Тука некаде се и моите претпоставки. Иако со цело срце навивам Тетекс да оди понатаму и ми е жал што нема да ја следам утакмицата во живо, али сепак сметам дека Вентспилис е преголем залак за нив. Имало вакви мечеви на македонските екипи. Кога имале добри први натпревари, па во реваншите почнувале фуриозно давале гол, имале безброј шанси и после биле торпедирани. Типувам дека тетекс ќе поведе со 1-0 но на крај нема да патува понатака, иако сеуште се надевам дека е можно да одат понатаму

За Работнички немам зборови. Отсекогаш ми биле антипатичлна екипа, и не се срамам да кажам дека не ми се прави мерак ако одат понатаму иако се преставници на македонија. Да имаа некој друг противник понатаму ајде, ама Ливерпул и целата таа фама која ќе се крене со македончињата кои ќе одат на стадион за да дркаат на Англичаниве, ми ствара голема одвратност. А и со ништо не заслужи Работники да продолжи. Ориентирани се на дефанзива, не мрднаа од шеснаесетник, овие имаа 3 сто процентни шанси од кога го пуштив стримот, но сепак тоа е најгзарската екипа од Македонија која на крајот ќе се провлече до дуел со Ливерпул :smir: