UEFA Champions League 2010-2011

  • Креатор на темата Креатор на темата ManUtdChampions
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе ја освои Лигата на Шампионите?


  • Вкупно гласачи
    171
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Кај не си во право па уште прпаш , зашто не му свирнаја 872317312887321 пенали зато! Сеа јасно ти е или тренираш ..?
И прскалките ги пуштија, затоа што не беше признаен чисти гол на Бојан.
 
Прскалките беа олицетворение на солзите
 
Ниту еден тим не е „голем“ во поразита, секогаш ќе се најде некој поединец, заради кој ќе се спомнува цел тим.
Зошто Челзи, поточно Дрогба не го прифати поразот од Барселона пред 2 години ? Туку се глупираше нешто пред камерите...

Има тимови кои се големи во поразите, ама Барса не спаѓа тука, жалам.
Како може бе некој редар или шо и да е, да помисли да ги пушти прскалките за инат, мислам поголема глупост неам прочитано. И за да биде трагедијата поголема немало некој претпоставен на тој редар да отиде да ги исклучи прскалките. Мислам, апсурд.
Само жално е, јас разбирам, тимот во кој ете божем играат "вонземјанци" беше треснат од земја од еден Интер. Па боли, епа боли.

И Челзи, поточно Дрогба беше казнет ако добро се сеќавам за тој испад пред камера.
 
Ај прскалките редарот му било криво и бил казнет наводно.
Ама Валдес да скока ко мајмун по Мурињо, да го брка, е тоа беше брука.
 
Ај прскалките редарот му било криво и бил казнет наводно.
Ама Валдес да скока ко мајмун по Мурињо, да го брка, е тоа беше брука.
Не е тоа се, еве една колумна, што и како се случуваше пред натпреварот:

Се случуваше низ нашиве села. По регионалните лиги. Доаѓа гостинската екипа со автобус. Пред воопшто да се симнат играчите, ги пречекува маса од 50-60 навивачи на домашните, кои малку им го нишаат автобусот во знак на добредојде. Откако гостите ќе си поседат така добри 30 минути во автобусот, опкружени со навивачи кои кои го гаѓаат со се и сешто, во автобусот влегува едно „официјално лице“ на домашниот клуб кое им го соопштува конечниот резултат на гостите.

Ако сето ова не е доволно гостинската екипа да ги разбере пораките, тогаш се преминува на втора фаза, која вклучува невиден притисок врз судиите од публиката и од играчите, притисок врз клупата на резервните играчи на гостите и груби стартови насекаде по теренот.

Оваа стратегија генерално, во над 95% од случаите вродуваше со плод. Инаку немаше толку често да ја користат некои селски екипи за кои се тврдеше дека со сигурност нема да изгубат и од најсилните европски екипи на свој терен.

Иако беше најавуван жесток пречек на Неразурите во Барселона, морам да признаам дека сум зачуден од методите кои европскиот и светскиот првак ги применува, а на кои некои наши третолигаши можат да им завидат. Да се разбереме, нема ништо лошо во носење мотивирачки маици, давање мотивирачки изјави, гласно навивање на стадион, паради по улиците... Но она што се случуваше вчера и во Барселона ги надмина границите на нормално однесување на било кој професионален клуб, и секако фрли црна дамка врз актуелниот фудбалски владетел во Европа.

Клубот домаќин во својот град треба да обезбеди услови за непречено одвивање на сите активности на гостинската екипа. Наместо тоа, се случија работи кои се незамисливи за натпреварување какво што е Лигата на Шампионите. Автобусот на гостинскиот тим беше гаѓан со се и сешто, автомобилот со кој Мурињо се враќаше од прес конференција беше нападнат, а капак на се, цела вечер беа фрлани петарди во ЕЛИТЕН ХОТЕЛ во кој што беа сместени Неразурите, и никој не презема ништо ова да се спречи. Многу играчи останаа без сон и Мурињо е бесен поради тоа.

Следната фаза е на Камп Ноу. Цела недела кружат повиците да се направи максимален притисок врз судиите од публиката и од играчите на Барселона. Во пракса, ова значи дека судиите ќе бидат бркани по теренот за секоја ситница. Дека Каталонците ќе паѓаат околу и во 16-никот и во истиот момент кога некој ќе падне, 5 играчи ќе сигнализираат кај судијата а публиката ќе станува на нозе барајќи прекршок. Секоја чест на нивното фудбалско знаење и квалитет, но фудбалерите на Барселона се познати „нуркачи“. Се случуваше и на првиот натпревар во Милано, оној кој заврши 0-0. Секогаш кога ќе изгубеа топка и Интер ќе тргнеше во против напад, еден нивни играч лежеше на теренот барајќи прекин на играта. Тиаго Мота го изјави ова пред некој ден, човекот одлично ги познава.

Се надеваме дека овој притисок нема да вроди со плод но ретко кога е така. Затоа не смееме да чекаме. Не смееме да се браниме и да се надеваме дека ќе има фер-плеј надигрување. Мораме да постигнеме гол, додека бркаат резултат, додека им гори под нозе. Мораме да ја повториме играта од Милано и да ги поразиме во секој поглед.

Мурињо не беше во право, кога изјави дека ова е фудбал, а не војна. Можеби така го доживува Интер, но не и Барселона. Во право беше сепак, кога рече дека финалето е сон за Интер, а опсесија за Барса. На играчите е да покажат колку е голем тој сон и да се вратат триумфално од Шпанија.
линк
 
Зад добриот коњ секогаш се дига прашина !!!

Толку имам да кажам !!!
 
Има тимови кои се големи во поразите, ама Барса не спаѓа тука, жалам.
Како може бе некој редар или шо и да е, да помисли да ги пушти прскалките за инат, мислам поголема глупост неам прочитано. И за да биде трагедијата поголема немало некој претпоставен на тој редар да отиде да ги исклучи прскалките. Мислам, апсурд.
Само жално е, јас разбирам, тимот во кој ете божем играат "вонземјанци" беше треснат од земја од еден Интер. Па боли, епа боли.

И Челзи, поточно Дрогба беше казнет ако добро се сеќавам за тој испад пред камера.
Кој? Манчестер? Ти како фан на Манчестер, треба да знаеш што прави Руни кога не му одговара резултатот. Пред некоја недела, не знам против кој игравте истото го видов и од легенда како Гигс.

За редарот, не знам да ти одговорам, немам никаква улога во Барселона.
 
Не, у право е Акси. Секој тим има по еден играч што не трпи пораз.

Е сеа, финтата е што у Барселона има еден играч кој ТРПИ пораз, а сите други се бунат, тепаат и плачат како тоа неправедно изгубиле затоа што имале 54367 пасови .
 
Темава да не е прекрстена во Фан-Клуб Барселона?
 
  • UEFA Champions League 2010-2011
  • Изгледа сум ја утнал темата.
 
Освен на кајгана форумот, никој друг жив на овој свет не ги помни прскалките на Камп Ноу. Разбирам дека секој клуб прави глупости, ама ја претеравте озбилно. Секој објективен ќе признае дека голот на Милито беше од офсајд, голот на Пике беше од офсајд и дека му поништија чист гол на Бојан. Навивачите на Барселона кои сеуште се опседнати со тоа, со двомечот против Интер најверојатно се болни, а навивачите на другите клубови кои се уште се опседнати со тоа се уште поболни и од навивачите на Барселона.

Прскалките беа олицетворение на солзите

А, кој рече дека немаше солзи:
Barca+fan.jpg

:'(
 
Освен на кајгана форумот, никој друг жив на овој свет не ги помни прскалките на Камп Ноу. Разбирам дека секој клуб прави глупости, ама ја претеравте озбилно. Секој објективен ќе признае дека голот на Милито беше од офсајд, голот на Пике беше од офсајд и дека му поништија чист гол на Бојан. Навивачите на Барселона кои сеуште се опседнати со тоа, со двомечот против Интер најверојатно се болни, а навивачите на другите клубови кои се уште се опседнати со тоа се уште поболни и од навивачите на Барселона.
И дека Милито искочи сам пред гол и беше суден непостоечки офсајд, и дека врз Маикон мислам беше таму десно имаше голема неправда, само не ми текиња што беше :), и плачипичкарењето на Бисквитс.. или не? :raz:
 
Кој? Манчестер? Ти како фан на Манчестер, треба да знаеш што прави Руни кога не му одговара резултатот. Пред некоја недела, не знам против кој игравте истото го видов и од легенда како Гигс.

За редарот, не знам да ти одговорам, немам никаква улога во Барселона.

А шо се правиш мудар и ја тераш темава у скорз друг правец.
Го спомнав ја некаде Манчестар или шо ?
Збориме за конктретна постапка шо не им доликува на најдобрите, условно речено.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom