- Член од
- 8 септември 2008
- Мислења
- 11.858
- Поени од реакции
- 10.230
Венгер многу добро знаеше под кои услови работи, и за кого работи. Самата идрја за Емирати е лично негова и пак ќе ти кажам, НИЕДНА одлука не е донесена без негово знаење, сите гнасни потези што ги влечел Кронке ги влечел преку имиџот на Венгер и поминувале многу побезболно, плански и свесно Венгер бил дел од тоа. Успесите на фудбалски план не ми паѓа на памет да му ги негирам, се е тоа негова заслуга ама нема ни да се правам луд за се друго што одработуваше за Кронке.Не го бранам само изнесувам реални факти и аргументи. Според мене грешка беше што го изградија Емирати, не требаше да го изградат во тој момент туку малку подоцна. Клубот имаше многу расходи и тука беше најголемиот проблем зошто не се трошеа пари на трансфери. Јас сум против газдите на Арсенал, тоа илјада пати го имам кажано. Еве зошто на пример немам аргументи нив да ги оправдам? Кој тренер и да дојде нема да може да се спротивстави на политиката на клубот. Венгер можеби во последните години ги загуби конците и немаше контрола на многу работи во екипата, но не заслужува да плукаме по него. Гледај го документарецот и слушни што имаат кажано голем дел од играчите на Арсенал за него. Па дури и еден Вилијам Галас кој не го обожаваше професорот, зборуваше многу позитивно за него и спомена дека е еден од најдобрите тренери со кои работел. А ова што велиш дека ниту една одлука без негово одобрување не поминала грешиш, бидејќи во поголем дел од случаите играчите се договориле со клубовите и кој е Венгер да им застане на нивниот пат. Тука најголеми виновници се газдите, колку и да го обвинуваш Венгер едноставно не е така како што мислиш.
Sent from my JSN-L21 using Tapatalk