут фазата како по обичај)
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.003
Поени од реакции
57.043
Севиља освојува. Ваљда научија нешто од лани :unsure:
 

|gor

Шмрчем амфетамин
Член од
12 јануари 2010
Мислења
1.421
Поени од реакции
2.503
Zs нема анкета?
 
Ф

Флеш

Гостин
Аталанта 3-0 .....Имаше 2 и више коефициент .....:tapp: А сакав да ја пишам на ливче ,на крај не ја ставив .....Т ебаамммм ......:mad::mad::mad::mad::mad::mad::mad::mad::mad::mad::mad::mad::mad::mad::mad::mad::mad:
 
Ф

Флеш

Гостин
Лион 1-1 ааааааа иронија ..... у задна 90:lolzz:[DOUBLEPOST=1505415226][/DOUBLEPOST]Као шо тргна резултати ....Вардар тепа 3-0:cool::cool::cool:
 

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.364
Поени од реакции
7.293
Не знам дали некогаш ќе се исполни капацитетот на стадионов , инаку добра атмосфера .
 

Kajgana Shop

На врв Bottom